И денеска би требало да има интересен расплет во групите.
Финска игра сега со Ерменија и после дебаклот на Ерменците со Лихтенштајн многу веројатно е дека нема да патуваат на Европско, Финска и бод да земи тука има полесен распоред од нив.
Шведска - Шпанија
Шведите не ги имам гледано ич овие квалификации и не можам да коментирам, ама Шпанија и покрај помладениот состав некако не ме убедија со играта, типувам на нерешен резултат и тука и да се одлучува до последно коло групата нивна.
Се разбира Шпанците 90% се пласирани.
Романија - Норвешка
Е тука се е можно, сакам Норвежаните да одат на Европско, а за да истанат во игра до крај мора победа вечер, тешко ама не и невозможно.
Швајцарија-Ирска
Ирците исто како Ерменците, претходните натпревари испуштија многу важни бода, ама ништо не е загубено, ако успеат некако да извадат позитивен резултат сите карти се отворени за нив, ќе решаваат последно коло со Данците.
За Швајцарија овој натпревар е маст вин.