Ч Е Н Т О
Методија Андонов
- Член од
- 3 јули 2008
- Мислења
- 1.698
- Поени од реакции
- 1.615
Ова (болдот) е безочна ЛАГА, и извини ама е резонирање на ниво на дете од градинка. Убаво си кажа самата предходно дека немаш познавања од историја, затоа би те замолил да не пишуваш вакви глупости тука.1. Чисто историско прашање, на кое бевме сведоци сите ние. Во оваа точка имаш право Србија немаше интерес да ја нападне Македонија, се очекуваше Киро да се приклучи кон ЈНА и заедно со Србија да ја нападне прво Словенија, потоа Хрватска и Босна. Но Киро се тргна настрана, наместо да влезе во воен сојуз на кој се надеваа „патриотите“ во тогашната Македонија, ние распишавме референдум и се осамостоивме. За овој потег освен Киро Глигоров друг не ми текнува на памет дека имаше муда да го направи. Познат како главен пиун на Милошевиќ Киро се повлече, имавме жртви и „заробени“ војници но сепак издвојувавме голема победа со тој чекор не влеговме во крвава војна. Историските факти ќе пресудат дека бевме во право. За овој дел можам да коментирам лаички и од она што јас го доживувам како граѓанин на РМ.
Во кој тоа "воен сојуз" да влезе Киро кога апла го даде оружјето и целата опрема која ти ја набројав со БРОЈКИ предходно, иако Аџиќ немал намера да го повлече..?!?
Во "воен сојуз" се влегува кога најмалку две страни имаат сопствена ВОЈСКА.
Башка имаш ФАКТ = "Платформа Глигоров-Изетбеговиќ" за ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА..!
Аман од правење идолатрија врз ЛАЖНИ основи!
Утре ќе го прочита ова некој што во тие години се испилил и немал поим што се случува и ќе мисли дека е вистина.
Јас реков дека не сум економист, и еве (иако имам забелешки) ќе ја прифатам целава аргументација што си ја навела во оваа точка.leandra напиша:2. Делот кој сакам да ти го објаснам и делот во кој Киро ги дава оние изјави од типот дојдовме од зад Карпатите во 6тиот век само да доловиме во кои услови Македонија се наоѓа:
На 18 Февруари 1994 Грција кон Македонија како резултат на името и знамето ни става трговско ембарго. Солун како главно пристаниште од кој ги набавуваме главните суровини како нафта ни е блокиран, доживуваме месеци и месеци криза за нафта. Нафтата како главна суровина е во производство и транспорт. Граѓаните со редици чекаат на бензиските пумпи. Во 1994 имаме стапка на инфлација од 121% галопирачка и разурнувачка. Платите се делат во милиони. Заемот од вчера денес вреди едно лижалче. Приватен сектор речиси и немаме. М1 парична маса (денарите во промет) ни се 87,9% НБРМ печати пари и пушта во оптек за да преживееме. Во исто време Србија е под ембарго од ОН коридорот десет е затворен. Ни останува Бургас каде транспортните трошоци се во милиони согласно мафијашката банда кое во тоа време беше популарна во Бугарија. Драч беше дрва и камења. Ни треба нафта и суровини. Достигнуваме трговски биланс од -194% дефицит. Блокирани сме, немаме извоз, немаме суровини, немаме ништо! Економската слика вели: Македонија нема да постои ни еден месец. Под овие услови Македонија ја потпишува билатералната спогодба. Не дека Киро сака да ја потпише, туку народот почна да крахира. Трговското ембарго завршува во 1995 година. Имавме држава од нецели 4 години, кој и да беше ќе потпишеше било што само да не извади од галопирачката инфлација!
Арно ама, Македонија во 1994 година е веќе членка на ООН и многу други меѓународни организации (без да навлегуваме во заслугите и грешките на Киро околу името, референцата и сл.), што значи не може некој туку-така да поставува ембарго, што е де-факто состојба на војна.
Братот ти напишал погоре дека скандинавските земји биле во припрема на поднесување тужба против Грција за таквиот однос, ама нашето "мудро лидерство" на чело со Киро ја стокми и потпиша привремената спогодба која е погубна за Македонија од секој аспект, а не како сега што владините трабанти и славениците на т.н. "победа со пресудата од Хаг" сакаат да ни ја претстават како некаков документ-библија за нас.
Во истово ова време, кога демек ние умираме и сме во тотален колапс некои (се знае кои) редовно си тргуваа и шверцаа се и сешто кон и од Србија, да не се правиме луди.
Ако комуњарските директори со амин од Киро и Бранче ги испокрадоа претпријатијата и фабриките и ги лапнаа за бадијала, пулените на партијата и блиски по разни основи на сдсмовската тогашна клика дебело се нафатираа од шверц-комерцот со Србија во истиов овој период, да не се лажеме.
Сите знаат како и што се случуваше тие година-две, и никој не умре за јадење, ниту па ќе се случеше такво нешто.
Покажи ми друг пример во светот каде некоја земја и нејзиното демек "мудро лидерство" сменило знаме и устав заради економско ембарго од друга земја, и тоа не цели организации како ООН, или голем број на земји, туку од една единствена земја..?!?
Ако е толку лесно да не натераат на нешто, значи еве и сега нека опнат пак ембарго и ојде името. Утре нешто друго кога ќе им текне, пак ембарго и се така во недоглед...
Дури и најревносните поддржувачи на ликот и делото на Киро Глигоров погледнуваат во земја и немаат одговор за грабежот на столетието наречен "приватизација" што и се случи на Македонија под негов надзор, а ефектуиран од Бранче и неговата клика.leandra напиша:3. Политиката од никогаш не ме интересирала. Економскиот момент во 1994 го доловив, значи имаме Народна банка која печати денари за народот да има што да јаде, фабриките се сеуште во државни раце, плати и пензии под прашање. Грција ни става ембарго, Србија е под блокади од ОН. Целиот транспорт на стоки се одвива преку Бугарија и Романија кој во тоа време се за една чрвена. Значи што и да тргне на тие простори се пљачка и уништува. Претседател на Народна Банка на Р.М во тоа време е Борко Станоевски. Со уставот на РМ и законот на НБРМ кој се носи во1992 се означува конкретно дека НБРМ е независна институција која ја има за главна цел стабилноста на валутата денар. Гувернер на РМ е под предлог на Претседател на РМ. Киро Глигоров го поставува Борко како еден од најистакнатите макроекономски експерти во тоа време. Бидејќи е млада институција е под директно влијание на целокупната ситуација во РМ. Блокирани од сите страни НБРМ мора да штампа пари. Од друга страна фискалната политика се задолжува до 37,2% комбинација на монетарна и фискална доведува до преживување на шкрги. Од 94та започнува да се експериментира со курсот на денарот со цел да се спречи галопирачката инфлација. Во тоа време Љубе Трпески како вицегувернер е во постојани преговори со ОН и Светска Банка се со цел да се изнајде решение. Има напишано неколку трудови за овие преговори во кои Македонија е условена да ја спроведе трансформацијата од државни кон приватни претпријатија. Трудовите (немам скен моментално) може да се најдат во економски факултет на темите за монетарна анализа предмет предаван од него на постдипломски студии. Имаме два начина за спроведување, едниот е тој што го знаете и го видовме сите, другиот е на делови како ваучери да ги продаваме. Плашејќи се од влез на странци и купопродажба на Македонската имовина се решаваат на продашбата од типот кој го видовме и го знаеме, директорот си ја купува фабриката со акциите на вработените под закана при тоа дава процент на Бранко и компанија да има што да јадат.
Се на се преживеа со печатење пари, задолжување и снаоѓање. Фала богу како претседател Киро ја имаше улогата.
4та и 5та утре ми се пие вечерва, еве ти линк за податоците од каде ги црпам:
http://www.nbrm.mk/?ItemID=750FC531FC3D1B49B16440313562D400
Без разлика дали тебе те интересирала или не те интересирала политиката, има некои работи што се јасни како бел ден...
Повели ти господине одлежи 9 години и 4 месеци тешка робија, па после ела пак да продаваш басма и да викаш "ура" против Ченто овде, може ли?За односот Глигоров Ченто незнам ама знам дека ченто не бил тој ко шо го прикажува.Прашајте стар прилепчанец че ви кажи дека само од баџа ура викал ништо друго.