Извинете кажувам кога прекинувам некого во муабет, или кога се јавувам некаде за некоја информација (со тој збор почнувам, дека знам прекинувам некого во кафе-муабет, нормално) па и да е јавувањето општо кај познат доколку не е тој на телефон, или кога влегувам во било каква продавница пред да прашам нешто, или кога поминувам низ гужва ...
Кога грешам некому не кажувам извини дека се осеќам бедно и не верувам дека ќе поправи нешто тоа ... гледам ако може поинаку да го поправам тоа, или ако ми е некој близок викам онака "добро де извини" па звучи многу цинично баш ради тоа што не верувам во зборот ... затоа не го практикувам често.
А не сакам ни мене да ми кажуваат извини ... се осеќа човек кога се кае за тоа што згрешил и тоа извини ако го каже незнам што да вратам па не го сакам ич. Најчесто моите блиски ако ми згрешат им простувам пред тоа, па не ми е пријатно да се измачуваат да смислат како да ми се извинат.