Јавно омаловажување/офирање пред партнерот.
Го разбирам тоа во рана адолесценција ради неискуство и емоционална незрелост, но кога врската се продлабочува (а и не е прва секако) ова ми е една од најодвратните работи кога и да сум седнал у друштво. Од двете страни подеднакво. Конфликтите, посебно оние најинтимните се решаваат исклучиво во 4 очи. Колку пати сум избегал/ сум се осеќал крајно неугодно од такви дешавки каде девојката му се дере на дечкото ради мали каприци. И обратно. И после тоа муабето меѓу друштвото и личноста со сиот памет као сере дека партнерот ѝ бил сељак/неспособен/вадење прљав веш на маса. Уф..... Одма ја множам со 0.
Не само кај партнер, ко човечка особина омаловажување на други ми е одвратно и ми говори за недостатокот кај дотична личност.
Има една жена, убава, дотерана, средена, богата, абе ништо не ѝ фали, стил има, еден ден не сум приметила нешто да ѝ фали или грешка да направи во облекување, никогаш разголена или нешто провокативна, дури и боите ѝ се скромни ама така отмено знае да го носи. Интелект, што да ти рааскажувам, откако замина од кај нас во друга фирма одма како директор ја примија, млада а толку обуки и искуство има, по деловната култура ѝ се познава, одма ориентирана кон решение барање. Јас кога првпат дојдов во тој оддел пред 6 години ништо не знам, ни деловна култура на државата ни навики. Ќе речеш женава ќе ме омаловажува види 2 години помала од тебе сум а поискусна, ти не знаеш, ти грешно правиш. Таа година дена првпат стекнав вистинска самодоверба дека работата убаво си ја работам. Од проекти, ме сликала без да прашам, земала податоци ова она, директно кај газдата да се фали, шефица на одделот беше, видете директоре Грл колку убаво работи, многу брзо учи, како се адаптира, не знам што. И никогаш не ми се фалеше, јас те пофалив, јас те поддржувам, сѐ тоа од главниот го слушав. Значи човек којшто има квалитети и е задоволен од самиот себе си, нема проблем да наоѓа позитивности и да ги истакнува другите оти свесен е колку самиот/самата блеска и друг тоа не може така лесно да го замагли.