Колкава е платата во Македонија?

KOLKU IZNESUVA VASATA PLATA

  • pod 10.000

    Гласови: 42 11,7%
  • 10.000-12.000

    Гласови: 45 12,6%
  • 12.000-15.000

    Гласови: 47 13,1%
  • 15.000-18.000

    Гласови: 50 14,0%
  • 18.000-24.000

    Гласови: 55 15,4%
  • nad 25.000

    Гласови: 119 33,2%

  • Вкупно гласачи
    358
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Просечната нето плата во производството на текстил и текстилни производи во 2005 година била 5.344 денари, а во производство на кожа и слични производи од кожа 1.704 денари. Во 2016-та просечната нето плата во производството на текстил била 15.356 денари, во производството на облека 12.695 денари, а во производство на кожа и слични производи од кожа 11.571 денар.
http://www.libertas.mk/dime-spasov-vo-vremeto-na-sdsm-nemashe-minimalna-plata/

Ако од 2005 до сега инфлацијата е 22%, со инфлацијата, ќе имаше плати како 2100 денари просечна плата во чевларството , просечни плати од 6500 ден во текстина индустрија денеска. Не дај Боже повторно да имаме таква власт ко што беше до 2006 и онаа невработеност која ја направија од 38%, каснење на плати и пензии со месеци.
Ти си луд, жими се. И Диме Спасов е луд, и ти и сите. Не е нормално ова. :pos::pos:
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Ти си луд, жими се. И Диме Спасов е луд, и ти и сите. Не е нормално ова. :pos::pos:
Неко меџу нама није наш.

Некој лаже, некој краде, некој тропа глупости. Се е отидено во бездна.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Онда која е причината што неможат да пополнат трета, ем поголема плата ќе земат, е ако е изговор нема работници онда промашај зш е таму отворена.
И јас го чекам можеби малце покасно ќе го добијам али боље икад него никаг и чао.
Епа затоа што државна стратегија за еднаков развој на регионите сме немале никогаш и место барем од 91 навака да се преземеше нешто во врска со тоа секоја година се повеќе и повеќе се се централизира во Скопје. Јас разбирам дека океј еден град ќе биде поголем и дека некој регион ќе биде поразвиен од некој друг, но кај нас тие разлики се огромни. Не може во една држава 40 проценти од населението да и живее во еден град.

А инаку не ми е јасно како може на некои од други градови да им се исплати да живеат во Скопје, да плаќаат кирија и да работата по кафичи, бутици и кладилници, а ако во исто време во родниот град каде што не би требало да плаќа кирија и каде животните трошоци се помали, има фирми кои не можат да најдат работници а платите се сигурно поголеми од тие во кафичи.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

..истата причина заради која истите мамлази сањаат да чистат ќенефи на Менхетн....сонот не е мала работа , тај е движечката сила на новиот век.. :) :)
 
Член од
5 април 2007
Мислења
1.609
Поени од реакции
298

Касно е веќе што и да се направи, ако за развој на некој од овие региони ги сметаат оние глупости потикнување на враќање од град во село, давање бочви ракија, вино за женидби, трето дете све е пиши пропало, штом младото население ти се иселува масовно од тие региони отидел возот.
Си заборавил покрај кафичи, кладилници и остало да спомнеш и државна администрација од оние кој јас ги познавам, а отидоа да живеат во Скопје голем број од нив работат во неа , така да мамка за нивно останување е токму таа причина.
Кој е луд да работи во конфекција во истокот ако може да работи(лежи) во државна администрација, ке ти работи саботи, празници ќе ти оди 3ри смени.[DOUBLEPOST=1476886107][/DOUBLEPOST]
Причината што неможат да пополнат трета смена е што нема работници, нема млади луѓе, голем број отидоа јабана. Им треба млада работна сила а не 50-60 годишни што неможат ни на пола да изработат како млад 20-30 годишен. Тоа е причината а не платата. Според мене платата е солидна за наши услови, со трета смена би стигал некаде до 20-25 илјади плата што не е занемарливо. Источна Македонија од ден на ден се повеќе се празни, каде и да отвориле исто им се фаќа.
Сега не претерувај ги направи тим лидери сите таму 25.000 со две,три саботи , празник , фул бонус кој многу влијае на платата и 4то ниво ако имаш до 20че и не би коментирал поике за ова инвестиција зш не е ни тема.
И како не би се празнел истокот ко е беда на секое поле од спорт до земјоделство, тој верен исток со кој некој се кити само за политички цели е нај мизерен за живот посебно за нас младите зато и се иселија многу а тој тренд и понатаму продолжува со силно темпо, така да со тоа би се сложил со тебе џабе и 100 странски инвестиции.
 
Последно уредено:

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Дури 60% од вработените кон крајот на 2004 година земале плати помали од 100 евра.
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=88146&idg=5&idb=1337&rubrika=Makedonija

Страшно, 60% од вработените земале плата под 100 евра пред само 12 години. Тоа би било како сега 60% вработени да земаат под 7300 денари плата во денешни услови, ако од 2004 до сега инфлацијата била 22%. Реалноста е дека сега се живее во РМ најубаво од осамостојувањето.[DOUBLEPOST=1476894949][/DOUBLEPOST]
Касно е веќе што и да се направи, ако за развој на некој од овие региони ги сметаат оние глупости потикнување на враќање од град во село, давање бочви ракија, вино за женидби, трето дете све е пиши пропало, штом младото население ти се иселува масовно од тие региони отидел возот.
Си заборавил покрај кафичи, кладилници и остало да спомнеш и државна администрација од оние кој јас ги познавам, а отидоа да живеат во Скопје голем број од нив работат во неа , така да мамка за нивно останување е токму таа причина.
Кој е луд да работи во конфекција во истокот ако може да работи(лежи) во државна администрација, ке ти работи саботи, празници ќе ти оди 3ри смени.[DOUBLEPOST=1476886107][/DOUBLEPOST]

Сега не претерувај ги направи тим лидери сите таму 25.000 со две,три саботи , празник , фул бонус кој многу влијае на платата и 4то ниво ако имаш до 20че и не би коментирал поике за ова инвестиција зш не е ни тема.
И како не би се празнел истокот ко е беда на секое поле од спорт до земјоделство, тој верен исток со кој некој се кити само за политички цели е нај мизерен за живот посебно за нас младите зато и се иселија многу а тој тренд и понатаму продолжува со силно темпо, така да со тоа би се сложил со тебе џабе и 100 странски инвестиции.
Криминалната приватизација економски ја уништи Македонија и ја деиндустријализира цела држава, враќајќи не на стопанско ниво од пред 100 години. На што личеше она да се уништат и затворат 684 фабрики и 200.000 работни места?
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Дури 60% од вработените кон крајот на 2004 година земале плати помали од 100 евра.
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=88146&idg=5&idb=1337&rubrika=Makedonija

Страшно, 60% од вработените земале плата под 100 евра пред само 12 години. Тоа би било како сега 60% вработени да земаат под 7300 денари плата во денешни услови, ако од 2004 до сега инфлацијата била 22%. Реалноста е дека сега се живее во РМ најубаво од осамостојувањето.
Во Македонија во момент е најголемиот егзодус од кога се памети. Ни турска власт ни бугарска ни српска окупација не успеале да протераат толку многу македонци од нивните родни огништа, колку мизеријата и несреќата која ги задеси во последниве десетина години од страна на ова власт.
Додека е опасно да се и праша за попис и број на население и многумина завршиле со мистериозни исчезнувања барајќи одговор на тоа на изглед едноставно прашање, во западните земји јасно статистиките кажуваат за бран на бегалци од Македонија кој е поголем дури и од бранот на бегалци од региони зафатени со војна. Статистиките на европските земји покажуваат дека од година во година број на македонци кои се иселуваат е се поголем и достигна стотици иљади, плус тука се и преку 100.000 издадени бугарски и пасоши на други ЕУ земји на Македонци и со кои заминаа од ова долина на тагата и сивилото.
Денес во Македонија споредбено од пред 10 години има 34.000 помалце ученици во основни школи.
1133 паралелки со по 30 ученици помалце.
тие 34.000 заедно со свои 2 родители се 100.000 луѓе кои ги нема. Цели фамилии кои ги имавме пред една деценија, денес повеќе не живеат овде. А плус фамилии со предшколски деца, а плус фамилии без деца, а плус семејства со возрасни деца, а плус поединци заминати во странство.... бројките се огромни
Тоа е резултат на неподносливиот живот овде со мизерни плати блокирани сметки и страв на секој чекор од казни инспекции глоби немаштии и закани......
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.852
Поени од реакции
80.418
"Светска банка во една анализа укажува на бројка од 447.000 иселени до 2010 година. Бројките на Обединетите нации се дека во 1990 година 14 отсто од жителите ја напуштиле земјата, а во 2010 година над 20 отсто. Македонија е меѓу 10 топ земји од кои се иселуваат нејзините граѓани. Евростат, па,к презентира податок дека 230.000 луѓе во последните години ја напуштиле земјава. Загрижува и фактот што се иселуваат млади високостручни кадри."

Страшното е што ова се податоци за пред пет-шест години, а консезус е дека во последниве години бројот на напуштачи на оваа земја-лидер е зголемен.

Попис, само би бил печат и потпис врз катастрофалната политика на македонските и албанските политички субјекти.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Касно е веќе што и да се направи, ако за развој на некој од овие региони ги сметаат оние глупости потикнување на враќање од град во село, давање бочви ракија, вино за женидби, трето дете све е пиши пропало, штом младото население ти се иселува масовно од тие региони отидел возот.
Си заборавил покрај кафичи, кладилници и остало да спомнеш и државна администрација од оние кој јас ги познавам, а отидоа да живеат во Скопје голем број од нив работат во неа , така да мамка за нивно останување е токму таа причина.
Кој е луд да работи во конфекција во истокот ако може да работи(лежи) во државна администрација, ке ти работи саботи, празници ќе ти оди 3ри смени.
Да не бидам погрешно сфатен ова го пишувам првенствено поради тоа што такво несразмерно концентрирање на населние е разлики во развој на регионите на државата не се добри за самата држава. Особено за вака мали држави како нас. На крајот на краиштата поради преголемата концентрација на население во Скопје, квалитетот на живот се намалува, недоволна инфрастуктруа, загаден воздух и така натака, да не одама понатака пошто ќе излезам многу од темава.

Инаку баш таа јавна администрација делумно би ја распределил низ неколку градови на Македонија. Не мора цела администрација да е во Скопје. Тоа е една мерка со која што би се враќал одреден равзој во регионите. Исто така стимулирање на ИТ сектор барем во неколку града на Македонија (Битола, Охрид, Штип, Струмица, а бидејќи Македонија е мала лесно е од околните градови да се стигне до овие градови. Побрзо отколку од Ѓорче до Н Лисиче во гужви :) ) бидејќи за ИТ фирми првенствено доволно е да се има компјутери и добра интерент конекција. За тие што работата за Америки, Австралии и Западна Европа не е важно дали софтеврот се развива во Скопје, Охирд или Битола.[DOUBLEPOST=1476900580][/DOUBLEPOST]
Во Македонија во момент е најголемиот егзодус од кога се памети. Ни турска власт ни бугарска ни српска окупација не успеале да протераат толку многу македонци од нивните родни огништа, колку мизеријата и несреќата која ги задеси во последниве десетина години од страна на ова власт.
Додека е опасно да се и праша за попис и број на население и многумина завршиле со мистериозни исчезнувања барајќи одговор на тоа на изглед едноставно прашање, во западните земји јасно статистиките кажуваат за бран на бегалци од Македонија кој е поголем дури и од бранот на бегалци од региони зафатени со војна. Статистиките на европските земји покажуваат дека од година во година број на македонци кои се иселуваат е се поголем и достигна стотици иљади, плус тука се и преку 100.000 издадени бугарски и пасоши на други ЕУ земји на Македонци и со кои заминаа од ова долина на тагата и сивилото.
Денес во Македонија споредбено од пред 10 години има 34.000 помалце ученици во основни школи.
1133 паралелки со по 30 ученици помалце.
тие 34.000 заедно со свои 2 родители се 100.000 луѓе кои ги нема. Цели фамилии кои ги имавме пред една деценија, денес повеќе не живеат овде. А плус фамилии со предшколски деца, а плус фамилии без деца, а плус семејства со возрасни деца, а плус поединци заминати во странство.... бројките се огромни
Тоа е резултат на неподносливиот живот овде со мизерни плати блокирани сметки и страв на секој чекор од казни инспекции глоби немаштии и закани......

Да бидеме реални од 91 до сега Македонија горе долу си е во истата каша. Можеби сега има поголем бран на емиграција но исто така тој беше присутен и порано. Не е мал бројот на луѓе кои во 90тите отидоа во Австралии, Н Зеланд, Америки, Канади па и Западна Европа, сега трој тренд можеби и расте но и поради тоа што сега е многу полесно да се отиде во Западна Европа, не ни требаат визи, поголемиот број на Бугарски пасоши и исто така многу послено да се најде работа таму уште додека си во Македоија.

Нејќам да бидам погрешно сфатен да не испадне дека бранам некој, туку едноставно на некои работи треба да се гледа реално. Многу работи во оваа наша мила држава си влечат последици и од времето на Југославија а исто така и од 91 па навака. Точно е дека некои периоди се полоши од други но генерално од 91 навака ние немаме никава стратегија како држава.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Нејќам да бидам погрешно сфатен да не испадне дека бранам некој, туку едноставно на некои работи треба да се гледа реално. Многу работи во оваа наша мила држава си влечат последици и од времето на Југославија а исто така и од 91 па навака. Точно е дека некои периоди се полоши од други но генерално од 91 навака ние немаме никава стратегија како држава.
Од Југославија излеговме со 600 милони долари долг, околу 15% невработеност и околу 2.034.000 жители. Просечна плата во СФРЈ беше некаде денешни 34.000 денари.

Jугославија ја нема од 90/91, некои 25 години.

За тие 25 години стигнавме до околу 7 можеби и повеќе милијарди долари долг, 25-27% невработеност и непознат број на жители.
Просечна плата ни е 23.000 денари.

Ај покажи ни го сегметот каде е остварен напредокот за четврт век.
И спореди каков бил напредокот на Македонија од 1945 па четврт век подоцна - 1970
 
Повеќе ми беше муабетот за овие 25 години независност. Сакав да кажам дека горе долу ист е стандардот во овие 25 години.
А во однос на Југославија, тој стандард на живеење прашање е колку бил реален. Но ајде без разлика на тоа, факт е дека платата била поголема и невработенста помала.
Повеќе ми беше мубаетот за запоставувањето на некои индустрии во Македонија за време на Југолсавија и некои погрешни потези со кои што селата уште од тогаш почнале да се запустуваат а премногу се да се концентрира во Скопје.
 
Член од
15 ноември 2014
Мислења
327
Поени од реакции
315
..истата причина заради која истите мамлази сањаат да чистат ќенефи на Менхетн....сонот не е мала работа , тај е движечката сила на новиот век.. :) :)
Jas pa se chudev zoshto toaletite vo MK se tolku valkani, chesto i smrdat-kornat. Da, do sonot bilo, da sonuvash deka si gospoda, a pozadi sebe da ostavash tragi i toa ne bilo kakvi.
Vidish, vo civilizacijata takvata dvizhechka sila seushte ne e izmislena, ama toaletite se navistina chisti, ne zaradi tie koi gi chistat, tuku zaradi onie koi gi upotrebuvaat.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Повеќе ми беше мубаетот за запоставувањето на некои индустрии во Македонија за време на Југолсавија и некои погрешни потези со кои што селата уште од тогаш почнале да се запустуваат а премногу се да се концентрира во Скопје.
И во СФРЈ Македонија си беше колку и сега, и и развиваше најповолни стопански гранки, имаше големо и развиено градежништво, производи на неметали и приватен сектор. Тие беа најзастапени.
Секако дека индустијализација одзеде доста работна сила од селата во град, од друга страна да не се градеа фабрики, електрани.,.. сега ќе викавме “ништо не беше направено во СФРЈ за Македонија си остана земја на селаните“
Али во СФРЈ Македонија имаше поголем сточен фонт и поголемо производство на земјоделие од колку денес и плус си развиваше и индустрија и рударство и транспорт.
Ти си мал и не ги знаеш тие времиња али јас не памтам во тоа време да сум видел турски домат или пиперка или кинески лук или бугарско или српско сирење или хрватско млеко или бразилско месо.
Не сум видел ни кинсеки ни турски гаќи или маици ни кинески патики....
Индустријата си работеше, земјоделие беше наше имавме пазар од 6 републики “држави“ со 20 милиони купувачи и плус поволности со трговија со земјите од неврзаниот блок (од неколку стотици милиони луѓе) и прва земја во светот со која ЕЗ (првобитната ЕУ) склучи договор за слоботна трговија.

Во овие 25 години е назадувано многу и на секој план. Буквално оне знам некоја гранка каде сме постигнале напредок или подобрување од колку што имавме.
 
Добро од тој некој аспект изгубиле сите екс Ју на држави. Ама види сега за некои работи што ги спомнуваш, патики од кина или така натака, тие пак ќе беа присутни на нашиот пазар и да бевме Југославија, може не во толкав обем но пак ќе беа и тоа нема врска со Југославија или Македонија има врска со светскиот тренд, со глобализацијата и така натака.
А сега веќе кога даваш некои примери од Југославија немало вакви немало онакви прозиводи еве ти неколку примери: природни сокови освен оние во ќесички од Ресен, се друго беше Фруктал и пример зошто такви фабрики за сокови не се направиле кај нас кога сигурно имаме повеќе овошје од Словенците. Коа спомна млеко, македонско тетрапак млеко не постоеше, беа ПКБ и остали од екс ЈУ, зарем ние тетрапак млеко не можевме сами да правиме. Јасно многу фабрики се направиле во времето на Југославија, гиганти кои да немавме лоша приватизација можеби ќе опстанеа и ќе беа двигател на нашата економија наместо овие некои странски инвестиции кое профитот го носат во нивните држави а нас не користат за ефтини пари.
Тоа што било било, туку што е решението сега за да тргнеме малце напред, не мора да сме Германија ама да сме на ниво барем на една Словенија која по теритоја и населние е горе доле колку Македонија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom