Кога ќе влезе Македонија во ЕУ?

S

silmarillion

Гостин
Кој нејќе во ЕУ слободно нека ги врати до денар сите пари од ипард-от и нека не зима плата во јавна администрација ако истата доаѓа од банки со потекло од ЕУ може? :) Нема никаков проблем државата да фати друг смер, али се додека сакате да се ебете а да не ви влезе, ќе ве ебаваат овие од ЕУ дупло појако :) Мислам може до утре да се тапшаме по рамо дека сме ги заебале, али ај да си признаеме, време е :)
 
Член од
30 јуни 2015
Мислења
314
Поени од реакции
286
[DOUBLEPOST=1489545064][/DOUBLEPOST]
Удба ни е судба... Не се разговара за оваа тема кај нас како прво немаш квалитетен кадар да дискутираш овде во мк, како друго нема кој да те сослуша па одма си предавник во нивните очи. Дпмне од самото формирање е под влијание на удба и до ден денес се активни такви лица во партијата , има докази има извештаи во пишана форма како основачите на дпмне кодошеле за удба..
Кога сме кај европска унија ... Долга тема... на кратко со овие политичари НИКОГАШ.
И тоа што викаш... абе, ако кажеш еден лош збор за Србите, веднаш си Бугароман/Бугарофил, предавник, не си Македонец и сл. Не верувам дека ВМРО-то на Љубчо работело за УДБА... можеби имало некој шпиун (како на пр. Доста Димовска), ама вака партијата била чисто Македонска, со некои „дамки“ (if you know what I mean ;))
А да, денешното ДПМНЕ предводено од Груевски е чиста Удбашка и Србоманска партија. Луѓето глумат дека се некои анти-комунистички настроени, а коалицираат со партијата на оној ретардот Слободан Угриновски - Титови леви сили. Абе ајде, таков циркус само кај нас може да има. И многу други работи, ама ај...
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134

Смешно е у денешно време да збориш за леви, десни и незнам какви идеали, кога очигледно веќе сите само ги интересира власт и моќта и профитот што доаѓа со неа. Точно можеби сеуште има луѓe кои се активни поради некои идеали и желба за спореведување на некои идеи, всушност така и треба и за тоа треба да постојат партиите, ама за жал изгледа повеќето се за првото што го спомнав, финансиски интерес.

А во однос на темава како и што пишав во друг пост, џабе ни е и да имаме голема желба кога иста таа ЕУ не изгледа дека сака да не прими во моментов
 
Па не дека овие денешниве политичари разбираат што е тоа лево/десно крило, ама онака колку да се каже дека си немаат врска. Значи, ти ако се изјаснуваш како анти-комунист, треба и таков да останеш. Можеби е малку глуп примеров, ама, тоа ти е исто како на пример Хитлер(во овој случај Грујо) да коалицира со Сталин(Угирновски), не е баш соодветен примерот but you get the point I presume.

Па ЕУ не сака да не' прими затоа што се' уште имаме нерасчистени сметки со некои од нашите соседи.
 
Член од
10 август 2013
Мислења
541
Поени од реакции
928
Според мене вака ако влеземе во еу во следните неколку години (што не ми се верува дека ќе влеземе) сметајте дека како прво ќе ни треба време додека се зајакнеме како "членка на еу," како второ вака гледано од моја гледна точка голем дел народот во Македонија ќе го снема од тука како на пример Хрватите од Славонија што си најдоа подобар живот во Германија и останатите Еу држави. Се зборува дека на Балканот за највеќе одселен народ се сметаат Хрватите, секако дека имаме и ние преголем број млади луѓе од Македонија кој се далеку од својот дом. Но како што сме слушнале, од тоа што мислиш дека најдобро ќе се случи, сосема треба и од најлошото да го очекуваме. Само Господ нека ни е на помош.
 
Член од
20 јануари 2015
Мислења
27
Поени од реакции
17
Според мене Македонија ќе влезе во ЕУ по Србија. Зошто? Зашто кога човек чита историја може да види дека Грција и Србија се геополитички сојузници (север-југ) и најверојатно Грција ќе продолжи да ја блокира Македонија, за да остане во сферата на Србија, барем додека Србија не влезе во ЕУ.

За голем жал, Бугарија која водела толку многу војни за Македонија и толку многу луѓе умреле, не прави ништо околу тоа. Како на пример, посредување и лобирање за започнување на преговорите со Македонија пред конечното решение на спорот за името со Грција, никакви барања не се поставуваат кон Србија, како ова на пример да се отворат комунистичките архиви, да се даде гласност за злосторствата во Македонија во периодот 1918 -41г. и уште други.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Според мене Македонија ќе влезе во ЕУ по Србија. Зошто? Зашто кога човек чита историја може да види дека Грција и Србија се геополитички сојузници (север-југ) и најверојатно Грција ќе продолжи да ја блокира Македонија, за да остане во сферата на Србија, барем додека Србија не влезе во ЕУ.

  • За голем жал, Бугарија која водела толку многу војни за Македонија и толку многу луѓе умреле, не прави ништо околу тоа. Како на пример, посредување и лобирање за започнување на преговорите со Македонија пред конечното решение на спорот за името со Грција, никакви барања не се поставуваат кон Србија, како ова на пример да се отворат комунистичките архиви, да се даде гласност за злосторствата во Македонија во периодот 1918 -41г. и уште други.

Ако некој треба да има барања кон некого, тоа е треба да има отворени прашања од страна на Грција и Србија кон Бугарија за нивните злодела за време на 1941-1945.
Кога одела Српска или Грчка војска во Ќустендил, Пловдив, Софија да окупира територија?
А тоа го има правено Бугарската војска со Ниш, Лесковац во Јужна Србија и во делови од Грција.
Кои комунистички архиви?
Од 1945 на власт во Бугарија биле Бугарски комунисти со спонзорство контрола од Москва. Со тоа нема никаква врска денешна Србија ниту СФРЈ.
Бугарија треба да биде среќна што во 1945 во Југославија не се врати на власт кралот Караѓорѓевиќ, да се вратеше кралот, ќе имаше сигурни тужби против Бугарија за окупацијата и злосторствата извршени во Јужна Србија и Македонија во периодот на втората светска војна.
Тито по војната им прости долговите на Бугарија, бидејќи непосредно по војната Југославија и Тито имаа добри односи со Сталин и Москва и поради тоа им беа простени воената отштета што беше должна да ја исплати Бугарија. После 1948 се влошија односите Тито-Сталин.

Инаку, Бугарија нема да покрене процес за лобирање да и се дозволи на Македонија да почне преговори со ЕУ, од причина што си имаат свој интерес.
Ќе доделуваат пасоши на етнички Македонци од Македонија, и ќе кажат во одреден момент, што е со правата на нашите луѓе со Бугарски пасоши?
 
Член од
6 април 2015
Мислења
396
Поени од реакции
128
Никогаш! Лажги со опашки се тоа дека некогаш би влегла!
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Според мене вака ако влеземе во еу во следните неколку години (што не ми се верува дека ќе влеземе) сметајте дека како прво ќе ни треба време додека се зајакнеме како "членка на еу," како второ вака гледано од моја гледна точка голем дел народот во Македонија ќе го снема од тука како на пример Хрватите од Славонија што си најдоа подобар живот во Германија и останатите Еу држави. Се зборува дека на Балканот за највеќе одселен народ се сметаат Хрватите, секако дека имаме и ние преголем број млади луѓе од Македонија кој се далеку од својот дом. Но како што сме слушнале, од тоа што мислиш дека најдобро ќе се случи, сосема треба и од најлошото да го очекуваме. Само Господ нека ни е на помош.

Да не сметаш дека треба Македонија да стои настрана од процесите за преговори и влез во ЕУ?
Има и други кои имаат такво мислење.
И што ако луѓето со влез на Македонија во ЕУ уште повеќе би ја напуштиле Македонија?
Демек треба луѓето по секоја цена да се држат во ропство и заложништво во ова општество на заостанатост заради нечии интереси.

Луѓето на овој или оној начин ако сакаат ќе си отидат од Македонија. И подобро е да си отидат како Македонски државјани а не државјани на соседна држава со туѓи пасоши.

Македонија и да ги започне уште оваа година преговорите ( за што нема шанси да се случи) ќе и требаат најмалку 10 години да ги заврши преговорите и да стане членка.

Од Балканот во блиско време во ЕУ е прашање дали ќе има нови членки. Ќе влезе можеби уште само 1 членка и тоа ќе биде или Србија или пак Црна Гора.
И се знае откако едната од овие две земји ќе стане член на ЕУ, многу жители од земјата која нема да влезе во ЕУ ќе бараат да добијат државјанства и пасоши на земјата која ќе стане член на ЕУ.
Србите и Црногорците и онака се братски поврзани низ историјата многу посилно отколку што има поврзаност помеѓу Македонците и соседната држава од која масовно Македонците земаат пасоши.
 
Имаш право тука :)
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.308
Поени од реакции
7.293
Со примањето на Бугарија и Романија во Европската унија и поместувњето на сферата на влијание на западноевропските држави кон исток притоа намалувајќи го руското влијание во Европа. Македонија го изгуби единствениот адут за влез во ЕУ кој се состоеше едниствено во геополитичкиот интерес.

Македонија нема голем пазар како соседните држави и затоа е небитна за ЕУ.

Самата ЕУ се соочува со огромни проблеми како кризата на евро валутата, излегувањето на Велика Британија од унијата, задолженоста на државите од јужна Европа со кредити, како и се поголемата и посилна конкуренција и неспособноста Европа да го фати чекорот на далечните азиски држави на глобалниот пазар како Кина и Јапонија и неспособноста да се пробијат европските продукти на северно американскиот пазар заради различни стандарди.
 
Член од
20 јануари 2015
Мислења
27
Поени од реакции
17
Србите и Црногорците и онака се братски поврзани низ историјата многу посилно отколку што има поврзаност помеѓу Македонците и соседната држава од која масовно Македонците земаат пасоши.
Точно низ историјата се поврзани Македонците и "соседната држава од која масовно Македонците земаат пасоши" многу повеќе од сега, за коешто си има објаснение, а пасошите се дават токму след доказ за предок. Според речиси сите историски сведоци населението во Македонија пред 100-150 години масовно имало многу голема поврзаност со земјава, но после 80 години во туѓа држава и систем, тоа веќе не е така.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Јас сум за влез во ЕУ но тука има два мита кој треба да се разбијат. ЕУ е повеќе бенефит од демократски и слободарски карактер не од економски. Ни една држава која влезе во ЕУ имаше забрзување на економскиот раст. ЕУ нема да ни донесе зголемен економски стандарт или плата од 1000-1500 евра а исти цени или еднакво на германска или приближно куповна моќ. Тоа не се прави со ЕУ туку со работа и либерални реформи.
Второ мора Македонија да го смени името и дел ако и не цел идентитет. Тоа е услов и нема бегање од преговори со Грција. Со Бугарија може да има исто проблеми ама тие се возат на Грчкото вето.
Значи Македонија нема да има елдорадо кога ќе влезе и нема да влезе како Македонија туку Како Северна Горна Скопска и слично. А ние за ЕУ ќе бидеме северно славо горно долно Македонци.
 
Член од
6 април 2015
Мислења
396
Поени од реакции
128
Темава мислам дека треба да се промени во "- Кога ке се распадне ЕУ ?"
 
Kajgana Shop

На врв Bottom