За да станеме вистинска држава не ни треба ЕУ, туку ни требаат две личности ( за 2 милиони се доста) кои ќе не водат ( за жал ги немаме). Треба на власт некој, кој ќе се бори за државата и таа да стане држава во вистинска смисла на зборот. Во Македонија ако нема пари не знам кај има. Само треба да им се одземат на тие со ги украле и тие да се стрелаат, а не да се пратат 2 месеци во затвор. И сите пари што пристигаат рационално да се распоредат во сите сфери. Кога ќе има таков систем, луѓето кога ќе знаат дека работите одат во вистински правец, сами ќе допринесат тоа така да продолжи. Имаме природно богатство само не знаеме да го искоритиме, Рудникот Алшар, со едниствениот минерал во светот може да не направи Луксембург, ама некој го користи за лично богатство и само ја пумпа сметката во Швајцарија. Уште слушаме стари плочи од пред 20 години, кои ја сјебаа државата, па сега ќе ја спасувале. Бог нека им е прво ним напомош, па после и нам, што уште ги слушаме, наместо да им забраниме пристап во државата. Можеле некои земји со 200 милиони да ги вработат сите, ние два милиони не можеме. Тоа ни треба нам, промена од корен на се во оваа држава. Кукаме по ЕУ, а кога ќе влеземе ќе се изнадаваме пари за сите европски фондови и селото ѓубре ќе ни го дадат како донација, а ние за сето тоа треба да бидеме среќни, зошто многу не сакаат.