не е работата копија мопија, туку аеродинамичниот стелт дизајн мора во суштина да е таков. зато сите се слични.
Точно.
За време на Корејската војна, американците и русите се збуниле, не знаеле кој е кој бидејќи борбените авиони им биле речиси исти, изградени со употреба на технологија која и едната и другата страна ја превзела од пост-воена Германија после Втората Светска Војна.
Инаку, ме изненадува ова со Кинезите, помнам дека на парадата по повод 60 годишнината од победата на Социјалистичката Револуција во Кина, во 2009 во последен момент беа откажани полетувањата на некои кинески борбени авиони, меѓу кои мислам дека спаѓаше и кинескиот стелт, бидејќи генералите рекле дека на тие авиони местото им е во битка, а не на парада, односно дека тие авиони служат за борба, а не за покажување пред јавноста.
А сега јавно покажале прототип на нов борбен авион, тоа ме изненадува.
Но можеби ова не е прототипот на новиот борбен авион, можеби намерно го покажале јавно за да ги дезинформираат јавноста и западот.