Се молат децата (од 18-21 година) кои не планираат семејство во блиска иднина да се воздржат од коментари.
Муабетите од стилот, „користите интернет, одите во кафани, шетате по одмори..“ се апсурдни. Не значи ако ти се роди дете дека треба да се лишеш од сите задоволства во животот. Најнормално дека прво за него ќе гледаш, а после за себе, но не значи со сопругот/сопругата од се да се откажете (каков живот би било тоа).
Имам ситуации со пријателки со деца/бебиња кои ми плачеле по телефон, зошто детето им гори од температрура, а таа нема 100 денари шируп да му купи. Или паднало си скршило рака, нема пари на лекар да го однесе... Друга ситуација, од фамилија само синот и идната снаа работат (родителите сеуште не се кандидати за во пензија). Цела плата на синот оди да ги плати сметките, да земе јадење и лекови да купи дома. Себично би било ако се чува и не прави деца веднаш?
Друг пример, под еден покрив (поточно стан со 3 соби и 1 вц.) живеат синот и снаата, сестрата, мајката и таткото. И снаата раѓа не едно, две деца (каде го направиле второто јас незнам).
Семејство се планира кога и двете страни (и мажот и жената) се договорат како понатаму,,, Не е само да го направиш, да ги носиш 9 месеци и после да неможеш кашички или млеко да му купиш. За пелени да не збориме.