Сакам да имам 5 деца, ама реалноста ми кажува дека најдобро е да имам 1 или максимум 2.Ова е мојот поглед кон светот, не само кон нас како нација, затоа што доаѓа време кое ке не примора да го гледаме човештвото како едно цело, како еден организам, кој според мене сега е зафатен од рак, и ако продолжи да се однесува вака ке изумре. Како една од мерките за излекување на тој организам го предложувам следново:
-Кога ке погледнеме глобално, без да додаваме чувства кон тој поглед, т.е потомството, во светот има 7 милијарди луѓе, од кои милиони немаат основни услови за живот. Ние не можеме ни овие 7 милијарди да ги усогласиме, да имаат нормални услови за живот, а камоли доколку се дуплира таа бројка. Тоа ке биде хаос. Ке се создаде уште поголем глад, ке се исцрпат изворите на храна, вода, и ако продолжиме да ја користиме нафтата а не најдеме алтернативно решение во скоро време, со зголемување на човечката раса многу побрзо ке се исцрпи нафтата а уште побрзо ке се загади воздухот,водата, и земјата. Ке има потреба за уште поголемо производство, на предмети, пример од пластика (играчки, мебел, домаќински апарати и тн.), кои после нивното отфрлање од употреба ке треба да се закопаат во земја, а знаеме дека пластиката не се разградува илјадници години, значи ке се загади земјата.
Штом нафтата ке се исфрли во воздухот, водата и земјата во вид на штетен гас или течност, ке изумрат многу живи суштества, вклучувајки не и нас, со тоа што ке се разболуваме се почесто, и нашиот имунитет од нечистотиите кои ги внесуваме преку загадениот воздух вода и храна (која расте во загадената земја) ке биде на многу ниско ниво.
Ке треба да се обработуваат многу поголеми површини земја, што значи дека многу шуми и зелени површини ке треба да се уништат, за да се насадат земјоделни култури со кои ке треба да се прехраниме.
Исто така со зголемување на популацијата и градовите ке се зголемат, ке зафаќаат големи површини, и ке ја загадуваат природата, или пак најлошото е тоа што ке ја уништат, затоа што многу паркиралишта за автомобили ке треба да се направат. Зелените тревнати и пошумени предели, ке се претворат во куп цигли (ние ги викаме згради), и слоеви асфалт, зачинети со CO2.
И се ова ради големата популација се дешава, т.е заради големиот наталитет.
Мој предлог, како еден дел од сложувалката е да се намали популацијата преку новороденчињата. Не велам ниедно дете да не се роди, но секоја фамилија која планира да има деца, да има по едно, или најмногу 2 деца, затоа што ние знаеме дека, со повеќе деца, доаѓа и поголема сиромаштија, и фактички ние сме кривците бидејки сме можеле да го запреме тоа, и да си живееме со едно или две деца што ги имаме, и да ги израснеме во свесни личности кои за свој дом ке ја сметаат целата планета земја а не само онаа куќа град или држава во која живеат, и да водат сметка за сите луѓе во светот како да се дел од една фамилија. Само така ке можеме да направиме промена кон подобро.
Кинезите мислам дека, ама не сум сигурен, имаат закон кој на луѓето без разлика дали се во брак или не им дозволува да имаат само по едно дете. Доколку родат второ, родителот си плаќа казна на државата. Тие се премногу бројни, и ако продолже бројката на луѓе да се зголемува, ке ги исцрпат своите ресурси многу брзо и нема да има доволно за сите, што значи дека многу ке трпат за леб и вода. Затоа мора да се регулира бројката на луѓето, но не преку закони,туку преку освестување и гледање од друга перспектива со поширок видик на нештата, бидејки сметам дека човекот е свесно суштество кое знае да научи и да се промени.Таму кај што има висок наталитет да се намали, а таму кај што има висок морталитет да се зголеми до ниво на нормално и да се одржува тоа. Под нормално ниво подразбирам ниво на наталитет кое ке одржува константна бројка на популација, ниту да води кон зголемување на популацијата ниту кон намалување. На пример треба да се направи проценка, колку луѓе ке биде нормално да постојат на планетава,според расположливите ресурси,за секој човек да има нормални услови за живот (храна, вода, дом, облека). Значи тоа да е еден минимум за животен стандард, и според тие проценки, кои треба да ги направи некој стручен тим, составен од физичари, биолози, хемичари, машински и гадежни инжинери, економисти и тн. кои на крај ке утврдат во која држава треба да се намали или зголеми популацијата за рамномерно да се распредели и да се достигне и одржува посакуваната бројка на жители на планетата.
Едно е сигурно, вака ако продолжиме да ја зголемуваме бројката на луѓе, колку и да сакаме да имамепотомство и колку и да е убаво чувството да се има дете или повеќе деца, на долг рок, тоа имање на многу деца ке им донесе сиромаштија и борба за опстанок, т.е војни во кои ако се употреби максимално расположливото оружје, човештвото може да се доведе до работ на истребување.