Колку децата се важни за да успее еден брак?

Член од
13 февруари 2007
Мислења
5
Поени од реакции
0
Da toa e temata na koja sto sakam da se otvori diskusija .Koga mislam na toa kolku se bitni decata vo brakot mislam dali eden brak bi mozel da uspee i bez deca i kako.Imame mnogu primeri koga nekoj par poradi X pricini nemozat da imat deca i doaga do razveduvanje sto po moe mislenje e neispravno.Mislam deka od sekoja situacija ima izlez samo treba vreme i trpenie site raboti da si dojdat na mesto.Na sekoj problem ima resenie samo treba mnogu tolerancija i mnogu zivci...
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Da znaete deka ne se bitni. Ili ako na edniot mu se bitni, na drugiot moze da ne mu se.
-Jas 3 imam pa ne mi uspea brakot so majka im:)
 

Птичји Грип

Без влакна на јазикот!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
770
Поени од реакции
8
Децата имаат голема важност, но за тоа дали ќе успее еден брак или не,зависи само и единствено од правилниот избор на партнерот/ката.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
гледајќи ги како идат долгогодишните врски на некои мои постари познаници, согледувам дека има растечка тенденција да луѓето воопшто не ни склучуваат брак, односно официјализирањеот на нивната врска се се избегнува поради што се чувствува како некој вид стега, па помило им е заедно да живеат и се да прават ко во брак а да не се официјално венчани, може се коси со традицијата ама го има истиот ефект ко да се венчани, евентуално кога и двајцата во врската имаат стабилно работно место и направат деца, тогаш поради би стапиле во брак, официјално ама предимствено поради економските предности и субвенции што се добиваат кога си со придавка венчан, а не ради тоа што се сакаат, бидејќи љубовната врска може и без брак да живее.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Паааа, мислам дека за успешноста на бракот, имањето деца игра најмала улога.
Ако партнерите имаат љубов, ако постои некоја хемија меѓу нив, децата не се воопшто причина за брак, или причина за продолжување на тој брак, макар што често се употребуваат како аргумент за продолжување на брачна врска во која партнерите се гушат и се мачат еден со друг, а и со самите себе.
Затоа, мислам дека бракот не е за децата. Партнерите се тие кои се најбитниот фактор за да еден брак постои.
Љубовта кон детето е друго нешто!
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Доколку двајца доволно возрасни и зрели луѓе стапуваат во брак затоа што сакаат да се заедно до крај на својот живот (малку потешко тоа), децата се најмал фактор за тој брак да биде и остане каков што би требало да е.
Како што кажа Струмикс, децата најчесто се луда причина да останат тие двајца да се малтретираат и измачуваат во некоја заедница која ја има само на хартија, а тоа е мнооогу грешно и жалосно.
 

*n0t*0rd!nary*

~*SimplY UniQue*~
Член од
5 февруари 2007
Мислења
126
Поени од реакции
4
Мислам дека децата не се пресуден фактор за успех на бракот. Познавам луѓе кои се во брак долго време, немаат деца, но сепак живеат смирен и хармоничен живот ... се сакаат. Децата треба да бидат плод на бракот, но љубовта пред се, претставува основа за успешен брак.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мислам дека не се пресудни за да опстои еден брак. Ако љубовта исчезне, тогаш ништо не може да биде ко што било, само ќе се зголеми тензијата. Голем број на брачни партнери иако веќе не се трпат, остануваат под ист покрив заради децата, но тоа сметам дека е грешка... Тие деца секој ден ќе ја чувствуваат оддалеченоста на нивните родители и ќе треба да живеат во дом без хармонија и љубов и да бидат сведоци на расправии...
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
67
Поени од реакции
2
Definitivno se nebitni decata za da brakot funkcionira.Ako nema ljubov i vzaemna pocit i razbiranje se e dzabe.Ako se ostane vo "nikakov"brak samo zaradi niv ke bidat svedok za mnogu nepravdi vo zivotot od koi mozat da imaat posledici za nivnoto razmisluvanje i gledanje na zivotot ponatamu.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Ljubovta ,razbiranjeto i pocituvanjeto se stolb za eden brak da bide uspesen.Sekako deka i decata bi trebalo da se del od brakot kako institucija ,toa bi bilo plod na nivnata ljubov i uzivanje,no ne se od presudno znacenje....sepak presudna spored mene e ljubovta...:pipi:
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Добриот брак е добар, со или без деца, лошиот брак во кој се останува поради деца честопати станува затвор за сите, а за децата мачилиште. Значи, децата не се битни за добар брак.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Не се секако, ама се врв на заедништвото, на поврзаноста, нешто како црешка на шлагот. Нема посилно чувство од она кога пред тебе имаш мало човече створено од тебе и партнерот. :)
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
946
Не се воопшто битни.

Тројца сме па пак ништо.

Не е ама баш ни малце битни. Кога ќе се состават минус и плус се оди во јабана.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Ако љубовта е доволно силна таа ќе биде таква и со и без деца.Многу е полоша обратната ситуација кога децата се раѓаат со надеж дека нешто ќе се смени и подобри во бракот.Децата само ќе бидат неми сведоци на сето она што требало и треба да се исправи во бракот на родителите и тие сето тоа ќе го трпат.
Како што кажав ако изчезне љубовта,сите само ке страдаат а децата никако нема да помогнат во врска со тоа ..само ќе се трауматизираат
 
Б

Бат Елохим

Гостин
прво бракот треба да функционира без деца... децата не се никаква врска во односот БРАК. децата се во односот СЕМЕЈСТВО. така да ич немаат врска со дали ќе биде бракот успешен или не...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom