Секојневно гледам вакви луѓе, неблагодарни, веројатно самиот човек е по природа неблагодарен. Ако му дадеш леб, ќе побара погача, ако немаш погача, ќе те мавне со камен. Рани куче да те лае.
Понекогаш не мора којзнае колку да ја изкажуваш благодарноста, но треба да ја цениш личноста што ти помогнала на ваков или таков начин. Колку повеќе ти дава некој, толку повеќе бараш, синдром на вечно незадоволство од даденото. Наречето го тоа користољубивост, наречето го тоа лакомост, значи тема пак поврзана со човековата себичност. Дали е заблуда на неблагодарниот дека е тој супериорен во однос на оној кој дава?
Колку пати сме виделе богати "деца" кои убаво ги исцедиле своите родители, а потоа ги третираат истите како недостојни за почит? Ова е нешто како проблем на денешницата, кога родителите се обидуваат да ја "купат" љубовта од децата, а децата прераснуваат во разгалени, не знаат да го почитуваат тоа што го имаат, тоа што им е дадено а е заработено со труд...Како да не се цени ни вложениот труд, ни помошта, ни жртвата. А и потоа по созревањето, истите овие луѓе ќе си останат зависни од "изворот", со потенцијал да станат само паразити на општеството.