Буш беше дирекно одговорен за смртта на десетици илјади луѓе, па цела Македонија аплаудираше на поддршката што ни ја даде во Букурешт. Дури и константно навиваме за републиканците од тогаш. Меѓународната политика не е поле во кое владее морал и хуманост, па да ни е битно највисоките дипломатски претставници да имаат беспрекорно хуманистичко досие.
Доколку агендата на посетите е интегрирањето на западен Балкан како што е најавено, тогаш тоа што Клинтон не доаѓа во Македонија е порака. Лоша порака. И глупо е да го толкуваме тоа поинаку. Исто како што и грчката блокада е дипломатски пораз за Македонија, иако има луѓе (меѓу кои и јас) што не сакаат влез во Европската унија. Нашите лични афинитети немаат врска со реалната состојба.
Доколку во агенда е решавање на статусот на Косово, што може да биде и логично имајќи ги во предвид предходниве неколку месеци, тогаш треба да сме среќни што ја избегнува Македонија.
Тие десетици илјади луѓе за чијашто смрт тврдиш дека Буш е директно одговорен, не биле оставени без помош.
Кога се случија терористичките напади во САД на 11 септември 2001, интервенираа и војската, и авијацијата, и пожарникарите, и сите кои можеа на било каков начин да помогнат, а Буш во ниту еден момент не кажа дека тоа што се случило на 11 септември 2001 било спонтано или случајно се случило кај 4 различни авиони да се случат дефекти на ист ден во речиси ист временски период, поради што случајно авионите удриле во кулите близначки во Светскиот Трговски Центар во Њујорк, во Пентагон и во поле во Пенсилванија, туку Буш и целата американска јавност уште првиот ден констатираа дека станува збор за однапред планиран и организиран терористички напад.
Кога се случи ураганот Катрина во Њу Орлеанс, повторно интервенираа и војската, и полицијата, и пожарникарите, и сите кои можеа на било каков начин да помогнат.
Настрана фактот дека сепак имаше жртви и за време на терористичките напади во САД на 11 септември 2001 и за време на ураганот Катрина, сепак останува фактот дека владата не била глува и интервенирала, можеби не интервенирала успешно, но барем се обидела да интервенира.
Секој пат кога американец во странство, особено американски дипломат, побарал помош од владата на Буш, владата позитивно одговарала на барањето за помош.
А ако меѓу тие десетици илјади луѓе за чијашто смрт тврдиш дека Буш е директно одговорен ги вбројуваш и американските војници кои загинале во Авганистан и во Ирак, дозволи ми да ти кажам дека меѓу тие десетици илјади луѓе не можат да спаѓаат војниците, бидејќи тие одат во битка за да се борат и се обучени да се издржуваат сами во ситуации кога не можат да добијат помош и засилување, можеш да ги обвиниш нивните надредени офицери бидејќи ги испратиле во опасни подрачја, но сепак тие војници не биле присилно регрутирани, туку доброволно се придружиле на американската војска, така да, за нивната смрт можеш да кажеш дека Буш е индиректно одговорен, но дефинитивно не можеш да кажеш дека е директно одговорен.
Од друга страна, цели 48 часа пред терористичките напади врз американскиот конзулат во Бенгази, Либија, американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс, очајнички и директно барал помош од Хилари Клинтон, шефицата на одделот за состојби на пред кој амбасадорот Стивенс сносел одговорност, за да испрати професионални маринци за да го обезбедуваат американскиот конзулат во Бенгази, Либија, а Хилари Клинтон ја одбила помошта и покрај разузнавачките извештаи кои отворено и јасно ја посочувале јасната и непосредната опасност од терористички напад врз американскиот конзулат во Бенгази, Либија.
А за да биде срамот за Хилари Клинтон уште поголем, првите 2 недели после терористичкиот напад на 11 септември 2012 на американскиот конзулат во Бенгази, Либија, и убиството на американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс, и на уште 3 други американски дипломати, Хилари Клинтон отворено и јавно тврдеше дека не станувало збор за терористички напад, туку за спонтан протест кој настанал како резултат на гневот на либиските муслимани поради видео клип кој содржел антиисламски елементи навредливи кон исламот.
Буш од друга страна, ниту еднаш не кажа дека терористичките напади на 11 септември 2001 во САД биле спонтани поради гневот на одредени групи на луѓе предизвикан од одредени причини, туку отворено и јавно изјави дека станува збор за однапред планирани и организирани терористички напади и најави војна на тероризмот, додека неговиот наследник, Барак Хусеин Обама, наместо да бара одговорност од Хилари Клинтон и изведување на убијците на амбасадорот Кристофер Стивенс и на уште 3 други американски дипломати пред лицето на правдата, Обама пред Собранието на ООН, отворено и јавно се извинуваше за содржините на видео клипот кој наводно предизвикал гнев кај либиските муслимани кои поради истиот тој видео клип масовно и спонтано се собрале и го уништиле американскиот конзулат во Бенгази, Либија, притоа убивајќи го американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс, и уште 3 други американски дипломати.
Твојата споредба помеѓу Буш од една страна и Хилари Клинтон и Барак Хусеин Обама од друга страна, не само што не држи вода, туку е и испревртлива и нереална, Буш беше воен претседател на САД, додека Обама е радикален левичар, кој наместо да бара одговорност, им се извинува на непријателите на Америка.