.............прво да ти ја испочитувам професијата како архитект, па ете уште еднаш ќе напишам дека и те како има улога пополнетоста на дното на зградата (приземје) со носивни зидови (или на било кој кат), отколку со стакларија или воопшто со ништо онака отворени без разлика од висина на зградата, посебно при движење на тлото лево десно т.е. при земјотрес, а ти велиш дека е доволна само скелетната конструкција столбови и плоча со стегната арматура како кафез за стабилноста на зградата, па пред да објаснам на Voager / Toma, па и тебе за улогата на „пополнетоста“ со носиви зидови за стабилноста на зградата при земјотрес еве уште еднаш чекам да искоментираш, може ќе размислиш подобро!
Автоматски споено мислење:
Ај пак, на кратко...колку е тоа можно....секој стамбен објект било да е ниска или висока градба, доколку има дел кој не е подржан од носечки зидови било да е на кат (без преградни зидови на катот, што станарите сами си ги рушат), било да е на приземје каде нема носечки зидови поради деловни простории, па најчесто се со стакло, ролетни или пак само празни простори низ носечките столбови поради подземни паркинзи или пак базени, сето тоа доведува да објектот при потрес т.е. земјотрес биде оштетен се нарекуваат „soft story„ , или „soft building“ што скоро сите згради кои паднале во катастрофалнот земјотрес во Турција и Сирија всушност тоа и биле!
Прегледај го приврзокот 368433
...доколку објектот е во една целина со конструкција и плоча поврзани со носечки зидови подеднакво на сите катови, па и на приземје, при потрес т.е. земјотрес со нишање лево десно, целата зграда вибрира пренесувајќи ја таа гравитациона сила од горе надоле и носивоста и тежината преку столбовите и носечките зидови, велиме таа не е „мека зграда“ или изразот „soft building“.
Прегледај го приврзокот 368445
...доколку истиот објект во приземјето нема носечки зидови само столбови, поради наменски деловен простор, паркинг со што е или отворен простор или само со стакларија или ролетни, тогаш велиме дека објектот (зградата) има поинакво вибрирање на тоа место кога има земјотрес за разлика од погорните катови со што таа станува „soft building“ т.е. имаме ситуација на „soft story„.
Прегледај го приврзокот 368435
....истото важи кога нема преградни зидови кои се носечки на било кој спрет на зградата , тој дел автоматски станува потенцијална опасност при нишање т.е. при земјотрес, па токму во тој дел ќе дојде до прекршување на зградата, со што горните катови ќе останат цели,
Прегледај го приврзокот 368441 Прегледај го приврзокот 368442
...во Турција и Сирија, вакви згради всушност приземјето или првиот спрат бил смачкан додека горните катови остануваат цели зградата паѓајки цела на страна или останува исправена, да при следен земјотрес или потрес дојде до т.н „палачинка ефект“ смачкување на катовите еден врз друг како палачинка.
Прегледај го приврзокот 368439 Прегледај го приврзокот 368440
... конкретно за овие згради не се работи за квалитет на градежен материјал, арматура или пак пресметката на употребениот материјал, туку неправилно и непредвидување на разликата при нишање на простор кој нема носечки зидови или било што кои би ги замениле како челични рамки, бетонски раки што ќе го ојачат тој дел што отсуствува носечки зид поради прозори, стакларен дел од деловни простории, паркинси, базени ресторани.
Прегледај го приврзокот 368444 Прегледај го приврзокот 368446
...така да, немојте да кажете дека зидовите кои се носечки во стамбениот објект (било ниска или висока градба) немаат улога во вибрирање на зградата при земјотреси да не се руши и дека е доволно само носечкиот столб, плочата и квалитетниот градежен материјал, така да @vouager ти може колку сакаш тони арматура да ставиш на носечките столбови и плочата и да ти биде „стегнат кафез“, ако немаш доле на приземје носечки зидови туку, отворен трем, гаража, тогаш куќата ти е во група на „меки“ кои при земјотрес нема да бидат стабилни поради немање, нели под претпоставка носечки зидови имал ти и двеста тони арматура, мора да се појача токму тие точки кои при сеизмолошка активност ќе покажат слабост и оштетување.
Одамна е напуштена праксата на оставање видливи столбови во приземјето, со претпоставката дека, во случан ја земјотрес, призмените столбови би го прифатиле сето напрегање од земјотресот, а горните катови би останале здрави. Праксата го покажала спротивнотот, каде токму призмените столбови не само што не се амортизер, туку први страаат во случај на земјотрес.
Кај скелетната градба...
Ако се проектира со арм,бетонски скелет, неговото вкрутување се постигнува преку попречно или подолжно поставени ар.бетонски ѕидови, (наречени „платна„) врзани за столбовите и гредите, или со примена на истите тие ѕидови околу скалишно-ливтовската ветикала.
Ако се проектира со челичен скелет, неговото вкрутување се посигнува со примена на спрегови или дијагонално поставени профили, врзани во јазлите од скелетот (види ја кулата „Хенкок„ или кулата „Таипеи„ и ќе ти стане јасно!).
Како што можеш да видиш, нема потреба од носиви ѕидови и во двата случаи...
Последно уредено: