Кола од 10500-13000 евра, најдобар избор?

Член од
25 септември 2023
Мислења
111
Поени од реакции
119
Да го имав тој твој буџет ќе си купам 2013 Volvo V40 ќе бидам уникат. Инаку би земал Passat некој понов 2018
Автоматски споено мислење:

Опел не. Не фрлај пари за Ауди, истите мотори се со Шкода. Ако не патиш од комплекс земи си Шкода место Ауди. Ако гледаш сооднос цена/квалитет барем за мене Шкода е најдобар избор. На високо второ корејците, прво Киа, па Хјундаи. Италијанци никако, французи никако, Форд, Шевролет никако. Со јапонци немаш промашај ама се поскапи. Пред се Хонда, Мазда и Тојота. Другите, Сузуки и Мицубиши не до толку. Нисан е под Рено така да поарно не. Субару ретко се наоѓа ама е коска. Волво исто, комотно ги шие и Ауди и БМВ па дури и Мерцедес во квалитет, ама нели не можеш да се курчиш со Волво.

Генерално, ако гледаш Волксваген групација, најдобар избор е Шкода. За се друго плаќаш многу повеќе, а добиваш само шминки, светло на курот, автоматски брисачи пошто си сакат и слеп да не видиш и уклучиш кога врне или греење на седишта оти сме на Аљаска. Не фрлај пари на Ауди, убедливо најпреценета кола е заедно со Ленд Ровер (новите модели, не тие од пред 100 години). Од овие 5 што си ги пишал јас би или Мерцедесите или Рав 4х4.
Шо Субару можеш да најдеш на Македонски пазар, дај пример?
 
Последно уредено:

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.704
Поени од реакции
22.130
Да го имав тој твој буџет ќе си купам 2013 Volvo V40 ќе бидам уникат. Инаку би земал Passat некој понов 2018
Автоматски споено мислење:

Шо Субару можеш да најдеш на Македонски пазар, дај пример?
Наш фамилијарен куќен пријател пред неколку години зеде Форестер, џипот, презадоволен е и не би го менувал за ништо. Не викам дека се чести, напротив, многу се ретки и не се наоѓаат лесно.

Друг другар мој сега пред некој месец зеде Волво џип на старо.

Мислам, го разбирам менталитетот на Македонецот, од толку срање што возиме и сме возеле историски цело време како критериум гледаме лесна достапност на делови, што значи ти однапред си се помирил дека колата често ќе ти се расипува тоа било стандард и ок е донекаде го разбирам, ама па од друга страна пре би земал кола за која може потешко се наоѓаат делови ама има многу помала веројатност дека ќе треба да ја поправаш, отколку кола за која има често делови ама често и се расипува. Помина времето на Југовците и Заставите сто ќецот.
 
Aaaa ти си имал SUV разбирам ја мислев некое седанче имаш Субару. Точно се согласувам јас би возел Волво дури и старо некое до 5к евра ќе земам некогаш чисто од љубов кон Шведска.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.510
Поени од реакции
4.332
пре би земал кола за која може потешко се наоѓаат делови ама има многу помала веројатност дека ќе треба да ја поправаш
Во предвид ги земаш само заменските потрошни делови. Ок, од таа гледна точка има коли на кои побрзо им се трошат „расипуваат„ делови а има и коли (како што тврдиш и ти) кои поретко се „расипуваат„ и автоматски поретко им се заменуваат делови.
Но што ако се најдеш во ситуација да треба да замениш дел од шасијата, а кој не можеш да го најдеш пошо моделот/брендот е редок на наши простори?

Знам, доста на тупење замина темава али имам лошо искуство баш со ова, затоа сакав да го потенцирам. Направив сообраќајка со мое приватно возило (Киа Сид). Требаше да се замени браник, хауба, крило и уште неколку други делови позади браникот кои беа директно на импактот. Немаше достапни заменски делови (користени). Требаше да се порачуваат нови делови кои во тој момент преку овластен Киа сервис коштаа 2/3 од износот на самата кола.
После долго време беа увезени делови од странство за да се изврши поправката.
Поентата ми беше дека делови не можеа да се најдат на никаков оглас и ги немаше во мкд, па дури и во регионот.

Затоа мислам дека целиот муабет околу тоа „барај бренд/модел со поголема достапност„ не е баш за потценување.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.259
Затоа мислам дека целиот муабет околу тоа „барај бренд/модел со поголема достапност„ не е баш за потценување.
Како човек што вози Форд и Шкода цел живот можам да го поддржам тврдењево.

Форд ја имаа таа мана да за еден ист модел на автомобил (не ни фејслифт туку баш истиот) прават 3-4 верзии од ист дел. Како? Еве пример. Земав Мондео 2016 и ми рикна АБС сензорот на десното предно тркало (честа мана за таа генерација). Не можам да најдам никаде дел. Има АБС сензор ама поразличен е затоа што 2017та или 2018та Форд сменил добавувач и на изглед е ист ама џековите се различни и не се фаќа. Плус едниот иде со кабли другиот без, бидејќи приклучокот е различен.

Од друга страна ја имаш Шкода Октавија на која што и рикна турбото, отидов на отпад најдов расклопен Голф со ист мотор, извадив турбината и за мали пари завршива работа. Се вратив наштелував истата потполно и за 1 ден завршив све колата перфектно си тера.

Така да за секој што мисли да купува егзотика, дури и не треба да е егзотика еве у твојот случај било КИА, јас од пријатели знам дека мака мачеа за Волво да набават делови, нека си бидне спремен да бара и да плати премиум цена за да ги добие деловите. Џабе ти е кола ако не ја сервисираш или па ако ти рикне и ти стои у гаража.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.679
Поени од реакции
38.864
Луѓево мислат дека деловите висат на ѕид и они само ќе ги земат. Субару го дадоа како пример. Сеа ти возиш уникат боксер мотор ово оно, али ќе ти рикне нешто и ела најди дел. Ќе чекаш со месеци да најдеш дел а колата ти треба. Настрана што ќе бидеш одерен на суво за тој дел.
 
Член од
4 јуни 2016
Мислења
438
Поени од реакции
365
Само Гољф, ТДИ и немаш гајле. Не го мислиш ич, сипаш гориво и возиш, мал сервис колку еден пар патики, додуша од малку поскапите патики. Делови има на кило, мајстори уште повеќе.
 
Боље е Октавија у тој случај, исти пари повише простор :icon_lol:

Негео ме интересира човекот што кола одбра и дали најде нешто
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.259
Или Ауди а4 караван, 2012-2014 се наоѓа за тие пари.
Караваните се специфични не секој е фан на нив. Мене лично седаните ми се многу поубава опција. Сепак се според вкусови, ама има солидни избори у таа ценовна рамка
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.259
A zanisli mercedes E Klasse evtini delovi, ima sa sekoe choshe , vozhnja son, prostor, izdrzhliv i shto veli zhika, Mecka.

A i toa VW Konzern kanackite voda ne mozhat da mu nosat.
Ќе те замолам за поозбилна комуникација без кооперациски муабети што идат у пакет со ѕидарка Крали Марко 0.5
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
3.695
Поени од реакции
5.736
Ќе те замолам за поозбилна комуникација без кооперациски муабети што идат у пакет со ѕидарка Крали Марко 0.5
Tie tvoi primitivni citati cuvaj si gi za drug.
Pogotovo koga ce si trezen.

Moeto mislene e moe mislenje. A VW Kanacki vozat samo zabludani vo stilot " ejjjj Golf kupiv, najdobro cudo na svetot"
A ako neka se pronajde vo mojot text i toa mi e galje
 
Kajgana Shop

На врв Bottom