Ќе биде исклучително тешко, бидејќи Исланд и тоа како ќе сакаат да нè победат, бидејќи ние ги исфрливме од СП во Хрватска. Дополнително ќе бидеме ослабени бидејќи ги немаме Димовски и Стојановиќ, а Исланѓаните ќе знаат да бидат и тоа како груби.
Замена за Димовски е секако Ѓоргоноски, но можеби не е на негово рамниште. Ќе треба да се тактизира и од време на време да се уфрла С. Стоилов како негова замена. Се надевам дека имал прилика да игра на натпреварите за Металург и да се увежбува да биде замена за Ѓоргоноски, кој сепак сметам дека може да одговори на предизвикот. Мислам сепак - искуство си е искуство и колку и да е подобар Димовски, ако не игра, Ѓоргоноски ќе го стаса и ќе стане заслужен прв пикер.
За Стојановиќ... Па не знам што да кажам. Класа играч е, но ете, не секогаш тоа е пресудно. За среќа или за жал, тренерската одлука е последна, па ќе мора без него. Ф. Лазаров не знам дали е сè уште на негово рамниште, но далеку од тоа дека е лош ракометар, посебно ако се има предвид дека сè подобро игра во Металург. Можеби треба да се фокусира и на додавањата, бидајќи ќе биде маркиран, а тоа може да им отвори простор на останатите ракометари, па со правовремени додавања тие да поентираат.
Да не заборавиме дека и М. Стоилов имаше искуство на СП во Хрватска, а и тој напредува во Металург. Па сега ќе видиме. Наместо еден екстра квалитетен играч, Темелковски има два можеби помалку квалитетни, но со правовремени замени и правилно тактизирање, може да донесат успешна игра на таа позиција.
Искрено, не знам на која позиција игра Јоноски и не паметам дека сум го гледал, па не можам да кажам ништо. Фактот што играл за репрезентацијата веројатно значи дека може да издржи вакви натпревари, но прашање е како ќе се вклопи во новата концепција. Можеме да го сметаме за џокер: може да ни донесе победа, но и пораз (па всушност и секој ракометар исто).
Фактот што е повикан З. Мојсоски е веќе сигурен знак дека на Јовиќ му е поминато времето во репрезентацијата, како што можеби и би требало да биде, според неговаа возраст. Сепак, треба да бидеме внимателни и да се запрашаме: што е со левокрилната позиција? Таму се Алушевски и Макалоски, а и двајцата се со над 30 години, па нивното време кај и да е ќе помине. Во интерес на репрезентацијата ни е некој ракометар да се тренира за оваа позиција. Дали Јоноски игра на неа, па е затоа повикан?
Добро е што Н. Мојсоски се враќа. Исланѓаните се сега побогати за едно искуство повеќе со нас, па ќе ни треба што повеќе разновидност во нападот, а Н. Мојсоски тоа секако го нуди. Се надевам дека и Темелковски и Шундовски ќе имаат доволно време да се припремат и да воиграат некои нови варијанти, со кои ќе ги изненадиме Исланѓаните. Зборам за целосно изработени акции, како цепелини или онаа акција што ја изведоа Н. Мојсоски и Алушевски на СП кога игравме против Полска (одбојкарско додавање во тек на вкрстување), кои ќе мора да бидат многу прецизно изведени за да се совладаат Исланѓаните.
Како и да е, се надевам дека салата Борис Трајковски ќе грми како и минатиот пат. Ќе биде потешко, бидејќи Исланѓаните сега ќе знаат што да очекуваат, па затоа ќе треба нашите да бидат уште попретпазливи. Во секој случај, ве молам да објавите колку ќе чинат картите и посебно ако се организира кајганџиско одење.
Поздрав и НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!!!
