J
joli1
Гостин
Под терминот red flag се подразбираат постапки, начини на однесувања на (потенцијалните) партнер или партнерка, кои кај вас би предизвикале сомнеж, би ви ја нарушиле довербата кај партнерот или партнерката, би биле причина за да не ги изберете за партнер/ка и во одредени случаеви би направиле истите да ги дистанцирате од сопствениот живот, да раскинете, да се разведете или пак да не влезете во романтична врска со нив.
Пред да ја почнеме дискусијата, како и во претходната тема така и во оваа ќе ве замолам да дискутирате и дебатирате со основна почит спрема соговорникот или соговорниците како и нивните мислења, и да избегавате да ја носите темата во офтопик.
Истотака имајте на ум дека она што е red flag за вас, можеби и не е за другиот поради различни животни искуства како и поради поразлична перспектива на работите во зависност од полот, возраста, искуствата, културата во која што израснале, религиозноста и останати некои други фактори.
Слободно споделувајте сопствени искуства на оваа тема, кажете ги и објаснете ги ,,црвените знаменца" кои направиле некого да не изберете за партнер или можеби биле причина за нарушена доверба, раскинување или развод.
Повелете.