Книгата "We the Macedonians" од Коснтантин Стефанов

Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
Видите како добро седи насловот. Ги спомнуват Македонците. Значи се работи за посебен народ. Еве доказ за македонски идентитет од периодот на Прва светска воjна. Што ќе кажтe сега?

 

Attachments

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Бугар (Boom Boom): глупите секогаш ќе најдат простор да се изразат...

untitled1.JPG
Popular mechanics,1908.
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
Дали смееме да видиме каква е содржината на книга со наслов We the Macedonians на форум за коj се тврди дека е наjголемиот македонски во интернет? Авторот е наш, Македонец од пиринскиот непокор, jа имат издадено во Шваjцариjа, земjа што секогаш служела како пример за решение на македонското прашање. Така да би требало да нема проблем. Што мислите вие?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Швајцарија како пример за решение претставува своевидна идеја на Ванчо Михајлов, преку која се исклучува македонска националност, а се предлага административна поделба на Македонија по кантони пр. “Српски“, “Бугарски“, “Грчки“ со употреба на соодветните јазици на овие соседни земји.

Доколку сакаш да ја афирмираш книгава повели, не знам зошто си толку конспиративен.


За да не умреме од здодевност додека те чекаме тебе со твојот голем доказ, сите кои сакаат да видат за што станува збор нека прочитаат:

http://www.archive.org/stream/wemacedoniansbyc00stef#page/1/mode/2up

Се навестува повторување на веќе постоечките дискусии, ама секој заслужува втора шанса. :)

.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Aко некој ја чита "книгава", ќе си помисли дека се работи за некаков си најревносен турко-монгол, пардон "Бугарин".

Арно ама ако прочита што друго напишало и потпишало ова исто човече во ИСТАТА година, ќе си помисли дека се работи за голем Македонец:





Еве превод на целиот текст:

"Лозана, 12 август, 1919

(Дадено на Херон да го препрати до претседателот Вилсон)

Господине,

Во овој момент додека Мировната Конференција е преокупирана со решавање на балканскиот проблем, ние, два милиони Македонци, загрижено очекуваме
непристрасно праведно решение на македонското прашање.

Од Балканот во 1914 година се подави искрата што го вовлече светот во оган. Несигурната положба во Македонија е главната причина за конфликтот помеѓу балканските држави. Нашите соседи прават се што можат за да станат господари на аншата несреќна земја. Најголемата несреќа на македонското население се должи на тој кобен антагонизам. Ние не сме ниту воинствени ниту одговорни за грешките на балканските дипломатии, коишто во минатото си играа со судбината на Македонија.

Господине, искено ве молиме Мировната Конференција да не обрнува внимание на интригите на балканските дипломатии, и да не дозволите делба на нашата земја. Да го наулира трагичниот договор од Букурешт од 1913 година, и Македонија да ја прогласи за независна држава под протекторат на една од големите незаинтересирани сили. Таквото радикално решение ќе им осигури на сите жители, независно од расата, јазикот или верата, слободен политички и економски развиток, и ќе стави крај на зависта и конфликтите помеѓу балканските држави. Независна Македонија ќе служи како врска помеѓу тие држави и ќе го подготви патот за создавање Балканска Конфедерација.

Сметајќи дека ќе се исполнат благородните принципе на големите сили на Антантата, Генералниот Совет на Македонските Друштва во Швајцарија кој ги
претставува Македонците во Швајцарија и оние во Соединетите Американски Држави, основано организирано тело од 50,000 млади луѓе, што кореспондираат на преку 250,000 луѓе во Македонија, а се во можност слободно да ги изразуваат желбите на мнозинството од нашите сограѓани, сесрдно го моли највисокиот мировен суд за праведно трајно решение на македонското прашање. За реализацијата на едно такво решение ја молиме Конференцијата за:

1) Бидејќи денес условите се неподносливи, Македонија да биде окупирана од војски на големите непристрасни сојузнички сили, за да се стави крај на несреќите на нашите браќа и сестри, кои стенкаат под туѓиот јарем, и за да се осигури принципот на самоопределување, преку референдум.

2) Да се одобри во Парис да дојдат делегати на Македонците за пред Мировната Конференција да ги изнесат желбите на македонскиот народ.

3) На Македонските бегалци во странство да им се овозможи да се вратат во своите домови за да се посветат на своите мирни дејности.

Цврсто верувајќи во напорите на Мировната Конференција да обезбеди мир на Блискиот Исток и така да стане добротворка за Македонија,
остануваме Ваши предани слуги,

Генерален Совет на Македонските Друштва во Швајцарија,

Претседател: Проф. Константин Стефанов

Секретар: Бл. Бојаџиев"


Ова пак е само скратена верзија на еден меморандум со малку поранешна дата, т.е. од јануари истата година што го постирал Братот на една друга тема овде:

Меморандумот на Генералниот Совет на македонските друштва во Швајцарија 1919 г.

кадешто истиов Стефанов, наместо во улога на претседател, е само секретар.

Истово типче веќе во 1921-1922 почнал да се залага за некаква си про-Југословенска теза, па според ова овде ќе испадне дека бил убеден ЈУГОСЛОВЕН:

DRIFTING TOWARD A JUGOSLAV FEDERATION

Значи работава каша-попара...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Касно се свестија Бугариве што постираа, па некако им спласна еуфоријата :)

Кога ќе го читаш БумБумов во воведните постови ќе помислиш откриле нова црна дупка во вселената, ама изгледа црно им дојде пред очите кога малце повеќе истражија.

Константин бил брат на Мадам Тсилка која беше во заробеништво заедно со Мис Елен Стоун, истата пренесува во своите мемоари сведоштво за разговорот со Јане Сандански:

Very soon a man emerged from a pile of branches and came near us. He looked nervous and confused and hesitated in his speech. "Please," I said, "Tell us, are you Christian bandits of Turks?"


"Oh," he said "We are a mixture of faiths and nationalities. Among us are Bulgarians and Albanians, Serbs and Macedonians. We even have a Jew with us. But we are no bandits. You shall know very soon why you were captured."







Константин бил дете кога заминал од дома.
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
Од она што може да се види и прочита ова човече К.Стефанов е всушност еден изгубен случај = вејка на ветрот.

Зашто ако некој ја чита "книгава", ќе си помисли дека се работи за некаков си најревносен турко-монгол, пардон "Бугарин". Арно ама ако прочита што друго напишало и потпишало ова исто човече во ИСТАТА година, ќе си помисли дека се работи за некој голем Македонец:
.............
Константин Стефанов уште пред овој меморандум е дефинирал кои се "Македонците". Прочитај "We the Macedonians", а потоа види "сите жители, независно од расата, јазикот или верата". Стефанов нарекува Македонци сите жители на регионот Македониjа "независно од расата, јазикот или верата". Чети внимателно.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Никаде не вели “без разлика на јазикот“, а тебе толку лошо ти оди со англискиот што не знаеш правилно да го толкуваш терминот “раса“ во англојазична смисла.




Толку си глуп што по десетпати треба да ти повторуваат истите работи или можеби веруваш дека изигрувајќи глупак си поуверлив во аргументите.

На темата за меморандумот ти беше појаснето во врска со “расата“ ама пак тролуваш беспредметно.

http://forum.kajgana.com/showthread.php?49503-Меморандумот-на-Генералниот-Совет-на-македонските-друштва-во-Швајцарија-1919-г.

Dictionary: race
n. раса
the human race - човештво; /2/ вид, род, класа; /3/ потомство, пород, род

The term race or racial group usually refers to the categorization of humans into populations or ancestral groups on the basis of various sets of heritable characteristics.

http://en.wikipedia.org/wiki/Race_(c...f_human_beings)


Стефанов ги нарекува жителите Македонци во НАЦИОНАЛНА СМИСЛА.

И прецизно ги одвојува Македонците, Србите и Бугарите во статијата од погоре.

Доколку го прочиташ меморандумот и другите прилози, независноста на Македонија била барана преку автономија, меѓународна управа, како дел од федерации, поради 2 причини: Немањето доволна воена и политичка моќ и поради стравот дека нејзините соседи ќе започнат ново крвопролевање доколку Македонија побара своја засебна територија што директно би ги загрозила територијалните претензии на соседите.

Стефанов бил еден од оние кои не гледале услови за целосно ослободување на Македонија без помош од страна и поради тоа сметал дека идејата за слободна Македонија и Македонци е делумно остварлива како дел од Бугарија или подоцна Југославија.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Константин Стефанов уште пред овој меморандум е дефинирал кои се "Македонците". Прочитај "We the Macedonians", а потоа види "сите жители, независно од расата, јазикот или верата". Стефанов нарекува Македонци сите жители на регионот Македониjа "независно од расата, јазикот или верата". Чети внимателно.
Хаха, не за џабе старите рекле со неарни луѓе да си немаш работа...

Прочитај го УБАВО документот што сум ти го постирал и сам разбери (иако си знаеш ти) дали има некои други 2 милиони народ којшто е малтретиран од страна на неговите соседи и нивните дипломатии?!?

Плус тоа книгата е издадена во истата 1919 година, слеп ли си?
Со таа разлика што меморандумот што ти го постирал Братот е од ЈАНУАРИ 1919 год., и документот што јас ти го постирав погоре е од Август 1919 гoд. = Значи сите тие се од ИСТАТА 1919 година!

А, како што ти посочив во линкот погоре истиот човек заговарал и некаква ЈУГОСЛОВЕНСКА ФЕДЕРАЦИЈА во 1921-1922.
Ама како да дискутира човек со неписмени и неарни луѓе како вас.

Еве ти уште еден документ од истово човече, од ИСТАТА 1919 година, сам да видиш и да прочиташ дека овој бил АМЕРИКАНЕЦ. Зашто уште од мал бил под закрила и даден на воспитување на американски мисионери на Балканот.

Читај тука што пишува:



Превод:

"До Почитуваниот Роберт Лансинг,
Државен Секретар на Соединетите Американски Држави

Драги Господине,

Минатата седмица добив телеграма од Македонскиот Централен Комитет во САД, во која ме ополномоштуваат за нивни делегат на Мировната Конференција. Бидејќи јас сум пред се Американец, им се обраќам на американските власти за помош кон моите напори да одам во Париз. Во Америка дојдов од Македонија, мојата родна земја во 1893 година, момче на 16 години, дипломирав на Монсонската Академија, Монсон Масачусетс, 1895, на Јеил во 1899 (факултетска диплома), а во 1901
(магистратура), Годините 1902-1903 ги поминав на Берл-Перлам? (не се чита) Универзитетот. Вo 1903-1905 г. бев Македонски делегат во Америка. ВО 1904 се здобив со граѓанство во Њу Хејвн, Кeнeтикат, откажувајќи се од поданството кон Турската Империја.

Од 1908 г. ја држев катедрата по англиски јазик на Универзитетот во Софија. До почетокот на Војната во Европа патував со мојот Американски пасош со кој се здобив во Вашингтон во 1904 г. По напуштањето на Софија минатата година каде што бев persona non grata (непожелна личност) за силите на Центарот, добив патна исправа од Бугарската Влада. Не можев да користам Американски пасош дури и да имав таков,зашто морав да поминам низ Централните Империи.

Со желба да дојдам во Париз се наоѓам во дилема: според Американскиот закон за натурализација мене ми се забранува нов пасош. Но јас не можам да се здобијам друг, зашто јас сум или Американски граѓанин, или ако тоа не успее тогаш сум Турски поданик.

Горново го изнесувам пред вас, и ве преколнувам, Господине, како Шеф на Американскиот Стејт Департмент (еднакво на Министерство за Надворешни Работи) да ми помогнете да излезам од оваа правна тешкотија, за да можам да ги извршам обврските спрема моите сонародници во Америка.

Берн, 15 Април, 1919

Ваш предан слуга
Константин Стефанов"


Значи човечево му се обратило директно на Државниот Секретар на Америка во тоа време, да го моли за АМЕРИКАНСКИ пасош, зашто си е АМЕРИКАНЕЦ!

Сега појасно ли ти е или уште ќе се глупираш тука?!
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
1) We are Maceodniand не е од 1919 година. Тогаш е "reprinted". Прочитајте што напишал човекот и види дека зборува за Втората балканска војна. Книгата повторно печатана по Првата светска војна, зашто истото се случува на Македонија - поделена е повторно меѓу 3 земји.
2) И Христо Ботев во 1871 година зборува за Jугословенска федерација и што?
3) Човекот е натурализиран Американец. Да, тој бил Американец по државјанство, Македонец по географска месторождение и Бугарин по етнос. И што?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
И ништо де, човекот се залагал за правата на Македонците.
 
S

Shaman

Гостин
Вака, ќе станеш некогаш насабајле....
Облачно е ти се спие, едвај на работа ќе отиде човек.
Дреме неможе да се разбуди, абре ни кафе не помага.
Отвараш кајагана....
Гледаш братот, ченто и останатите као шамараат бугарски турко-монголи и .... ОП!
Веднаш денот на подобро ќе ти тргне :)

P.S. Cе извинувам за офтопиков само така ми беше мило па да ве поздравам одеднаш, а не посебно на ПМ. :)
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
1) We are Maceodniand не е од 1919 година. Тогаш е "reprinted". Прочитајте што напишал човекот и види дека зборува за Втората балканска војна. Книгата повторно печатана по Првата светска војна, зашто истото се случува на Македонија - поделена е повторно меѓу 3 земји.
2) И Христо Ботев во 1871 година зборува за Jугословенска федерација и што?
3) Човекот е натурализиран Американец. Да, тој бил Американец по државјанство, Македонец по географска месторождение и Бугарин по етнос. И што?
Ајде, докази, факти, оригинали, само без празни муабети...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ова е статија каде се наведува дека Американскиот Универзитет од Мисури ја добил оваа книга во фебруари 1920 година.



“The Evening Missourian“ 1920 година, 6 фебруари, стр. 4

А тоа значи дека книгата најверојатно ја завршил со пишување во 1919 година.

Според информациите за книгата:
Author: Stefanov, Konstantin,1878?-
Subject: World War, 1914-1918
Publisher: [Chicago?1919]
Language: English

како Издавач е наведен градот на Чикаго(?), а годината е 1919!

Тоа што Бугарето имплицира дека е публикувана меѓу двете светски војни се нарекува ТЕМА, односно периодот за кој авторот пишувал, а тоа е периодот меѓу 1914 и 1918 година.
Ова означува дека на 100% сигурност тој НЕМОЖЕЛ да ја заврши книгата порано од 1918 година!

--- надополнето ---

И ништо де, човекот се залагал за правата на Македонците.
Стефанов за Македонките:



“St. Paul Globe“ 1904 година, 8 мај, стр. 5.

Стефанов го повикува Црвениот Крст да им помогне на Македонците:



“Columbus Journal“ 1903, 4 Ноември, стр. 1
 

Kajgana Shop

На врв Bottom