- Член од
- 29 јануари 2015
- Мислења
- 7.278
- Поени од реакции
- 20.260
Не беше пенал ако мислиш на ситуацијата кога С. Митровиќ уклиза.
Супер утакмица изиграа иако примија 2 мртви гола, ок ај првиот, ама вториот дефинитивно не смееше да се прими.
Пикси убаво збори на интервјуа, има идеи, сметам дека има доста авторитет и не би подлегнал на менаџерски игри ко што и самиот си кажа. Да видиме ѕвездите како ќе го слушаат само иако во моменталниов состав не гледам да има некој што би се курчел и би праел кланови.
Тадиќ од утакмица во утакмица само докажува за каква класа од играч станува збор. Доктор. Никад немале ваков плеј србите уште од времето на Пикси пред 30 години.
Ако не ја поминат групава нека се распаднат слободно.
Уф, Пикси е директно доведен од државниот врв. Дека не би подлегнал, не сум сигурен баш. Погледни го првиот потег. Неповикување на Миливојевиќ, човекот што јавно ја критикуваше и федерацијата и власта.
Според Пикси, Миливојевиќ не бил доволно ,,арт" за неговите замисли и тактики.
Пикси е голем фудбалер несомнено, но како селектор и тренер, воопшто не ми влева сигурност.
Вчера до 35-та минута не можеа да се состават со топка. По голот на Влаховиќ живнаа, претходно не можеа да ја изнесат топката до половина. Мајсториите на Митар и слабиот трет голман на Ирска (која не била олку лоша одамна) им донесоа победа.
И да, премногу е базирана играта на Тадиќ. Ако не направи Тадиќ нешто, немаат алтернатива. Португалија бавно ги започнува квалификациите, може ќе имаат среќа да ги сецнат во Белград.
Последно уредено: