Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
- Член од
- 1 ноември 2011
- Мислења
- 8.604
- Поени од реакции
- 15.409
Јас ќе ја почнам темава со еден од многуте,кодоши во НОВ и соработници на окупаторот,
а со чие предавство,настрада голем број на наши борци за слобода,недочекуваиќи ја истата,
и загинаа од устата на овие изроди од народот,за која услуга беа и наградувани од фашистите.
Јани Туфа
Јани беше од познатото крушевско семејство Туфа,многу почитувано и авторитативно.Имаше уште два брата и сестра.Уште во 1937 година е член и секретар на организацијата на СКОЈ,а во1939год. станува член на КПЈ.Во почеток на 1941 година е избран за началник на Месниот воен комитет на градот Крушево.На одлука на МК КПЈ,на 16 април 1942 година се формира првиот НПО на оваа територија и во 17 борци од Крушево е и Јани Туфа.Самиот чин на формирање на одредот е на 19 јули 1942 год.на планината Осој,во месноста наречена Грујова нива,навечер во 22 часот.Во раководниот кадар на првиот Крушевски НПО е поставен и Јани Туфа на должност интендант.Но Јани Туфа не е задоволен од оваа позиција и одлука,очекувал дека ќе биде поставен за командант или политички комесар на одредот,но кога не постанал,потполно се деморалисал.Набрзо бара да го напушти одредот.Тоа се случува во почетокот на август,но наместо Јани Туфа да оди во илегала во Крушево,тој истиот ден се нашол во полицијата во Крушево.Таму тој без никаков притисок
дава-предава-издава на окупаторот информации кој се бараат од него.Со тоа не е ни свесен дека станува продолжена крвничка рака на непријателот,на патот за уништување на комунистите и партизаните и издајник на својте другари дури и на својот брат и сестра..
Помеѓу 10 -15 август 1942 година Јани Туфа со група на фашистички полицајци,преправани во селски алишта,како да се партизани,оди по крушевските села и бара врска со одредот.Така тој ги покажува по селата во која куќа има комунисти и луѓе кој одржуваат врска со одредот и симпатизери на НОД.
Потоа се прави дури и лажен партизански одред од бугарски полицајци како би полесно се приближеле и го уништиле,првиот Крушевски НПО. Но тоа не им успева и веднаш преоѓаат на терор, реплесалии и затварања. Во Крушево и околните села се уапсени преку 80 членови на КПЈ и СКОЈ, како и други активисти на НОД,од кој 62 се изведени пред суд.Пресудите беа многу строги
од 3 до 20 години строг затвор,иако немаше ниедно признание од обвинетите.Беа осудени и лица во отсуство,како на Симон Тренков Биљановски и Јоше Стојков Вијачковски,осудени на смрт со бесење,и таа пресуда е извршена во декември истата година во битолскиот затвор