А на тенкот друштво ќе му правеа и Лада Нива, Ленд Ровер Дифендер, УАЗ некој...Мерцедес (Пух) Г-класа... и нешто што е теренец, а не вонаби теренец.
За уаз или пух искрено не знам, но лада нива и дифендер сигурно не се качуваат по
таква угорница со кал, веруј. нива и чироки сум возел по козји патеки од карпа на карпа низ облаци на врв, а во дефендер ме возеле, па знам што можат, а што не можат. Ох, колку сме се потеле со колегите „тука се проаѓа тука нема шанси“. Оваа угорница на тестот беше
многу стрмна. Таму со кал - само тенк. Какви црни лада нива и дифендер.
Да не бидам погрешно разбран: ниту во лудило не би сугерирал дека овие кросоверчињата што ги набројав се теренци од рангот на нива, дифендер или мерц-г. Никако! Но, за лесна офроуд акција (со која што 99% од возачите некогаш во животот ќе се сретнат) се ко измислени, дури и оние само со погон напред. Дигнати се бааги, имаат здрави мултилинк подвозја, големи гуми, EBD... со нив се оди каде што со обична кола не се оди (или се оди екстремно полека со повремено ударање одоздола). Но - се разбира - не по козји патеки по кои што може со нива или дифендер или пух. Ама за обични коли надвор од асфалт се закон и устав.