Колку пристапот на една личност, ни одредува како да се однесуваме со истата?

Член од
4 август 2008
Мислења
48
Поени од реакции
0
Во животот познаваме и среќаваме многу луѓе, но со сите тие не се однесуваме исто.. Со поголемиот дел од тие луѓе не сме воопшто тие што навистина сме.. Со многу малку луѓе во животот, сме тоа што навистина сме.. можеме да се опуштиме и да се однесуваме нормално.. Значи дека нас не познаваат многу малку луѓе... Имаме роднини, родители, пријатели, сестри, браќа, претпоставени, другари, другарки, мажи, жени, соработници, познаници.. И кога ќе направиш споредба, со кој како се однесуваш, ниедно не се поклопува.. И што мислите со кого од сите тие, сте тоа што навистина сте.. со кого имате опуштен и вистински однос...?
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Добра тема. И навистина е така.

Уште од старт, при запознавањето со некого, вашето однесување зависи од неговиот пристап, од тоа како тој ќе се постави со вас. Неговото поставување пак, веројатно зависи од вашиот пристап, како ве доживува итн., некако тешко е да се оцени чие однесување (меѓу две личности) е тоа челното, што го усмерува однесувањето на другиот.

Понатаму, како подобро се запознавате, полека ќе почнете да го приспособувате вашето однесување со таа личност на вашиот карактер, на тоа какви навистина сте, па на крај ќе испадне некоја комбинација од тие двете.

Ова е нормално, никој нема константно однесување со секого. Мислам дека приспособувањето на пристапот на вашиот соговорник е клучен за согласувањето меѓу вас двајца, за добрата комуникација, и некако само по себе си доаѓа.

На пример, со некој кој е потивок и поповлечен од вас, потсвесно уште на старт ќе се поставите на супериорна позиција. Или, ако се најдете со некој поранлив од вас (доволно е и само маж-жена однос), ќе се поставите заштитнички. Со некој уште од старт ќе поставите физички близок однос, па ќе можете да го гушнете во секоја пригода без притоа да биде непријатно, а некои други ќе се постават како дистанцирани и поладни, па не би можеле исто да се однесувате и со тие.

Мора да се приспособуваме на однесувањата на луѓето околу нас, макар потсвесно, макар само во малите работи.
 

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Да одговорам на прашањето на темава-многу!Најбитна работа при нов контакт е првичната импресија.Ако некој ти делува вообразено,надмено,дрско сигурно нема со раширени раце да го дочекаш него клоцата у г'з и кај мајка му дома.Од друга страна ако наидеш на пријатна,добронамерна личност има основ за понатамошен муабет.
Во принцип,ние сме тие што сме,карактерно не се менуваме туку реагираме на стимулации од другите.Ако тие стимулации се за нас позитивни луѓето ја гледаат нашата добра страна,основаат добро мислење за нас и се создаваат пријателства.
Ако пак некој се постави лошо,ни излегуваат рогчињата и ја даваме на увид нашата не толку пријатна страна.
На крајот на краиштата и ова е чисто индивидуална работа.Има луѓе на глава да му рипаш он не реагира.А има и онакви што рипаат ко петлиња ако некој двапати ги погледне.:toe:
Многу народни поговорки се на оваа тема,кротото јагне од девет мајки цица,добар збор златна врата отвора...
Финтата е да се најде балансот помеѓу добрината и глупоста,да се знае што се сака у животов и да се знае како се доаѓа до тоа.
 
Член од
6 април 2006
Мислења
972
Поени од реакции
11
Me podseti na eden citat od 'War Inc.', za znachenjeto na zborot persona. Instinkotot na 'prisposobuvanje' kon sogovornikot, glavno e zaradi licna zashtita. A i zamisli ja dosadata koga bi gi nemale tie mentalni 'igri'. :smir:
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Во животот познаваме и среќаваме многу луѓе, но со сите тие не се однесуваме исто.. Со поголемиот дел од тие луѓе не сме воопшто тие што навистина сме.. Со многу малку луѓе во животот, сме тоа што навистина сме.. можеме да се опуштиме и да се однесуваме нормално.. Значи дека нас не познаваат многу малку луѓе... Имаме роднини, родители, пријатели, сестри, браќа, претпоставени, другари, другарки, мажи, жени, соработници, познаници.. И кога ќе направиш споредба, со кој како се однесуваш, ниедно не се поклопува.. И што мислите со кого од сите тие, сте тоа што навистина сте.. со кого имате опуштен и вистински однос...?
Ова прашање секогаш ми било интересно, сум се запрашувала и јас...

Нормално е различното однесување со различни луѓе. Во однос на болдираното, не, не се согласувам дека со некои луѓе НЕ сме тоа што сме. Освен ако глумиме, намерно - а тоа е веќе друго. Сакам да кажам, сечија личност е премногу комплексна, самата по себе се состои од повеќе различни ликови и однесувања така да мислам дека прав начин за осознавање на друга личност е да го набљудуваш неговото/нејзиното однесување во разни ситуации, всушност - со разни луѓе. Зошто преку комуникацијата човек доста осознава(други луѓе) ама и СЕ осознава(себе).
Дури ни човек сам за себе не може секогаш да знае како би се однесувал со извесен друг човек, зошто сепак, тоа е нова ситуација, нов лик за него. Затоа и себе-спознавањето трае цел живот.
 
Член од
24 септември 2008
Мислења
450
Поени од реакции
14
Да одговорам на прашањето на темава-многу!Најбитна работа при нов контакт е првичната импресија.Ако некој ти делува вообразено,надмено,дрско сигурно нема со раширени раце да го дочекаш него клоцата у г'з и кај мајка му дома.Од друга страна ако наидеш на пријатна,добронамерна личност има основ за понатамошен муабет.
Во принцип,ние сме тие што сме,карактерно не се менуваме туку реагираме на стимулации од другите.Ако тие стимулации се за нас позитивни луѓето ја гледаат нашата добра страна,основаат добро мислење за нас и се создаваат пријателства.
Ако пак некој се постави лошо,ни излегуваат рогчињата и ја даваме на увид нашата не толку пријатна страна.
На крајот на краиштата и ова е чисто индивидуална работа.Има луѓе на глава да му рипаш он не реагира.А има и онакви што рипаат ко петлиња ако некој двапати ги погледне.:toe:
Многу народни поговорки се на оваа тема,кротото јагне од девет мајки цица,добар збор златна врата отвора...
Финтата е да се најде балансот помеѓу добрината и глупоста,да се знае што се сака у животов и да се знае како се доаѓа до тоа.
Sosema se soglasuvam so ova. Prviot vpecatok e najbiten iako ne e sekogas tocen no ako e pozitiven togas sigurno se naoga zaednicki jazik.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Дефинитивно е така. Барем за мене комплетно вистинито.
Како човек којшто лесно поприма расположенија од други, секогаш ама баш секогаш се однесувам со другите онака како што ги чувствувам. Ако осетам позитивни вибрации одговарам позитивно, ако осетам негативни вибрации возвраќам со иста мера. Едноставно нивното однесување, како и она што го чувствувам не ми дозволуваат да се однесувам со личноста на некој поинаков начин колку и да го сакам тоа :toe:
 
Член од
23 март 2008
Мислења
685
Поени од реакции
165
I toa kako e biten pristapot za ponatamosnata sorabotka ili komunikacija so drugata strana.Ako e namkor logicno e deka nema da ti se dopadne ednostavno takov like iritira ili pak se smestil/a na 7 nebo moze od kurtoazija da go islusas i tocka, aod drugata strana koga ke vidis topla nasmevka vedar lik denot ti trgnuva na podobro.
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Да,и јас сум согласен дека пристапот е битен,ама јас по принцип си се вардам,затоа што првата импресија понекогаш ме залажува.

Затоа со нови личности се држам повнимателно.Додека не им ја ,,симнам,, маската,ако воопшто ја имаат.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Кој како ќе се постави со мене, така и се однесувам со него. Обично сум срамежлива на пример, ама некои луѓе со кои од прва сум била опуштена, зборлеста, насмеана. Многу зависи од човекот и од тоа дали е пријатен или не. Е сеа се согласувам дека со многу малку луѓе може да бидеме она што навистина сме. Можам комотно да кажам дека некогаш ми е страв да бидам она што сум, односно имам страв дека ретко кој би ме прифатил таква каква што сум, па така поголемиот дел од луѓето имаат впечаток дека сум само мирна, тивка, срамежлива, ама тоа е само еден дел од мене. Оние најблиските, кои ги познавам со години ме знаат таква каква што сум, ме прифатиле и пред нив што и да кажам не ме кочи, затоа што се навикнати на се и свашта од мене, па и глупости некои кои имам направено ги прифатиле нормално, нешто што некој што не ми е толку близок не би го прифатил најубаво.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
И тоа како е важен пристапот на другите за моето однесување ......
Не знам многу е важна напнатоста на лугето и јас сум ептен срамежлива повлечена личносто посебно со оние кои што не ги познавам доволно ... но има и исклучоци на пример ако ли4носта е отворена .. весела.. не нападна тогаш јас можам да бидам јас слободно да се искажам и да уживам во друштвото:pipi:
А ако личноста е премногу нападна тогаш кочам не давам свое мислење и ми се чини како сите теми за разговор да се потрошени ... а + и неудобно се чуствувам ....Сепак тоа не го покажувам оти веројатно припајѓам на групата на луѓе со се прилагодуваат на секаква ситуација се соцел на другите да му биди погодено ...:pipi:
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Многу ми е важно значи како соговорникот ќе пристапи кон разговор со мене. Ако е незаинтересиран, не зборувам за одреден муабет, туку општо тогаш ја ќе гледам да го заинтересирам ама после се откажувам кога ќе видам дека залудно го трошам времето. Ако е ладен и пази што зборува исто и јас, нормално. На пример имам другарки кои стварно се тоа што се кога се со мене, се познава тоа, и јас сум истата јас. Има некои кои живеат под стаклено звоно и им треба време за да ги прифатат работите, е со нив се е на полека, постепено, сепак пак сум јас нормално. Во сите ситуации сум јас, во сите ситуации ставам бариера и велам доста е, додека не продолжи другиот соговорник.
 

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Дефинитивно е така. Барем за мене комплетно вистинито.
Како човек којшто лесно поприма расположенија од други, секогаш ама баш секогаш се однесувам со другите онака како што ги чувствувам. Ако осетам позитивни вибрации одговарам позитивно, ако осетам негативни вибрации возвраќам со иста мера. Едноставно нивното однесување, како и она што го чувствувам не ми дозволуваат да се однесувам со личноста на некој поинаков начин колку и да го сакам тоа :toe:
Се согласувам, а ќе додадам...сите добиваат онолку колку што даваат, без разлика дали ќе го согледаме тоа или не.
Јас со различни луѓе се однесувам различно, баш поради нивниот пристап. Обично чекам кратко да видам некоја реакција според која ќе проценам, или се обидувам јас со мојот начин на пристам и тогаш веќе ја имам вистинската реакција и вистинската слика....и нема што да му ја мислам понатаму, делувам во согласност со тоа
 
С

Сатори

Гостин
Во животот познаваме и среќаваме многу луѓе, но со сите тие не се однесуваме исто.. Со поголемиот дел од тие луѓе не сме воопшто тие што навистина сме.. Со многу малку луѓе во животот, сме тоа што навистина сме.. можеме да се опуштиме и да се однесуваме нормално.. Значи дека нас не познаваат многу малку луѓе... Имаме роднини, родители, пријатели, сестри, браќа, претпоставени, другари, другарки, мажи, жени, соработници, познаници.. И кога ќе направиш споредба, со кој како се однесуваш, ниедно не се поклопува.. И што мислите со кого од сите тие, сте тоа што навистина сте.. со кого имате опуштен и вистински однос...?
Си дозволувам секогаш себеси да го диктирам односот во кој што влегувам, иако тоа е правопропорционален однос, со текот на времето научив како да ги контролирам одредени сегменти од релациите во кои што навлегувам со луѓето.
Првенствено, не сите ни се доволно блиски за да го видат она што сме, довербата игра клучна улога, потребата од прикажување на она што изгледа прифатливо во моментот.Она што може да го задоволи конзумерот, тоа е една од најголемите протекции кои што една личност може да ги добие за да избегне одредени животни ситуации.

Опуштен и вистински однос, веројатно јас немам ни со сама себе, а не со некој друг, но има моменти кога сум доволно луцидна за да можам да прикажам вистински делови од себеси без да ги маскирам со милион и еден имагинарен дел.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Најчесто се раководам од впечатокот на првиот контакт, дали ќе навлезам повеќе или ќе останам на отстојание со особата ,но морам да признаам дека се имам и излажано во првиот котакт, за покасно да откријам дека личноста воопшто не е таква каква ја замислив и да воспоставам со неа добар однос . Многу често зависи и како сме расположени за нови познанства,Секогаш го дозирам почетокот односно сум малку резервирана но потоа знам да бидам многу отворена и искрена.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom