Колку децата се важни за да успее еден брак?

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
мислам дека децата не се битни за во бракот затоа што пред се рпдителите треба да имаат љубов меѓу себе..најбитно е тоа...
За тие што не можат веќе да имаат деца...сепак и за нив постои решение можи да си посвојат и пак да си продолжат со својот заеднички живот...ако некој се разведи ради децата шо не можат да ги имаат мислам дека не постоела меќу нив љубов...
 
Б

Бат Елохим

Гостин
,ако се толку свесни родителите...за децата да не им страдаат,да не останат без родител..сепак ке пробаат да останат во врска па кој знае можеби ке им успее...се заради децата...
Погрешно! Ако се свесни родителите дека не иде, ќе се разведат како луѓе, и ке си имаат нормални човечки односи, заради децата!
А ако само пробуваат да бидат заедно, како ќе успеат ако нема љубов?
како ќе расне некое дете во дом без љубов.. ќе му се сервира илузија... што нормално детето ќе ја чувствува...а можеби и ќе мисли дека е заради него.
Подобро е да живее со еден родител, нормално да комуницира и со другиот, и сето тоа квалитетно. одошто живот заедно без квалитет.
 
S

Sweet666

Гостин
прво бракот треба да функционира без деца... децата не се никаква врска во односот БРАК. децата се во односот СЕМЕЈСТВО. така да ич немаат врска со дали ќе биде бракот успешен или не...

Точно, прво да функционира без нив.. Но кај нас некако обратно идат работите... Прво деца раѓаат и после доаѓаат проблемите. А на крај страдаат само децата..
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
не се битни децата за еден брак да е добар,може да си мисли некој дека ако има дете ке има и љубов,во тоа ке се разуверат кога ке добијат дете,зошто за нив треба повеке живци и толеранција+ако и бракот не чини...за срека во мојот сеуште постои љубов:vozbud:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Разграничете брак од семејство... Бракот е заедница од двајца, која може да опстои и без деца. Прилината за бракот не се децата туку е љубовта помеѓу партнерите. А децата се последица на бракот, кои приота создаваат семејство.Така да, децата не се многу битни во успевање на еден брак, се доколку не стапуваме во брак со цел дека мора да се има деца, без притоа да знаеме дали партнерот е способен или не...
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Јас мислам дека децата се многу важен фактор за да успее еден брак, мислам дека тие ствараат поголема блискот помеѓу партнерите, а и што е поентата да се има брак без потомство, сеа кој како гледа :toe:
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.839
Поени од реакции
20.314
И има и нема, зависи кај кого како , сите мислиме дека ако има љубов да ќе опстои бракот и без деца, арно ама колку ќе биде од љубов година, две, па и десет, потоа што....
Сепак се знае за да еден брак продолжи и се развива сигурно играат голема улога и децата родени во него, тоа е блискот која уште повеќе ги врзува партнерите, знаат дека тоа нешто произлегло од нив двајца од љубовта нели, која вродила со плод, епа ако има поубав момнет од тоа незнам, а да нормлано дека ако не постои љубов, ако огорченоста и некомпактибилноста постојат и се гледаат, тогаш џабе се деца, мислам дека таквите бракови брзо им се гледа крајот, а и можеме да бидеме сведоци на други ситуации во коисе е како што треба, нели љубов, деца, арно ама после долги години завршуваат со крах, за да не ја носиме темава во неповрат, велам многу фактори зависат за еден брак да опстои и да има драж, како што љубота е почетното, децата го прават трајното.
 

LiGLaTa

PartY AnimaL =)
Член од
10 јуни 2008
Мислења
310
Поени од реакции
10
Според мене децата не се битен фактор да опстои еден брак... Пред се е разбирањето и љубовта помеѓу партенритее.. ! Паа сегаа.. можеби некој неможе да има деца од здравствени причинии.. Така да мислам дека тоа не е важен елемент за да опстои еден брак.. ! Инаку ете пример би ги земала едни пријатели на моите.... тие немаат деца па еве веќе 26 години се во брак.. :pipi:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Децата не се мерило за успешност во еден брак.
Децата можат да зацвртат еден стабилен брак помеѓу двајца брачни партнери.
Но во нестабилен брак децата тешко дека ќе постигнат тој брак да се подобри и зацврсти.

За еден брак да е комплетен навистина потребна е детска смеа, детски палавости, родителската грижа, родителското воспитување, јас не го гледам бракот без деца во него. Многу себично е да се избере живот со партнерот без притоа да се има дечиња. Сега друго е да не можат да имаат деца, но постојат алтернативи како посвојувањето. Барем мене досаден би ми бил животот кога би немала потомство и некој за кој ќе живеам.

Но ако веќе еден брак уште на почетокот не функционира добро и брачните другари посакуваат деца за да го подобрат нивниот брачен живот, тоа не значи дека ќе им успее. Можеби со децата ќе имаат уште поголеми проблеми. Брачните другари и како двајцата не можат да функционираат добро, а камо ли плус дечиња кои ќе ги зголемат проблемите и ќе се воочи нефункционирањето на тоа семејство.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Неможам стварно да кажам дека се мерило децата за успешен брак...ама ако е се во ред со брачните партнери би требало таа нишка помеѓу нив што ја имале децата да им ја направат нераскинлива.Со тоа би се основала силна фамилијарна заедница.Не знам...ова е мое мислење сега,можеби стварно децата ќе ми дадат неопислива радост ама па ако не се согласувам со брачниот партнер мислам дека ништо не може да помогне.
 

tomislayer

Елегантно дебел =)
Член од
18 ноември 2008
Мислења
1.482
Поени од реакции
82
Ич! Ако се сакаат мажот и жената не им требаат деца за да го сватат тоа! Не ме сваќајте погрешно! Децата се нешто најубаво! Ама не се потребни тие за да сватат дека се сакаат! Поубаво деца заради љубов него љубов заради деца!
Ако бракот го држат само децата... да ти ебам бракот ондак! Џабе е коа и на децата нема да им биде убаво у такво семејство да се!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom