Киро Глигоров (1917-2012)

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
1. Чисто историско прашање, на кое бевме сведоци сите ние. Во оваа точка имаш право Србија немаше интерес да ја нападне Македонија, се очекуваше Киро да се приклучи кон ЈНА и заедно со Србија да ја нападне прво Словенија, потоа Хрватска и Босна. Но Киро се тргна настрана, наместо да влезе во воен сојуз на кој се надеваа „патриотите“ во тогашната Македонија, ние распишавме референдум и се осамостоивме. За овој потег освен Киро Глигоров друг не ми текнува на памет дека имаше муда да го направи. Познат како главен пиун на Милошевиќ Киро се повлече, имавме жртви и „заробени“ војници но сепак издвојувавме голема победа со тој чекор не влеговме во крвава војна. Историските факти ќе пресудат дека бевме во право. За овој дел можам да коментирам лаички и од она што јас го доживувам како граѓанин на РМ.
Ова (болдот) е безочна ЛАГА, и извини ама е резонирање на ниво на дете од градинка. Убаво си кажа самата предходно дека немаш познавања од историја, затоа би те замолил да не пишуваш вакви глупости тука.
Во кој тоа "воен сојуз" да влезе Киро кога апла го даде оружјето и целата опрема која ти ја набројав со БРОЈКИ предходно, иако Аџиќ немал намера да го повлече..?!?
Во "воен сојуз" се влегува кога најмалку две страни имаат сопствена ВОЈСКА.
Башка имаш ФАКТ = "Платформа Глигоров-Изетбеговиќ" за ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА..!

Аман од правење идолатрија врз ЛАЖНИ основи!
Утре ќе го прочита ова некој што во тие години се испилил и немал поим што се случува и ќе мисли дека е вистина.

leandra напиша:
2. Делот кој сакам да ти го објаснам и делот во кој Киро ги дава оние изјави од типот дојдовме од зад Карпатите во 6тиот век само да доловиме во кои услови Македонија се наоѓа:
На 18 Февруари 1994 Грција кон Македонија како резултат на името и знамето ни става трговско ембарго. Солун како главно пристаниште од кој ги набавуваме главните суровини како нафта ни е блокиран, доживуваме месеци и месеци криза за нафта. Нафтата како главна суровина е во производство и транспорт. Граѓаните со редици чекаат на бензиските пумпи. Во 1994 имаме стапка на инфлација од 121% галопирачка и разурнувачка. Платите се делат во милиони. Заемот од вчера денес вреди едно лижалче. Приватен сектор речиси и немаме. М1 парична маса (денарите во промет) ни се 87,9% НБРМ печати пари и пушта во оптек за да преживееме. Во исто време Србија е под ембарго од ОН коридорот десет е затворен. Ни останува Бургас каде транспортните трошоци се во милиони согласно мафијашката банда кое во тоа време беше популарна во Бугарија. Драч беше дрва и камења. Ни треба нафта и суровини. Достигнуваме трговски биланс од -194% дефицит. Блокирани сме, немаме извоз, немаме суровини, немаме ништо! Економската слика вели: Македонија нема да постои ни еден месец. Под овие услови Македонија ја потпишува билатералната спогодба. Не дека Киро сака да ја потпише, туку народот почна да крахира. Трговското ембарго завршува во 1995 година. Имавме држава од нецели 4 години, кој и да беше ќе потпишеше било што само да не извади од галопирачката инфлација!
Јас реков дека не сум економист, и еве (иако имам забелешки) ќе ја прифатам целава аргументација што си ја навела во оваа точка.

Арно ама, Македонија во 1994 година е веќе членка на ООН и многу други меѓународни организации (без да навлегуваме во заслугите и грешките на Киро околу името, референцата и сл.), што значи не може некој туку-така да поставува ембарго, што е де-факто состојба на војна.
Братот ти напишал погоре дека скандинавските земји биле во припрема на поднесување тужба против Грција за таквиот однос, ама нашето "мудро лидерство" на чело со Киро ја стокми и потпиша привремената спогодба која е погубна за Македонија од секој аспект, а не како сега што владините трабанти и славениците на т.н. "победа со пресудата од Хаг" сакаат да ни ја претстават како некаков документ-библија за нас.
Во истово ова време, кога демек ние умираме и сме во тотален колапс некои (се знае кои) редовно си тргуваа и шверцаа се и сешто кон и од Србија, да не се правиме луди.
Ако комуњарските директори со амин од Киро и Бранче ги испокрадоа претпријатијата и фабриките и ги лапнаа за бадијала, пулените на партијата и блиски по разни основи на сдсмовската тогашна клика дебело се нафатираа од шверц-комерцот со Србија во истиов овој период, да не се лажеме.
Сите знаат како и што се случуваше тие година-две, и никој не умре за јадење, ниту па ќе се случеше такво нешто.
Покажи ми друг пример во светот каде некоја земја и нејзиното демек "мудро лидерство" сменило знаме и устав заради економско ембарго од друга земја, и тоа не цели организации како ООН, или голем број на земји, туку од една единствена земја..?!?

Ако е толку лесно да не натераат на нешто, значи еве и сега нека опнат пак ембарго и ојде името. Утре нешто друго кога ќе им текне, пак ембарго и се така во недоглед...

leandra напиша:
3. Политиката од никогаш не ме интересирала. Економскиот момент во 1994 го доловив, значи имаме Народна банка која печати денари за народот да има што да јаде, фабриките се сеуште во државни раце, плати и пензии под прашање. Грција ни става ембарго, Србија е под блокади од ОН. Целиот транспорт на стоки се одвива преку Бугарија и Романија кој во тоа време се за една чрвена. Значи што и да тргне на тие простори се пљачка и уништува. Претседател на Народна Банка на Р.М во тоа време е Борко Станоевски. Со уставот на РМ и законот на НБРМ кој се носи во1992 се означува конкретно дека НБРМ е независна институција која ја има за главна цел стабилноста на валутата денар. Гувернер на РМ е под предлог на Претседател на РМ. Киро Глигоров го поставува Борко како еден од најистакнатите макроекономски експерти во тоа време. Бидејќи е млада институција е под директно влијание на целокупната ситуација во РМ. Блокирани од сите страни НБРМ мора да штампа пари. Од друга страна фискалната политика се задолжува до 37,2% комбинација на монетарна и фискална доведува до преживување на шкрги. Од 94та започнува да се експериментира со курсот на денарот со цел да се спречи галопирачката инфлација. Во тоа време Љубе Трпески како вицегувернер е во постојани преговори со ОН и Светска Банка се со цел да се изнајде решение. Има напишано неколку трудови за овие преговори во кои Македонија е условена да ја спроведе трансформацијата од државни кон приватни претпријатија. Трудовите (немам скен моментално) може да се најдат во економски факултет на темите за монетарна анализа предмет предаван од него на постдипломски студии. Имаме два начина за спроведување, едниот е тој што го знаете и го видовме сите, другиот е на делови како ваучери да ги продаваме. Плашејќи се од влез на странци и купопродажба на Македонската имовина се решаваат на продашбата од типот кој го видовме и го знаеме, директорот си ја купува фабриката со акциите на вработените под закана при тоа дава процент на Бранко и компанија да има што да јадат.
Се на се преживеа со печатење пари, задолжување и снаоѓање. Фала богу како претседател Киро ја имаше улогата.
4та и 5та утре ми се пие вечерва, еве ти линк за податоците од каде ги црпам:
http://www.nbrm.mk/?ItemID=750FC531FC3D1B49B16440313562D400
Дури и најревносните поддржувачи на ликот и делото на Киро Глигоров погледнуваат во земја и немаат одговор за грабежот на столетието наречен "приватизација" што и се случи на Македонија под негов надзор, а ефектуиран од Бранче и неговата клика.
Без разлика дали тебе те интересирала или не те интересирала политиката, има некои работи што се јасни како бел ден...

За односот Глигоров Ченто незнам ама знам дека ченто не бил тој ко шо го прикажува.Прашајте стар прилепчанец че ви кажи дека само од баџа ура викал ништо друго.
Повели ти господине одлежи 9 години и 4 месеци тешка робија, па после ела пак да продаваш басма и да викаш "ура" против Ченто овде, може ли?
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
2. Зошто во време на грчко ембарго Македонија преживеа?
2.Леандра за грчкото ембарго да ти кажам дека замрзнатото овошје и зеленчук се произведувало во македонија т.е во Прилеп во најголемиот ладилник на времето во југославија а сиот извоз за грчка одел преку Југославија фактички се прикажувало како југословенско а парите иделе во македонија зашто македонија продавала.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
На ова решение донесено на "неформалниот" состанок на тогашната ЕЗ, Киро Глигоров веќе следниот ден т.е. 3 мај 1992 г. испраќа писмо со ваква содржина:

"Подготвеноста на ЕЗ да ја признае Македонија е нешто што само по себе се разбира и претставува обврска на Заедницата кон себе и начелата од кои се раководи. Нејзиното задоцнување го толкуваме како обид да ја увери Грција како своја членка во нужноста на ова признание и да и даде време да се подготви на еден таков чин, имајќи го предвид и консензусот како метод на одлучување, договорен во Мастрихт. Меѓутоа, условувањето на тоа признание со името на нашата држава што ќе биде прифатливо за сите страни е прво, без преседан, потоа води кон одложување на признавањето со сите неповолни последици и опасности за зовриениот простор на бивша Југославија и пошироко, а нашата република и нашиот народ ги става во неизвесност и во положба што не може ниеден народ да си ја дозволи бидејќи ги доведува во прашање неговиот идентитет и достоинство. Лицитација околу името на една држава, како услов за нејзино меѓународно признавање, е надвор од сите норми на меѓународното право и практика што досега важеле и важат за признавањето на независноста на една држава. Арбитрарноста и лицитирањето околу името значат преземање голема одговорност на дванаесеттемина. Една мала држава со мирољубив народ очекува ЕЗ да си остане верна на самата себе. Би сакал во оваа пригода уште еднаш да подвлечам дека никој не треба да стравува дека однадвор ќе ни биде наметната каква било одлука што не би била прифатлива за нашиот народ."
- Киро Глигоров
(Писмена изјава на испратена до лидерите на 12-те земји-членки на ЕЗ на 3 мај 1992 година, по состанокот во Гимараеш, кога министрите повторно го одложија признавањето на Македонија)

Епа другарчиња оваква патриотска изјава нема напишано скоро ниеден наш политичар до било кој странски фактор!

Јас ја потпишувам и застанувам во одбрана на истата било каде и пред било кого. И би ја поставил во рамка да им стои во кабинетите на премиерот, претседателот и министерот за внатрешни работи, за никој од нив никогаш да не скршне од истата во градењето на нашите односи со ЕУ.

Проблемот настанува подоцна, а влегува во акутна форма со доаѓањето на власт на сегашнава гарнитура кога ИСТИОТ Киро Глигоров дава дијаметрално спротивни изјави и јавно бара Македонија да си го смени името заради некаков ѓоа-бенефит што ќе сме го добиеле од тоа.
Ама за тоа подоцна, еве да оставам место сепак некој друг да достави слични ФАКТИ, ДОКАЗИ или ДОКУМЕНТИ од било кој дел од животот на Киро Глигоров.
Бидејќи гледам дека овде нема абер од ДОКУМЕНТИРАНА и АРГУМЕНТИРАНА дискусија, ниту обиди да се разберат или продискутираат неколкуте документи-факти кои ви се досега претставени на темава, туку само плукни-залепи обиди да се поплука или велича името и делото на Киро Глигоров, како што најавив на крајот од мојов пост (којшто го цитирам) ќе ви наведам нов факт-документ којшто е тотална непознаница за 99.9% од македонската јавност.

Значи писмото и изјавата-одговор на Киро Глигоров испратен до 12-те земји членки на Европската Зедница од 3 мај 1992 г. е одличен пример за она што се нарекува нормален, патриотски однос на еден шеф на држава кој по никоја цена не е спремен да си поигрува со националните интереси на својата земја, и тоа јавно и јасно го изразува.

Е сега да видиме што изјавил истиот Киро Глигоров 16 години подоцна т.е. во 2008 година по прашањето за името на Македонија, таа истата за која ќе воскликне и ќе ја наслови една од своите книги: "Македонија е се' што имаме"

Документ објавен на Викиликс за средбата што ја имал Киро Глигоров со сега веќе поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер на 3 ноември 2008 г.


Reference IDCreatedReleasedClassificationOrigin
08SKOPJE6692008-11-05 14:422011-08-30 01:44UNCLASSIFIEDEmbassy Skopje

VZCZCXYZ0005
PP RUEHWEB

DE RUEHSQ #0669 3101442
ZNR UUUUU ZZH
P 051442Z NOV 08 ZDK
FM AMEMBASSY SKOPJE
TO SECSTATE WASHDC PRIORITY 7786
UNCLAS SKOPJE 000669

SIPDIS

STATE FOR EUR/SCE

E.O. 12958: N/A
TAGS: PREL PGOV NATO MK
SUBJECT: MACEDONIA: FORMER PRESIDENT GLIGOROV CALLS FOR
COURAGEOUS LEADERSHIP AND A NAME DEAL

SUMMARY

¶1. (SBU) Still sharp and spry at 91, former President Kiro
Gligorov met with Ambassador Reeker November 3 to welcome him
back to Macedonia and to share his views on the current
political situation and prospects for the future. Gligorov
expressed his disappointment in the current Government's lack
of courageous political leadership, viewing it as a key
missing element to closing a deal on the name issue. He
believes that with effective leadership, Macedonians can
accept a compromise on the name, saying only the adjective to
describe the language and identity of the people are
redlines. Gligorov also suggested that Macedonia must
realize that it is not the center of the political universe
for the U.S., EU, and NATO, and must recognize the limits of
other states' and organizations' willingness to solve the
country's problems, a view not often expressed here.
Macedonia's elder statesman offered a novel view of the
country's need for a self-reliant, focused and flexible
approach to resolving the name dispute. End Summary.

Statesmanship: Let Time Prove you Right
----------------------------------------

¶2. (SBU) Former President Gligorov commented on the lack of
courage among Macedonia's current political leaders, saying
they are hiding behind the "will of the people" rather than
leading, pressing for change, and calling for flexibility in
resolving the name dispute. Gligorov believes that the Prime
Minister and other political leaders must insist on a
solution to the name dispute, even if it is not popular, and
should "allow time to prove them right" rather than polls and
ratings. He cited his own decision to allow Macedonia to
enter the UN under the provisional name "the former Yugoslav
Republic of Macedonia" as an example of courageous leadership
-- making a decision that was right for the country, if not
popular with the people.

¶3. (SBU) "There is no democracy without compromise," and in
Gligorov's view, Macedonian leaders and citizens must be
prepared to compromise on "anything other than their language
and identity." He called the recent Nimetz proposals good
bases for negotiations and resolution, saying that barring a
ban on the use of "Macedonian" to describe the language and
identity, "all other solutions are practically possible."

The World Does Not Revolve Around Us
------------------------------------

¶4. (SBU) The former President offered a refreshing view of
the role of Macedonia's friends and allies, saying "we are a
small country with a small population. There are limitations
to how much the U.S. will or should help us." He said that
Macedonian leaders relied on their belief that the U.S. could
prevent the Greek veto in Bucharest rather than developing a
strategy themselves before the meeting. "We must help the
U.S. to help us," Gligorov offered, echoing a line the
Ambassador uses frequently with Macedonian interlocutors.
Gligorov added that the current leaders have done little to
make it easy for the U.S. and others to aid them.


REEKER

Превод:

"ПРЕДМЕТ: МАКЕДОНИЈА: ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ГЛИГОРОВ ПОВИКУВА НА ХРАБРО ЛИДЕРСТВО И ДОГОВОР ЗА ИМЕТО

РЕЗИМЕ

1. Сеуште остар и витален на 91 година, поранешниот претседател Киро Глигоров се сретна со амбасадорот Рикер на 3 ноември да му посака добредојде при неговото враќање во Македонија и да ги сподели неговите гледишта за моменталната политичка ситуација и можностите за во иднина. Глигоров го изрази неговото незадоволство за недостатокот од храбро политичко лидерство кај сегашната Влада, гледајќи на тоа како на клучен елемент којшто недостасува за да се направи договор по прашањето за името. Тој верува дека со ефективно лидерство, Македонците може да прифатат компромис за името, велејќи дека само придавките за јазикот и идентитетот на народот се црвени линии. Глигоров исто така додаде дека Македонија мора да разбере дека не се наоѓа во центарот на политичкиот универзум за САД, ЕУ и НАТО, и мора да ги разбере ограничувањата на другите држави и организации и нивната воља да ги решаваат нејзините проблеми, гледиште кое не е често изразено овде. Стариот македонски државник предложи нов поглед за потребите на земјата за самобитен, фокусиран и флексибилен пристап во решавањето на проблемот со името. Крај на резимето.

Државништво: Остави времето да докаже дека си бил во право
----------------------------------------------------------

2. Поранешниот претседател Глигоров коментираше за недостатокот на храброст помеѓу сегашните политички лидери на Македонија, велејќи дека се кријат зад "вољата на народот", наместо да водат, да притискаат за промени, и да повикуваат за флексибилност во решавањето на проблемот со името. Глигоров верува дека премиерот и другите политички лидери мора да инсистираат за решавање на проблемот со името, дури и ако тоа не е популарно, и треба да "дозволат времето да докаже дека биле во право" наместо анкетите и рејтинзите. Тој ја посочи неговата сопствена одлука за приклучувањето на Македонија кон ООН под привременото име "поранешната југословенска република Македонија" како пример за храбро лидерство -- правење одлука што е добра за земјата, иако непопуларна кај народот.

3. "Не постои демократија без компромис", и според Глигоров македонските лидери и граѓани мора да бидат спремни на компромис "за се' освен за нивниот јазик и идентитет". Тој ги нарече неодамнешните предлози на Нимиц добри основи за преговори и решение, велејќи дека освен забраната за употребата на "македонски" за опис на јазикот и идентитетот, "практично сите други решенија се можни".

Светот не се врти околу нас
---------------------------

4. Поранешниот претседател понуди свеж пристап за улогата на пријателите и сојузниците на Македонија, велејќи "ние сме мала земја, со мал народ. Постојат ограничувања за тоа колку САД можат или треба да ни помагаат". Тој рече дека македонските лидери се ослонувале на нивното верување дека САД можат да го спречат грчкото вето во Букурешт, наместо да изработат сопствена стратегија пред состанокот. "Ние мора да им помогнеме на САД за тие да ни помогнат нам", понуди Глигоров, повторувајќи ги зборовите што амбасадорот често ги употребува со своите македонски соговорници. Глигоров додаде дека сегашните лидери направиле малку за да ја олеснат помошта од САД и другите кон нив.

Рикер"

//////

Еве сега некој пак нека се обиде мене овде да ме обвини дека сум му импутирал "предавство" на Глигоров.
Читајте убаво што изјавил и напишал во 1992, а што во 2008 година.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Можат да пишуваат било каква историја, но јас сум дел од неа.
Ја имав таа несреќа септември 1990 да служам ЈНА во Словенија. Пред заклетвата, во Љубљана беа нападна војници, забрана за излегување.Постојано територијалната одбрана на Словенија имаше вежби близу касарните.Мојата класа словенски војници ја напушти ЈНА, договорно, пред плебисцитот 27 мај 1990 година. Тогаш почна војната во Словенија. Мојата класа хрватски војници ја напуштија ЈНА, договорно, еден месец покасно. Останавме Македонци, Босанци, Црногорци, Срби.
Кому служевме?
Бев крајно изреволтиран кога во јуни и септември “МУДРОТО“ македонско раководство прати нови македонски регрути во ЈНА.
Имав 18 години, од политика појма немав, но ја со своите 18 години, зелен, знаев дека од Југославија ништо не бива, а и од ЈНА, дека треба да си се чуваме, ние, Македонците.
Ја немавме таа среќа.
Ја видов и јунската и септемвриската класа 1991 Македонци, кои како глинени голуби гинеа по боиштата на бивша ЈУ.
Сигурно тие први ќе го пречекаат.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Претседателот Киро Глигоров погребан без високи државни и црковни почести..


Дали Глигоров беше атеист ?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Изјавата на поранешниот македонски претседател од 92та во Тирана, се уште во Грција се користи како доказ и потврда на грчките позиции.

„Ние сме Словени дојдени во шести век и немаме никаква врска со александровата цивилизација“, изјави Киро Глигоров на 3.06.1992 година.

17 години по изјавата во Тирана првиот македонски претседател говорејќи за Прото Тема го потврди својот став. Киро Глигоров во последното интервју за грчки медиум во октомври 2009та рече дека уште верува во истото. Објасни дека за него е смешно што некои македонски историчари тврдат дека ние сме доселени 2000 години пред Александар Македонски.

„Разговарав со еден мој пријател историчар дека вака како што сме тргнале ќе излеземе директни потомци на Адам и Ева, а рајот ќе биде македонска сопственост“- рече тогаш Глигоров.

Интервјуто беше само неколку дена по победата на ПАСОК на парламентарните избори во Грција, па првиот македонски претседател рече дека е песимист за можно решение на проблемот со името, бидејќи и новата грчка влада говори за “црвени линии“ од кои не може да отстапи. Во октомври 2009та преку весникот Прото Тема Глигоров порача дека и Македонија и Грција мора да направат отстапки за да се дојде до решение.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=85152

Чиро..Чиро..:rolleyes:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Многу лоша и пред се штетна изјава, која Грците и ден денес ја користат како оружје во борбата против македонскиот идентитет, јазик и име. Изјава која јас лично никогаш нема да му ја опростам и за која веројатно нема оправдуање. И дедо ми бил комунист , бил и на релативно високи функции, бил подржувач на идејата на тито , но врската на денешните Македонци со античките Македонци и Александар Македонски никогаш не ја спорел.
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Најголем плус за Киро што го имавме како претседател беше тоа дека е единствениот политичар од Македонија доволно моќен да му каже НЕ во лице на Милошевич.
Најголем минус му е тоа што тоа НЕ го кажа дури 1995 г. на 2 Октомври. На 3-ти Октомври му се деси атентатот. Такво НЕ на Милошевич имаа шанси да му кажат и Топурко и Гошев ама немаа кохонес односно имаа голем страв од “службите“. Како што се покажа стравот им и оправдан ама истите тие имаа можности и за преструктуирање (уништуање) на тие “служби“ барем во Македонија.
Историското НЕ на Милошевич да му беше кажано на 9 Септември 1991 г. на пример, многу работи во нашата блиска историја ќе беа поинакви. Дали ќе имаше војна, окупација директна од Србија или не, е дискутабилно и може кој како сака да си анализира. Јас не мислам дека Македонија се одвои од Југославија без војна. Илјадници наши војници учествуваа во војните во државите од поранешна Југославија. Во тие војни загинаа многу повеќе Македонци отколку Словенци.
Без војна ако така збориме се одвои и Црна Гора од Србија, значи не е само Македонија.

Спиењето на тоа уво за некаква си федерација со Србија, Црна Гора и Босна се до 1995 г. не оддалечи во многу од нашето афирмирање како држава односно ни се “местеа“ сопки за да не успееме да опстанеме.
Повеќето сопки беа од внатрешни (Македонски фактори) кои доста добро одработуваа и им даваа насоки на странски фактори како понатака со нас.
Јавно Киро ја промовираше еквидистанцата од соседите, но во пракса тоа не беше така.
Останувањето со Србија дали беше негов проект до крај, или тој само балансирал помеѓу две зла (двете струи беа: да не поделат и не нема или војна па што биде) е исто така дискутабилно.

Околу крадењето во “негово“ време. Мислам дека тој поради тоа што веќе беше остарен и на времето си проживеал убав живот (секс дрога и рокенрол со “буржуаската“ политичка елита во СФРЈ) немал некои претензии за богатење и крадење. Проблем му беше што беше опкружен со “гладни“ кучиња кои пет пари не даваа за државата и народот. Е тие гладни кучиња не само што не им пречеше ембаргото туку и го посакуваа, за да работат во матно.

Киро многу добро се справуваше ми се чини со светските државници и добро ја претставување Македонија надвор. На постарите политичари како Кљусев, Андов па и некои од помладите тогаш како Гошев, тој им беше закон. „Како че каже Киро така че напраиме“ Но имаше сериозен проблем со контролирање на “типчиња“ како Фрле и Бране.

Како личност мислам дека ќе беше топ за Македонија да беше малку помлад кога се врати. Да му беа младоста и идеалите од 44-45 во 90-91 мислам дека Македонија немаше да има проблем со името со Грција, немаше да има долгогодишни спорови околу границата со Србија и Албанците ќе беа среќни жители на Макдонија со сите права според меѓународни стандарди без непотребниот конфликт од 2001 г.
Иако до самиот крај оддаваше слика на витален и држечи човек сепак годините си го имаа прегазено.

Нека почива во мир.
Си проживеа успешен и долг живот.
 
H

HITCH

Гостин
После формирањето на СДА* во Босна, Киро веднаш го покани, неговиот драг пријател од бившата им и никогаш непрежалена Југославија, Алија Изетбеговиќ во Македонија. Откако дојде, Алија им сугерираше на муслиманите да се претопат со најголемата заедница, па така, Македонците муслимани и Босанците почнаа да се декларираат како Албанци, дел од Турците си отидоа во Турција, а во Македонија се доселија и вахабиите од Босна. Киро знаеше и не стори ништо за да ја спречи поделбата на Македонци христијани и Македонци муслимани.

Киро, сега конечно си заедно со твоите другарчиња Алија и Слободан.

П.С. Киро е виновен што Гошев не ја доби поддршката за формирање на Влада.

* СДА е формирана од поранешните членови основачи на „Млади муслимани“, кои се обвинети за ширење на радикален ислам и поддршка на вахабистите.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Малце офф-топик, ама битно е и ова:
Восочна фигура на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија, наскоро ќе биде изработена и поставена во Музејот на македонската борба.

Како што информираат од Владата, ќе биде изработен и споменик на Президиумот на АСНОМ, каде ќе биде вграден и Киро Глигоров како дел од проектот Скопје 2014.
Авторот на споменикот имал средба со Глигоров пред неговата смрт и извршил консултации околу споменикот на АСНОМ.
***
Киро Глигоров, роден како Киро Панчев беше првиот претседател на независна и самостојна Република Македонија.




Беше роден во Штип во 1917 годна, а почина во Скопје на 1 јануари 2012-тата.Беше македонски политичар и правник. Претседателската функцијата ја извршуваше во два мандати од 1991 до 1999 година.

Во текот на своите два мандати ја промовира политиката на„eквидистанца“ кон сите соседи на земјата: Србија, Бугарија, Грција и Албанија. За време на неговиот мандат се случиле некои од најважните настани од современата историја на земјава: на референдум беше прогласена била прогласена независноста на земјата на 8 септември 1991 година, а Македонија беше и единствената од поранешните југословенски републики која се осамостои по мирен пат.
Заедно со Борис Трајковски, Глигоров во 2005-тата година стана прв носител на „Орден на Република Македонија“.
На 3 октомври 1995 година врз тогашниот претседател на Република Македонија бил извршен неуспешен обид за атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата.
Ниту нарачателите ниту извршителите на атентатот врз Глигоров сѐ уште не се познати. За обидот за атентат врз него, Глигоров напишал и автобиографска книга „Атентат- ден потоа“, што ја промовираше во 2002 година.
По закрепнувањето, Киро Глигоров официјално на функцијата претседател на Република Македонија се врати на 10 јануари 1996 година. Две години подоцна, Глигоров беше одликуван со Медитеранската награда за мир Во Неапол.
Глигоров беше најстариот македонски политичар, со околу 70 години активност во современата историја на Македонија. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во една година подоцна Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот.
По пензионирањето од активниот политички живот, претседателот Глигоров беше активен преку Фондацијата која го носи неговото име и беше автор на повеќе книги.
По неговата смрт, Глигоров останува во македонската историја и во спомените на сите Македонци.
***​
Државниот секретар на САД, Хилари Клинтон испрати телеграма со сочувство по повод смртта на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.


-Неговата посветеност кон независноста на Македонија доведе до мирна транзиција во 1990-1991, а неговото стабилно лидерство претставуваше инспирација додека Македонија надминуваше огромни тешкотии. Претседателот Глигоров беше пријател на Соединетите држави и лидер кој имаше визија за својата земја и се уште служи како пример за Македонија и за регионот. Моите мисли и молитви се со неговото семејство и сите граѓани на Македонија, се наведува во телеграмата.

Текстовите се превземени од Курир.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
После формирањето на СДА* во Босна, Киро веднаш го покани, неговиот драг пријател од бившата им и никогаш непрежалена Југославија, Алија Изетбеговиќ во Македонија. Откако дојде, Алија им сугерираше на муслиманите да се претопат со најголемата заедница, па така, Македонците муслимани и Босанците почнаа да се декларираат како Албанци, дел од Турците си отидоа во Турција, а во Македонија се доселија и вахабиите од Босна. Киро знаеше и не стори ништо за да ја спречи поделбата на Македонци христијани и Македонци муслимани.

Киро, сега конечно си заедно со твоите другарчиња Алија и Слободан.

П.С. Киро е виновен што Гошев не ја доби поддршката за формирање на Влада.

* СДА е формирана од поранешните членови основачи на „Млади муслимани“, кои се обвинети за ширење на радикален ислам и поддршка на вахабистите.

Киро е крив за многу работи.и преку сите да пројдам , ама преку 2 работи неможам..

1. Давањето на лични карти и пасоши на Косовари (број им се незнае)
2. Ќутењето а со тоа и одобрувањето на транзицијата и кражбата на државниот имот од страна на олигарсите ( барем со осуда да искочеше,ако неможел и немал механизми да ја спречи)

Настрана ја ставам изјавата дека сме Словени и немаме никаква врска со никој освен со Словените.. дебилска изјава која како што гледаме и во 2009 ја потврдил,не била инцидентна..
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Без сомнение, само се потврдуваат дијаметрално различните погледи во однос на тоа што е или што треба да биде нашиот raison d’etat во надворешната политика.
Затоа што кога националните интереси се загрозени, тогаш нема време и простор за калкулирање со економската профитабилност од решенијата кои треба да го осигураат функционирањето на државата, што е предуслов за одбрана на суверенитетот и стекнување со надворешно-политичко влијание.

И денес, можеме да го поставиме потполно истото прашање на маса, како тоа ние ќе се осигураме во случај повторно Грција да ни воведе ембарго? (повеќе реторичко прашање)


Бидејќи ти не сакаш да дискутираш врз основа на дадените аргументи, јас немам намера да развивам хипотези и економски шпекулации.
Затоа имаме дијаметрално спротивни гледишта, ти мислиш дека главна улога во носење на одлуки има надворешната политика, а јас мислам дека се тргнува од економијата. Доколку имавме економска моќ во 1994 ние немаше ништо да потпишеме. А Грција денес да ни стави ембарго :) Економската ситуација на Македонија тогаш и денес не е иста, во претходниот пост ја објаснив сликата после независноста, денес имаме стабилна валута и изградени институции, плус имаме и „добри“ комшии каде може да се обратиме. Ако решила нека стави и така три пати месечно ни ги затвора границите.
Јас дадов аргументи, прегледај ги и ќе ја сфатиш причината на изјавите.
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 18:48 ---
Јас реков дека не сум економист, и еве (иако имам забелешки) ќе ја прифатам целава аргументација што си ја навела во оваа точка.

Арно ама, Македонија во 1994 година е веќе членка на ООН и многу други меѓународни организации (без да навлегуваме во заслугите и грешките на Киро околу името, референцата и сл.), што значи не може некој туку-така да поставува ембарго, што е де-факто состојба на војна.
Братот ти напишал погоре дека скандинавските земји биле во припрема на поднесување тужба против Грција за таквиот однос, ама нашето "мудро лидерство" на чело со Киро ја стокми и потпиша привремената спогодба која е погубна за Македонија од секој аспект, а не како сега што владините трабанти и славениците на т.н. "победа со пресудата од Хаг" сакаат да ни ја претстават како некаков документ-библија за нас.
Во истово ова време, кога демек ние умираме и сме во тотален колапс некои (се знае кои) редовно си тргуваа и шверцаа се и сешто кон и од Србија, да не се правиме луди.
Ако комуњарските директори со амин од Киро и Бранче ги испокрадоа претпријатијата и фабриките и ги лапнаа за бадијала, пулените на партијата и блиски по разни основи на сдсмовската тогашна клика дебело се нафатираа од шверц-комерцот со Србија во истиов овој период, да не се лажеме.
Сите знаат како и што се случуваше тие година-две, и никој не умре за јадење, ниту па ќе се случеше такво нешто.
Покажи ми друг пример во светот каде некоја земја и нејзиното демек "мудро лидерство" сменило знаме и устав заради економско ембарго од друга земја, и тоа не цели организации како ООН, или голем број на земји, туку од една единствена земја..?!?

Ако е толку лесно да не натераат на нешто, значи еве и сега нека опнат пак ембарго и ојде името. Утре нешто друго кога ќе им текне, пак ембарго и се така во недоглед...


Дури и најревносните поддржувачи на ликот и делото на Киро Глигоров погледнуваат во земја и немаат одговор за грабежот на столетието наречен "приватизација" што и се случи на Македонија под негов надзор, а ефектуиран од Бранче и неговата клика.
Без разлика дали тебе те интересирала или не те интересирала политиката, има некои работи што се јасни како бел ден...



Повели ти господине одлежи 9 години и 4 месеци тешка робија, па после ела пак да продаваш басма и да викаш "ура" против Ченто овде, може ли?
Па што ако беше членка во ОН? И денес сме членки па сеуште вета ни ставаат.
Грција ја искористи економската слабост на Македонија и ни наметна договор и правила. Доколку Македонија немаше инфлација од на 100%, имаше реален сектор и изградени институции, плус стабилно соседство, Грција ќе можеше тој лист хартија да си го пикне...во шкаф. Но незнам како може да не ја разбирате комплексноста на ситуацијата во тие години. Значи имате податоци, ако незнаете што е инфлација и слични економски термини подорбо прашајте за да можете целата слика да ја разберете. Што ако Скандинавците сакаа да ни помогнат и Германија и Франција не ја подржаа па ни воведе ембарго. И кој ја сопре? Мислам ептен ја уплашија исто како и денес.
Шверцот кој ти го спомена е секогаш рака под рака со ембаргата. Сивата економија е единствената која може да донесе кеш во такви услови. Се разбира додека немаш некој копук како Бранко кој се тоа за свои потреби си го одигра. Но сепак овде зборуваме за одлуки на Киро, а не за Бранко. Исто и приватизацијата е под потпис на Бранко, грешка што гледал и молчел, али не му се припишува во негови одлуки. Освен ако немаш документ во кој Киро потпишува економски распродажби со функција претседател :)

до Братот
За делот Бургас - нафта, само еден податок дека до 2000 и некоја Македонското осигурателно биро не признаваше осигурување за Бугарија. Што мислите зошто? :)
Немавме избор во тоа време. Факт.
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.296
Поени од реакции
12.658
Киро е крив за многу работи.и преку сите да пројдам , ама преку 2 работи неможам..

1. Давањето на лични карти и пасоши на Косовари (број им се незнае)
2. Ќутењето а со тоа и одобрувањето на транзицијата и кражбата на државниот имот од страна на олигарсите ( барем со осуда да искочеше,ако неможел и немал механизми да ја спречи)

Настрана ја ставам изјавата дека сме Словени и немаме никаква врска со никој освен со Словените.. дебилска изјава која како што гледаме и во 2009 ја потврдил,не била инцидентна..
1.Прецедателот неможе да дава пасоши,тоа може да го направи премиерот.

2.Во нашата земја премиерот има поголема функција во раководење со државата.како шо кажа леандра во пост погоре за време на приватизаијата немало голем избор како тоа ке се одвива,ако видиш подобро и во другите змеји од Ју истото се случи.

3.Ако гледаш од некоја историска гледна точка,поблиску сме до Словените од колку до Античките Македонци
 

Kajgana Shop

На врв Bottom