Кога јас би направил свој квиз

Член од
12 јуни 2016
Мислења
402
Поени од реакции
82
Каков би бил тој квиз што вие би го направиле?
Како би се играл и колку игри би имал?
Колку би му била наградата?
Каков ќе биде со знаење или квиз на кој треба среќа?
Какво име би му дале?
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Нема што да се измислува, милионерот земам лиценца, врзувам два спонозри јаки, еден телеком или пивара и со две изданија неделно далеку попопуларен ќе биди од сите овие срања.
Или пак има доста квалитетни квизови од кои може да се купи лиценца, не мора да измислуваме топла вода оти ете гледате колку неславно е ова нашето, импровизација во сите аспекти.
Ако купуваш лиценца директно имаш надзор од онај што ти ја продава не дозволуваат да си играш курташак со името.
 
Ама јас сакав да измислите а не да купуваш лиценца.
Квизови со лиценца се милионер, 50-50, 1 против 100, потера, без поени, тркало на среќата и многу други кои кај нас не се емитувани.[DOUBLEPOST=1473277080][/DOUBLEPOST]Го заборавив и се или нешто е со странска лиценца мислам дека беше endemol.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Некој еротски, провокативен, за пг18, доста ни е од овие домаќинскиве.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Тоа сигурно би било квиз од типот ,,Кој е кој и Што е што". Гледачите да се јавуваат и да погодат за која песна станува збор, за кое јадење или такво нешто слично. Ем не е потребно некое посебно знаење за квизот, ем наградите се интересни, што за народот еден ваков квиз се прави да биде интересен и гледан квиз. Но можеби и тоа би било квиз од типот ,,Круг на знаење", од проста причина што еве на мене додека го гледам ми е интересно да погодувам и да видам колку знам или колку незнам. А сигурно има и други луѓе што го прават тоа како мене.

Сеедно дали квизот ќе биде од типот среќа/препознавање или знаење, би викал во секоја емисија по еден пејач да ја претстави својата песна или спот што би било уште по интересно за гледачите.

:)
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Нема што да се измислува, милионерот земам лиценца, врзувам два спонозри јаки, еден телеком или пивара и со две изданија неделно далеку попопуларен ќе биди од сите овие срања.
Или пак има доста квалитетни квизови од кои може да се купи лиценца, не мора да измислуваме топла вода оти ете гледате колку неславно е ова нашето, импровизација во сите аспекти.
Ако купуваш лиценца директно имаш надзор од онај што ти ја продава не дозволуваат да си играш курташак со името.
Ги имаа откупено правата за Милионер, ти како да не памтиш. Најчест профил на играч беше полицаец дојден со баџанакот што заглавуваше на 6-то прашање и си одеше дома со 5.000 денари откако ќе го заебеше публиката со по 25% гласа за секој одговор.

Ние сме нација на неписмени сељаци, не сме за вакви работи.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
Ама јас сакав да измислите а не да купуваш лиценца.
Неможеш да измислиш квиз, или може да земеш некоја идеа од друг, или пак лиценца да земеш.

Јас би направил квиз со гостување во студио али би направил малку да е интерактивен квизот со вртење на тркало или коцка за да ти се падне прашање. Би го направил квизот и со награди (ваучери, велосипеди, телевизори, компјутери, книги и друго) и дел со парични награди онака симболична сума.

Првата игра би направил да се погодува слика со тоа што во секое поле од сликата да има прашање како на Милионер и ако точно се одговори да се отвори дел од сликата, додека пак во други полиња од сликата некаде да има изненадување или некој дел каде може да изгубиш една од поените со тоа и една од наградите. Колку повеќе поени шансата е поголема да си бираш повеќе награди. За секој поен учесникот да си бира од понудените награди он што сака. Сликата може да ја погодува и додека отвара полиња или од кога целосно ќе се отвори сликата.

Втората игра да биде погодување на стих, име и изведувач на песна со дадени неколку одговори, исти принцип и погодување на филм со гледање на некоја сцена.

Третата и последна игра би ја направил со собирање поени со што тој дел практично и се претвора во игра на среќа. Секој учесник да собира поени со брзо кликање на тастерот во одредена минутажа треба што побрзо да собере поени од другиот противник во рок од неколку минути. Поените потоа се претвораат во парична награда.

Математика, асоциации, погодување поими и разни зборови не би ставил во квизот.[DOUBLEPOST=1473318164][/DOUBLEPOST]Ќе заборавив да пишам дека би направил сајт и една андроид апликација каде секој пред да посака да се пријави да има можност истиве игри да ги игра а со тоа да се извежба за во квизот.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Ги имаа откупено правата за Милионер, ти како да не памтиш. Најчест профил на играч беше полицаец дојден со баџанакот што заглавуваше на 6-то прашање и си одеше дома со 5.000 денари откако ќе го заебеше публиката со по 25% гласа за секој одговор.

Ние сме нација на неписмени сељаци, не сме за вакви работи.
абе и ти си во право ама мора некако паметно нешто да сервира, мора од нешто да се тргни деца да гледат и да се мотивират да седнат нешто да учат. Доста е со ова срање шо се гледа на телевизија и кичерај не смееме туку така да се помириме дека сме глупи и крај...
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Шала на страна ама изгледа најполупарен или најгледан квиз би бил некој ново измислен со прашање од турски серии (ликови, цитати, сцени...) + драган вучиќ за водител, има да пукаат телефоните од пензионерки и јавни административки што одат само прва смена а после гледаат турски до 12 :)
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Нема што да се измислува, милионерот земам лиценца, врзувам два спонозри јаки, еден телеком или пивара и со две изданија неделно далеку попопуларен ќе биди од сите овие срања.
Или пак има доста квалитетни квизови од кои може да се купи лиценца, не мора да измислуваме топла вода оти ете гледате колку неславно е ова нашето, импровизација во сите аспекти.
Ако купуваш лиценца директно имаш надзор од онај што ти ја продава не дозволуваат да си играш курташак со името.
Милионерот со години не се емитува во ниту една земја во светот, барем јас колку што сум упатен за земјите од западниот свет.
Така да, не знам ниту дали Британците ќе сакаат да ја продадат лиценцата за емитување на квизот и ако некоја земја има желба да ја откупи лиценцата.
Најслаба алка беше супер квиз, одеа на ХРТ над 1000 емисии, кај нас одеше само една сезона на Алфа и тоа само еднаш неделно. :(
Јас би сакал Тркало на среќата и Џандар збира да се вратат на тв.
Тркало на среќата сакам да оди од Понеделник до Петок место Се или нешто. И би требало во тркалото и среќа но и знаење, и би било гледано од публиката.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Тоа сигурно би било квиз од типот ,,Кој е кој и Што е што". Гледачите да се јавуваат и да погодат за која песна станува збор, за кое јадење или такво нешто слично. Ем не е потребно некое посебно знаење за квизот, ем наградите се интересни, што за народот еден ваков квиз се прави да биде интересен и гледан квиз. Но можеби и тоа би било квиз од типот ,,Круг на знаење", од проста причина што еве на мене додека го гледам ми е интересно да погодувам и да видам колку знам или колку незнам. А сигурно има и други луѓе што го прават тоа како мене.

Сеедно дали квизот ќе биде од типот среќа/препознавање или знаење, би викал во секоја емисија по еден пејач да ја претстави својата песна или спот што би било уште по интересно за гледачите.

:)
Уште Драган Вучич за водител да го земиш и идеата ќе ти е комплетна.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Уште Драган Вучич за водител да го земиш и идеата ќе ти е комплетна.
Па за квизови на препознавање/среќа Драган Вучиќ е идеален водител. Одлично знае да ги примами да се јавуваат пензионерите и луѓето со помалку знаење.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.070
Поени од реакции
22.102
Инспирација само од јапонија...

Или она 18+

Kajgana Shop

На врв Bottom