Има луѓе кои мораат да си заработуваат на тој начин. Како што кажа walker girl погоре, не ме развеселуваат. Сигурно не им е баш интересно на тие кои се приморани да изигруваат кловнови и будали само за да се смее некој, затоа и не ми иде баш да се смеам. Сум имала прилика да видам кловн после претстава и не ми изгледал баш насмеан и среќен после глупирањето, дури можам да кажам дека имаше фаца ш-у-ќ-у-р з-а-в-р-ш-и. Во ред, можеби има некои кои тоа го прават од кејф, се соживеале со таа улога. Се помириле дека мораат на таков начин да дојдат до пари додека не испадне нешто подобро.
Ретко да видам мало детенце кое се смее кога ќе му се доближи некој кловн, недај боже рака да му пушти да се поздрави.