Темава е од 2011 година, ама бидејќи имам ваков проблем сега, морам да напишам пост
Имам 16 години и сакам скутер 50 кубика, да одам со него на училиште и да си се возам низ Скопјево. Немам сеуште положено, но тоа е најмал проблем. Кога ќе се донесе одлука за моторот, прво ќе одам да полагам, па потоа во салон...но тоа не е проблемот. Проблемот е во тоа што на моите им е страв да ми купат скутер. Јас навистина не гледам причина за тоа, затоа што досега за се сум покажала дека сум одговорна и совесна, па не гледам зошто со моторот не би била...во моето училиште има деца (прва и втора година) си доаѓаат на училиште со моторчињата, си се возат...има и девојчиња. Но татко ми мене ми вика дека не е сигурен како би се снашла со вожња во голем град. Јас повеќе пати му имам кажано дека ќе возам по правила и прописи, со кацига и нема да возам брзо секако, ама незнам како да му докажам.
Што се однесува до финансиската страна, не барам некоја којзнае каква марка, него обично малечко моторче, чисто да се возам со него, не да се фалам колку сум богата (читај - да се фалам со Априлија на училиште, као еј види што возам јас). Затоа сметам дека тоа не е проблем, затоа што немам преголеми барања околу марката.
Останува првиот проблем. Не дека татко ми нема доверба во мене, ама дирекно ми кажа дека едноставно не е сигурен како и дали би се снашла во возењето во голем град и дека колку и да пазам, може да се најде некој несовесен возач. Несовесен возач може да се најде секаде, а во големите градови уште повеќе.
А јас сум многу загреана за скутер, уште од лето 2012 ама тогаш не мислев толку на тоа, скоро воопшто. Сега последниов месец не ми изглегува скутерот од глава, посебно кога ќе ги видам на школо децава како си се развозуваат со скутерите, или на улица некој паркиран скутер.
Ние во викендицата имаме веспа 150 кубика, ама јас таа неможам да ја возам. Голема е и неможам да добијам возачка дозвола за неа (18 години треба), а за неа моите нема да се согласат да ја возам поради законот и првенствено поради моја безбедност, впрочем затоа е и тој закон. Апсолутно тие веспи не се за 16 годишници, големи се.
Некој совет да ми дадете?