Колку луѓето знаат да ценат?

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Не знаат.... Не сите, ама повеќето не знаат да ценат, секоја чест на оној што знае....
 

Ivy_K

/
Член од
29 мај 2006
Мислења
1.206
Поени од реакции
16
да , значи внимателно пред не некој да му направиш услуга или едноставцно да подариш другарство!
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Има и такви кои ценат и најмал гест на добра воља и прушена помош но има и такви на кои и цел свет да им го дадеш, нема да се задоволни и нема да го ценат тоа!
 

OFcp&&&

МИСЛИТЕЛ
Член од
18 ноември 2007
Мислења
239
Поени од реакции
0
Знаат,ама многу луѓе не го применуваат тоа знаење....

Секој знае да цени!!!!
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Па поголем дел не знаат,ама се обидувам јас да не сум таква како нив.А ако покажат благодарност кон нешто сум направила за нив тука сум им секогаш кога им требам,а ако не ке размислам дали треба да направам некоја работа за нив повторно.Можеби и јас сум била неблагодарна некогаш но тогаш се извинувам и сигурно било ненамерно.
 

mUv@ ThE DoGg

oLd ScHoOl PerSoN
Член од
29 септември 2005
Мислења
363
Поени од реакции
5
Зарем постои уште зборот ,,фала,,??:nesvest:
аууу, одамна го немам слушнато....какво ценење беее, се трудам цел живот за некои работи, за што??.....за на крај да излезам секогаш најглупавата....СЕКОЈА ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИТЕ, ама ендемични се...
Постои зборот фала сеуште, почнав многу да го користам. Тоа е работа на култура сигурен сум, и секој го има во себе само не е навикнат да го користи затоа што воопшто не ни го слушаме во секојдневнието, ама се учи да се вели фала и се учи да се цени, и до најмала работа, во секој случај дека треба да имаш нешто и во себе, т.е. таа особина за ценење само можи да е закопана, треба малце да се поткопни надолу и таа е тука
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
лугето според мене најчесто ги ценат работите што ги немаат или што ги изгубиле...колку е помагичен некој предмет или некоја личност додека не ја добиеме???што се однесува до второто тоа е уште потешко-како што велат старите најлошп е да имаш па да немаш...
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
:helou: КОлку лугето знаат да ценат, зависи од многу нешта . Од нивната индивидуалност,воспитување, култура на однесување . Но вистинското ценење на работите настанува со текот на животот ,со соочување со тагата со радоста ,судирите со др.луге, проблемите од најразличен карактер,Тогаш почнува да се развива чувството за ценење на работите ,здравјето, слободата на живеење, нештата што др.ги направиле за нас , родителската грижа,искрениот пријател, радоста и уште многу мали нешта кој за нас стануваат големи како и за лугето околу нас.:smir: :smir: :smir:
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Од кога духовно се настроив во се си верувам ... освен во оние работи кои што сеуште имам потреба да ги згазам, но ...

Луѓето кои што ти се блиски, оние што те познаваат со сите мани и доблести се оние кои што знаат да те ценат и да го ценат тоа што си направил за нив.
Ретко се налетува на некој што знае нешто да вреднува уште при градењето на односот затоа што благодарноста како форма полека но сигурно се губи.

Сепак ако ја изгубиме вербата, тоа е како да сме ја изгубиле и ние нашата лична доблест нешто да цениме.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Ретко се налетува на некој што знае нешто да вреднува уште при градењето на односот затоа што благодарноста како форма полека но сигурно се губи.
А што ако не е до него? Што ако ти при градењето на односот не си успеала другиот да види дека треба да цени нешто? Што ако ние самите не сме се потрудиле доволно за човекот да види што има да се цени? (не мислам на ценење на личноста, туку сето она што таа вложува во односот)
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
64
`Кој како со мене така и јас со него,секој по својата заслуга` е моето мото за оваа тема!Ценам кога го ценат тоа што го правам за нив,кога ќе речат фала и кога и тие некогаш ќе го примат моето фала!А у принцип се дружам со луѓе што ме ценат и сакаат,другите не се за мене другариloly:
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Има луѓе што ценат...Малку се,ретки. Во мојот свет,опкружен сум со оние другите,што не знаат да ценат. Онака безвеза за се
 
С

Сатори

Гостин
~*~

А што ако не е до него? Што ако ти при градењето на односот не си успеала другиот да види дека треба да цени нешто? Што ако ние самите не сме се потрудиле доволно за човекот да види што има да се цени? (не мислам на ценење на личноста, туку сето она што таа вложува во односот)
Затоа како предиспозиција за градење на однос, не само на слаба релација која што си има своја природа која што не секогаш подразбира ценење на другата личност, се поставува еден мал круцијален факт дека мораш да ја почитуваш и цениш личноста со која си се решил на однос.
Ако ти не си пружил некому причина за тоа, тогаш зошто тој некој воопшто и би се обидувал?
Некои работи сами по себе се подразбираат без да се кажат.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Не ценат, ама не ми е гајле. Јас секогаш работите си ги расчистувам со себе и во себе. Моја задача е некому да му помогнам доколко таа личност тоа го побара од мене и доколку јас чувствувам дека треба да и помогнам. Ако не ми врати соодветно или не ме испочитува (и мојата услуга) негов проблем, не мора. Од искуство можам да кажам дека работите и не стојат толку лошо. И јас сум била со ,,предрасуда,, дека лугето се неблагодарни, ама сум наидела и на позитивни примери кои ме изненадиле. А, што се однесува до неблагодарните не ме изненадуваат, не ме повредуваат, секојдневие се, не ја трошам енергијата на нив, од мене добиваат уште помала почит, баш ми е интересна нивната некултура, и во иднина го насочуваат мојот однос кон нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom