Колку е штетен стресот?

ReNaTa

-SHY- girl
Член од
1 декември 2007
Мислења
240
Поени од реакции
6
Stres se sovladuva so edna dobra meditacija sto se uci so joga ili bilo sto.[/quote

даа баш така спиритуална јога и техниките на медитација:helou: ептееен помага!! -проверено:smir:
 

ReNaTa

-SHY- girl
Член од
1 декември 2007
Мислења
240
Поени од реакции
6
Често се соочуваме со стресни ситуации како проблеми на работа, фаx, во однос со други луѓе, во сообраќај, со загуба или смрт на некој близок итн. Сите тие проблеми можат да предизвикаат силни емоционални реакции или во краен случај, психичка траума. Стресот иако изгледаа како последица на некоја надворешна случка, тој не може да биде предизвикан од надворешна причина.Тоа што го предизвикува стресот е всушност нашето согледување на сите тие проблеми. така некои вознемирувања доведуваат едни особи до стрес, но не и други што зависи од нивната личност, и нивната емоционална реакција.Значи основниот извор на стрес не е надворешната околина, туку реакцијата на нашата свест или потсвест на тоа. Ние самите го креираме нашиот личен стрес и спрема тоа само ние можеме да сториме нешто во врска со него како на пример, ако стресот веќе се развил, да се осободиме од него со помош на енергетски третман -медитација и слични медитациони техники...
Стресната реакција е психо-соматска (психа-ум, сома-тело) бидејќи е состојба на умот која ги рефлектира своите симптоми на телото. Некоја надворешна случка предизвикува емоционална реакција во умот, која за возврат ја потиснува или складира како психичка (биолошка) тензија или стрес во телото.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Според мене стресот е проблем што највеќе може да ти го поремети животот,да те измести од колосек и да доведе до поголемо нарушување на биоритамот.

Имено подолго време изложеност на стрес може да доведе до намалена концентрација, измореност, омалакасаност, несоница или заносеност во спиење, депресија.... и како што напоменав сево ова може да резултира со комплетно променет начин на живот.

Јас ќе тргнам од себе: До скоро бев човек кој спаѓаше во онаа група на луѓе кои воопшто не се изложени на стрес и воопшто се не нервирав и максимално добро ми беше така и искрено не можев да ги сфатам луѓето кои се жалеа дека стресот им влијае.
Но, со промена на работното место се променија работите, сега спаѓам во група на оние луѓе кои постојано се изложени на стрес, тешко ми е да се навикнам и прилагодам на тоа и сево ова ми има ненормално големо влијание врз начинот на живот и врз здравјето-ненормално многу пореметување чувствувам.
 

ReNaTa

-SHY- girl
Член од
1 декември 2007
Мислења
240
Поени од реакции
6
НАУЧНО ЗАСНОВАНИ ФАКТИ ЗА СТРЕСНАТА РЕАКЦИЈА КАКО ИЗВОР НА НАЈМНОГУ БОЛЕСТИ:

1. Медицинските истражувачи од Медицинскиот Колеџ на Университетот Корнел ја нарекуваат стресната реакција како најголем медицински и социјален проблем денес во САД. Ова со сигурност се однесува и за најголем број други земји.
2. Меѓу 80% и 90% од сите болести се предизвикани од стрес. Други истражувачи веруваат дека сите болести-најмалку делумно-се резултат на стрес.
3.Стресната реакција е поврзана со 6-те водечки причини за смрт- заболување на срцето. канцер(рак), белодробни заболувања, несреќни случки, цироза на црниот дроб и самоубиство.
4. Следниве состојби се познати како состојби кои се поврзани со стресната реакција:
Централниот нервен систем
-Анксиозност (нервоза), депресија, малаксаност (умор), главоболки (хронични)
Кардиоваскуларниот систем
- Ослабена функција на срцето, може да предизвика ангина
- Стегнатост на периферните крвни садови, со што се покачува крвниот притисок, хипертензија
Дигестивниот систем
- Стомачни проблеми,чир, диареа, гастритис, пробавни чирови
- Синдром на иритирани црева (цревни проблеми), гноен колитис
- Рак-рани во устата
Респираторниот систем
- Астма
Скелетно мускулниот систем
- Тензија во скелетот, мускулите и зглобовите кои доведуваат до болки во грбот, мускуларни грчеви и болки
-Предиспозиција за артритис, дегенеративни болести како ревматичен артритис
Имунолошкиот систем
-Ослабена одбрана со пониска отпорност на инфекции
-Постојано чувство на студенило
-Вирусни заболувања (често како последица на осабениот имунолошки систем)
-авто имуни болести
-алергии
-малигни промени на клетките, канцер
Ендокриниот систем
- менструални пореметувања
- тироидни пореметувања
- намалена функција на адреналинот
Репродуктивниот систем
- Неплодност, менструална нередовност, предменструален синдром, импотенција, предвремена ејакулација
Кожата
- Егзема, псоријаза, осип
Генерално : Диабетис (возрастен настап -Тип2), дегенерација на ткивото, забрзано стареење.
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
многу лошо, дека нели ако си под стрес обично и нервозите следат, така почина другар на татко ми на млади години, се нервираше за се и сешто и безвезе беше под стрес типот.
како што казаа погоре мозе да се казе дека стресот е како свеќа што гори од двете страни
 
E

`EsCaPe`

Гостин
Еве пример , јас поради стрес си закачив триста болести , и хормони ми се пореметија , имав проблем со јајниците и менструалниот циклус ми беше пореметен ..Среќа сега се ми помина , ама тогаш кога бев по доктори ваму-таму , ми кажаа дека се тоа ми е од стрес.
 

Gabu

Les Paul
Член од
26 април 2008
Мислења
75
Поени од реакции
7
Стресот е многу штетен за човекот затоа што сите болести настануваат од преголем стрес :toe:
 

ReNaTa

-SHY- girl
Член од
1 декември 2007
Мислења
240
Поени од реакции
6
нема опција измени па ќе продолжам тука со фактите:)
5. Околу 100 милиони Американци во САД страдаат од болести предизвикани од стрес.
6. Од 75% до 90% од сите пости на лекар се поврзани со стрес и нервоза
7. Секоја година, над 50% од смртноста во САД е резултат на болести поврзани со стресната реакција
8. Анкетите покажуваат дека над 25% од работната сила во Америка страда од претеран стрес и анксиозност. 15% од Американската популација има анксиозни пореметувања, а 20% од Американците страдаат од несоница предизвикана од стрес.
9. Стресната реакција, кога е многу силна резултира во артериосклероза (стврднување на артериите), инфаркт, мозочен удар и самоубиство
10. Бидејќи стресната реакција го исцрпува горивото, хормоните, имунитетот, ензимите (и другите хемикалии) и неуротрансмитерите во телото, тоа се манифестира со следниве симптоми: слабо варење, респираторни проблеми, сексуална дисфункција, дисфункција на нервниот систем и проблеми со централниот нервен систем како мускулни грчеви, нервоза, лош сон.
11. Според објавената студија во Вол Стрит џурнал, меѓу илјадници надзорници во 46 компании, преку 70% имаат проблеми предизвикани од стрес. Тие луѓе во просек по човек трошат околу 3 пати повеќе пари за здравје отколку другите луѓе. Оваа статистика го прикажува значењето на стресната реакција во креирање на здравствени проблеми и на недоволноста на превентивната медицина во нашата сегашна култура.
12. И покрај недостатокот од превентивна акција, повеќето лекари се мошне свесни на директната поврзаност меѓу стресот и болестите. Во зависност од природата на болестите-од обична настинка до канцер
13. Истражувачите од Медицинското Училиште Mount Sinai од Њу Јорк, откриле дека вдовците имаат нагласено ослабена функција на лимфоцитите (имунитетни клетки) два месеца после смртта на нивните сопруги.Вдовците над 55 години имаат 40% повисока смртност во првите 6 месеци после смртта на нивните сопруги отколку невдовците на иста возраст.
14. Истражувањата покажуваат дека стресната реакција е главниот причинител на КАНЦЕР.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.715
Поени од реакции
11.554
Не сум бил под стрес, па затоа неможам да кажам, ама ваљда е штетен, шознам...
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
20 совети против стрес

Стресот стана дел од нашиот секојдневен живот и многу е тешко да се избегнат сите стресни ситуации. Сепак, треба да се обидеме стресот што помалку да...



...влијае на нашето здравје.

Ова се дваесет совети кои може да помогнат во борба против стресот.

1. Овошје. Во исхраната користете што повеќе овошје и природни сокови без шеќер. Го препорачуваме следново овошје: авокадо, фстаци, бадеми, ореви, портокали, лимони...

2. Зеленчук. Свежиот зеленчук е извор на здравје и помага во борбата против стресот. Го издвојуваме следниот зеленчук: спанаќ, брокула, салати, зелен зеленчук.

3. Препорачана исхрана. Во исхраната треба да се користи лесна храна. Овесните снегулки, лососот, овошјето и зеленчукот, се идеални за да се надмине стресниот период.
4. Непожелна храна и пијалаци. Доколку сте под стрес, уморни, нервозни и раздразливи или очекувате стресни и напорни ситуации- избегнувајте во тоа време „силна храна“. Во непожелна храна спаѓаат газираните пијалаци, вештачките засладувачи, јаки зачини, солени јадења, кафето и алкохолот. Неповолно на стресот делува и јако, мрсно месо, грашок, грав, сос, црвена зелка и мешункаста храна. Ваквата храна намалете ја за време на стресниот период, но нејзините позитивни ефекти на здравјето не треба да се избегнуваат во редовната исхрана.

5. Витамини и минерали. Против стресот поволно делуваат: витамин Ц, витамин Е, витамин Б, магнезиум, фолна киселина.

6. Прошетка. Прошетката од десетина минути до половина час делува позитивно на здравјето, бидејќи така се смируваат нервите, размрдуваат и опуштаат мускулите. Покрај тоа, прошетката поволно влијае на линијата и крвните садови.

7. Хоби. Тоа може многу да придонесе за подобрување на нашето здравје, за жените вез или плетење, за мажите вкрстени зборови или судоку, или пак читање добра книга.

8. Работа во градина и на тераса. Секои два – три дена или барем еднаш неделно одвојте време да го средите цвеќето на терасата или во градината. Оваа работа смирува и опушта.

9. Одмор. Многу е важно да водите сметка за одморот. Од секојдневните обврски и активности често пати забораваме дека треба да одвоиме време за дневен, неделен и годишен одмор.

10. Дневен одмор. Паузите и редовното ноќно спиење преставуваат биолошка потреба, без разлика и важност на нашите обврски. Тука може да помогне седењето (барем десетина минути дневно) на тераса или во двор, по можност со тивка музика. Кој има можности, препорачуваме десетина минути седење во парк или покрај река.

11. Неделен одмор. Тој е многу важен, иако многу често во недела имаме обврски кои треба да ги завршиме. Важно е да се организираме во текот на викендот да се собере семејството барем на кратко време.

12. Годишен одмор. Во траење на десет до петнаесет дена, поволно делува на организмот, како да сме ги „напониле батериите“ за нови активности. Најдобро е , секако доколку имате можности, да имате два одмори од по 7-10 дена и тоа еден во зима а другиот во лето.
3. Цигари. Тие само привидно го намалуваат стресот, а всушност само ја зголемуваат раздразливоста и неповолното влијание на стресот и нашето здравје.

14. Седативи и дрога. Седативите поволно делуваат само во екстремни стресни ситуации, но треба да се земаат само под строга контрола на лекар. Долготрајното самоиницијативно земање може да создаде зависност и неповолно да влијае на здравјето. Тој негативен ефект е ист и кога се во прашање наркотиците.

15. Чај. Ритуалот, пиење чај, смирува. Особено е корисно ако против стресот се користи соодветен чај: од ѓумбир, нане, камилица, липа...

16. Јога. Со јога вежбите можат сите успешно да се борат и против дебелината и против стресот, но и против многу болести.
17. Цвеќе. Цвеќето во непосредна близина го ублажува стресот, па затоа е добро да се имаат мали оази со цвеќе во собата, на тераса, на прозорот или во канцеларија.

18. Организација на времето и просторот. Организирајте се така што ќе ги распоредите задолженијата на начин кој нема да ви предизвика стрес. Станувајте на време, за да не брзате и да се нервирате затоа што доцните. Уредете ја работната маса или работната површина во кујната пред да почнете со работа.

19. Осветлување. Потрудете се работниот простор да ви биде убаво осветлен, а не мрачен. Најдобро е работните и дневните простории да ви бидат осветлени со дневна светлина, а доколку нема доволно дневно светло, светилките можат да помогнат.

20. Итно и важно. Научете на некои луѓе да им речете „не“. Испланирајте што ви е важно, а што може да се одложи за друг ден.
 
Член од
2 август 2009
Мислења
1.739
Поени од реакции
136
Најлесно се спречува стресот со размислување пред да влеземе во некој конфликт кој ќе ни го донесе тоа, притоа добро ми оди во одбегнувањето на истиот.
 

DemijanaX

Sama se farbam!!
Член од
12 март 2011
Мислења
32
Поени од реакции
8
Stresot e najcesto vinoven za psiho-somatskite zaboluvanja kaj lugjeto, ete na primer sekernata bolest i cirot se najcesta pojava, nus-pojava da ja nareceme na stresot. Na primer covekot koj nekoja rabota od negoviot zivot ne moze da ja "svari" posle podolgo soocuvanje i nemozenje da se spravi so istata zaboluva od cir. Stresot go opagja imuniot sistem kaj covekot.
Tivok ubiec vo posledno vreme se pocesto go narekuvaat.
Odenje na ispit i ne znam nekoi takvi situacii pretstavuvaat momentalen stres. Megjutoa toj i ne e taka opasen za razlika od hronicniot stres. Mnogu lugje i ne se svesni deka se postojano izlozeni na stres, zaradi sekojdnevno soocuvanje so istiot izvor na stres, i do tolku se naviknale na toa sto stresnosta im stanuva normalna sostojba, i skoro zaboravaat kako e da ne si napnat. Tokmu tie lugje se soocuvaat so hronicen stres.

Isto taka stres za organizamot e neredovniot zivot, neredovnoto spienje izmesteniot bioritam itn... kaj zenite koi sto se cesto izlozeni na stres , PMS-ot e redovna pojava.
pogore vidov nekoj clen imase iskomentirano deka ne ni znae sto e toa stres :) jas ke kazam , blaze si mu :)
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Помалку од радијација, повеќе од настинка...
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Стресот во повеќе студии е докажано дека предизвикува куп болести, пореметување на хормоните, дијабетес, како што спомнаа погоре, несоница која води до други здравствени последици, срцеви болести, алергии, псоријаза, па дури и рак.
Има еден добар документарен филм од National Geographic се вика Stress - Portrait of a Killer, супер се објаснети дел од последиците на стресот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom