- Член од
- 8 јануари 2013
- Мислења
- 5.056
- Поени од реакции
- 12.937
Друже искрено немаш потреба од пешачење повеќе од секојдневното. Има луѓе што пешачат со цел да ослабнат, бидејќи тоа е најлесен, најдобар и најбазичен начин за да се почне со слабеење, бидејќи ако се тргне со други начини како точак или трчање, со кои би изгореле повеќе калории за дадено време, истите тие луѓе побрзо многу би се умориле и би осетиле значително повеќе напор, ако е со трчање и колена/зглобови би страдале од прекумерна тежина. Но, ти немаш ваков проблем, велиш дека си атлетски граден и физички активен цело време, дека сало не се фаќа за тебе, зошто ти би се замарла со километри чекори при пешачење? Само продолжи да си физички активен и со тоа покриваш и одењето. Пример ако трчаш десет километри дневно, а некој човек ти рекол дека десет километри дневно треба да е просек во одење, не треба дома кога ќе се вратиш од трчање, да ти е во главата дека треба уште десет км да одиш, тоа ми беше муабетот, немаш потреба од никакво дополнително одење и замарање со километри во пешачење.