Многу чкарт населба, живеам веќе 9ти месец близу општината и можам да кажам дека е ко село до центар и ништо повеќе. Луѓево во околинава се боже сачувај, а тек па кога ќе тргнам накај машинците чернобил маало ми се повраќа. Најдоброто е што од центар си оддалечен 10мин пешки.
Провинција? Ауууу....
Епа ван Скопје си/сме бе друже ... јас живеам во Скопје еве скоро 3 децении(од раѓање) во приградска населба од оваа страна на Вардар(’’Шошонската‘‘) и да цврсто сум уверен дека Скопје е само Аеродром, Центар и Карпош ... каде што наликува дека си во град и луѓето колку-толку наликуваат(не зборам за изгледот туку карактерно) на граѓани ... сето останато ти е уххххххх !
Џабе што имам/е у маало и асфалт и струја и вода и интернет и амбуланта и аптеки, продавници, пазарчиња, маркети, автобуски линии, училишта и.т.н. кога менталитетот на народот е ко да живееш во 1800 год. и тоа во некое заборавено село на крај света ...
Единствено е добро тоа што со автомобил до центарот се стига за нецели 15 мин.(доколку нема метеж секако) а и со автобус за едно 20-30 минути(а ако има метеж може и за саат време
) !
Од друга страна па сум посетил повеќе градови(исток, центар, запад) од внатрешноста на Македонија(’’провинцијата‘‘) и далеку подобро им се средени централните градски јадра па и блиската околија, имаат далеку подобра и дневна и ноќна шема, а и сум запознал извонредно паметни луѓе од другите градови, овдека е главен град да ама периферијата на главниот ни град е населена со лица кои се тешки провинцијалци(иако се тука со децении) ... секоја чест на малите исклучоци секако !
П.С. Скопје(периферниот дел) претставува една мешана чкарт територија населена со ЧКЉ-класа Македонци плус со Роми, Албанци и.т.н. и.т.н. ... сума сумарум бљак ... ако не излезам до град да поминам/прошетам овдека човек ќе збудали !