Кодошите во НОБ - предавниците, шпионите и изродите

Член од
9 ноември 2011
Мислења
73
Поени од реакции
25
кодошите-агентите Мане Мачков и Крум Панков, од Скопје
Во апсењето на македонски комунисти,а посебно во мачењето и убивањето на Цветан Димов главен актер беше „бугарскиот“ агент Мане Мачков кој се спомнува и во Прогласот на Покраинскиот комитет.Мачков пред војната бил член на Урсовите синдикати,а извесно време и благајник на секцијата на градежните работници.Некаде околу1939-1940 год. поради проневера на синдикалните пари,бил исврлен од истите.Мошне добро ги познавал сите синдикални активности,главно комунисти.Затоа одлично го познавал и Цветан Димов. Мачков уште во првите денови на окупацијата целосно се ставил во служба на окупаторот,примен е во бугарската полиција како агент,откако претходно бил на кус курс за обука на агенти во Софија.Нему не му требаше многу за веднаш да се афирмира,зошто им ги поткажа својте бивши другари-комунисти. Лично ги раководеше апсењата на комунистите во Скопје, па беше најценет во таканаречената група „ А “,
(всушност политичко оделение во бугарската полиција),која се занимаваше исклучиво со гонење и откривање на дејноста на комунистите.Главно негова е заслугата што за нецела година дојде до неколку тешки провали во скопската партиска организација. Учествуваше во сите истраги над уапсените комунисти и беше главен организатор на тепањето и на неверојатното мачење на својте бивши другари. Негова десна рака во таа работа му беше уште еден предавник,кој исто така како агент служеше во групата „ А “ на бугарската полиција, Крум Панков,познат како Кросот.

Сето тоа добро и беше познато на партијата и таа уште во септември 1941год.ги осуди на смрт Мачков и Панков и презеде мерки за да ги оневозможи во нивните намери и злодела.Тогаш е донесена одлука,со која за извршување на таа задача бил задолжен штабот на тукушто формираниот скопски партизански одред.Атентаторите беа:
Кочо Битољану,Трпе Јаковлевски,Анѓеле Михајловски и Бранко Фрицханд
тогаш сите на 17 - 18 години и членови на СКОЈ.
Задачата ја добиле лично од:Перо Наков и Коле Чашуле.
Атентатот е успешен на 20 август 1942 година.
Еден изрод,кодош и предавник од-на македонскиот народ помалку.
................
„Скопје во ослободителната војна и револуција 1941-1945“ том 1-книга 1
архив на Скопје - зборник на сеќавања, Скопје 1984 година
Баш така. Коле Чашуле после убиството на Мачков е осуден на доживотен затвор порди истото.
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 14:25 ---
Петар Кузманоски- Зеленко од Прилеп. Учесник во НОБ. Во јули 1942 година заробен во с. Плетвар од страна на Бугарите. Веројатно уште претходно врбуван од бугарската полиција. Од Плетвар го ослободува партизанскиот одред Димитар Влахов на чело со Борка Велески-Левата. Извесно време останува во одредот од каде што дезертира. Заминува во Прилеп и таму кажува се што знае за одредот(бројност, вооружување, логистика, јатаци, бази).На 14 септември бугарската војска и полиција ја опколуваат базата на одредот кај месноста Мукос и наполно го уништуваат. Се смета дека истиот има вмешаност и во големата партиска провала во Прилеп во септември 1942 година која подоцна ќе кулминира со Дабничкиот масакр. По војната Петре Зеленко успеал некако да замине за Америка и од тогаш му се губи трагот
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.604
Поени од реакции
15.409
.....Предавството - Борбата кај Мукос
„Се спуштивме на најнискиот дел од долот,каде што веќе немаше шума. Бугарите веќе ја беа заседнале чуката и сите височини кој се надвиснуваат на овој дол.Ние се најдовме како во котел,опколени од сите страни.Во една ваква состојба не можеше да се води Рамноправна борба.Бугарите почнаа одозгора со урагански оган од митралези и пушки.Нашите се бореа давајќи силен отпор.Нашите другари колку и да се заштитуваа не можеа толку да бидат засолнати,а да не се гледаат одозгора.Бугарите во моменти престануваа да стрелаат.Во такви мигови се јавуваше гласот на нивниот командир кој ги бодреше:„Напред за царја!, За велика Б’лгарија“.Ги повикуваше на јуриш.По еден час нашиот отпор ослабна.Изгледа повеќето од нашите ја истрошија муницијата или пак беа погодени од бугарските куршуми.Затоа бугарите се осмелија и почнаа да се спуштаат во долот,стрелајќи напред и фрлајќи бомби.Штом завлегоа во долот,почнаа да експлодираат бомбите што ги фрлаа нашите преживеани другари.Но Бугарите располагаа со повеќе бомби и не ги штедеа.Едно време пукањето наполно престана и сите бугарски војници слегоа во долот,каде што бевме ние.Почнаа да вршат претрес низ шумата.Се растрчуваа низ падините и шумарките и како мршојадци ги бараа нашите другари.Јас се наоѓав на крајното десно крило осамен и бев вооружен само со пиштол.Се засолнав..
..Преживеаните од оваа борба, 14 партизани се приклучија кон втората чета на одредот „Димитар Влахов“ која беше во постојано движење.
Откако бугарската војска ги собра загинатите на Мукос,сметна и седум партизански тела,кои беа идентификувани дека се прилепчани.Идниот ден партизанските тела беа изложени пред полициското командантство во Прилеп за да го заплашат народот. Меѓутоа дејството на овој призор беше обратен“.
-Сеќавање на Благоја Бошковски - Дабичо , Пол.комесар на Првата чета
Командант на четата Борко Велев-Горанов,ја увидел опасноста од предавството и опколувањето,навреме,и одлучил да се повлечат кон долот и отаму во спротивен правец од доаѓањето на војската да се пробијат,во што еден дел и успеале.
 
Член од
9 ноември 2011
Мислења
73
Поени од реакции
25
E za istoto zboruvav. Ako imas podatoci pisani za covekot sto gi predal Mirce i Straso vo Veles slobodno iznesi gi. Jas imav nesto am ne znam kaj mi e zafrleno. Pozdrav
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.604
Поени од реакции
15.409
-Полека - полека се ќе излезе на виделина.
Предавникот на Хероите,Мирче и Страшо е во стреланите после војната
велешани,така сум читал.
За предавството на партизаните во велешките бавчи,пишував на друго место,но ќе најдам пак ќе напишам.(во бугарските ѕверсатва врз мак...)
Па за Тарцанот,ќе напишеме,за Круме и Кире и многу други.
Но има уште за прилепските предавници,и за оние жени-ороспии од Прилеп
соработници на бугарскиот окупатор,од чие кодошење исто така
настрадаа голем број на наши борци,во тие провали и апсења во тоа време.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
* немој окупатори - тие се ослободители,окупатори е збор од југо-комунистичка пропаганда
 
Член од
9 ноември 2011
Мислења
73
Поени од реакции
25
Imam i jas nesto materijal ama nemam vreme da sednam i da napisam. Koga ke zacekam malku poslobodno vreme ke napisam i jas za soznanijata sto gi imam. Inace za Kire i Krume se znae deka gi predala ljubovnica na nekoj bugarski agent vo Prilep. Toa e blisku do me stoto kade sto ziveam. Za predavstvoto na velesanite vo bavcite ima kaj jovan pavlovski vo sudenjata kako posleden poraz. ako ja imas iznesi uste nekoj podatok bidejki momentalno ja nemam kaj mene knigata. pozdrav
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
* немој окупатори - тие се ослободители,окупатори е збор од југо-комунистичка пропаганда
Немој окупатори...туку фашистички гнасни окупатори.

Не е лесно да ја поднесат и прифатат вистината.

Ослободители се според бугарската бан пропаганда.


****************************************************
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 18:02 ---
Два дена пред ѕверствата извршени во селото Сушица,се извршени грабежи од бугарската војска со некои соработници на михајловостите во селото Секирник. Некои бугарски подофицири здружени со познатиот соработник на окупаторот ПАНДЕ ШАРЛАМАНОВ од село Баница и еден селанец од село Василево водени од бугарски фетфебел од 14 пешадиски полк, упаднале во село Сушево и го ограбиле турското население. Селаните македонци се обиделе да ги заштитат своите соселани, во што биле спречени од бугарската војска.Своите соработници-пљачкаши, бугарските војници ги облекувале во бугарска униформа.

Слични ограбувања биле извршени и во други села во Струмичка околија.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.604
Поени од реакции
15.409
изјава на кодошот Стефан Филипов од Велес
“ На 10 јануари отидов во мојата бавча.Таму беа партизаните,Себура Чучуков и уште тројца други и Нонча Камишова.Тие ми дадоа пари да им купам цигари, јас отидов во град и за да ја спасам главата се и кажав на полицијата.Сабајлето со една чета војници и 300 души полицајци и тројца агенти отидовме кон мојата бавча.Јас прв влегов во колибата,но партизаните беа се качиле на горниот кат.Тие на нас отворија оган и ние отворивме огин кон нив,Потоа двајца фативме а тројца извршија самоубиство.Со двајцата тргнавме кон градот.На патот го сретнавме командантот,кој ни рече:
- Стрелајте ги веднаш.
Војниците ги стрелаа.
Убиените партизани два дена стоеја незакопани во мојата бавча,а на третиот ден ги закопаа селаните од Башино село.„

изјава на поручникот Христо Буров
„ Втората акција ми беше во велешките бавчи.Се приближив со четата до една колиба во која беа партизаните.Им викнав да се предадат.Тие откажаа.Свиреа со армоника,пукаа и викаа.
- Ќе се предадеме,ако ни донесете пајтон за во Велес.
Јас тогаш наредив да се фрлат бомби на колибата.
Тројца беа убиени.Мислам дека се самоубиле.
...Мртвите трупови ги плукавме,пцуевме и што не им правевме.
Двајцата фатени бандити ги стрелавме веднаш.„
----------------------------------------------------------------
извор:Судењата како последен пораз-Јован Павловски
 
Член од
8 ноември 2009
Мислења
263
Поени од реакции
146
Значи не сум сам во ова...И други ја имаат читано книгата Судењата како последен пораз......Anco..ретко на човек му подавам рака за сработено дело. Тебе е гревда не ти се рече БРАВО за цитатите.!!!!!!!!!!!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom