Квалитет на нови градби

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Иницирана од темата за земјотреси и голем број на познавачи на градежништво и архитектура сметам дека треба да имаме тема за дикусија за сите нови градби и кај нас и во светот. Земјотресите се за жал трагичен показател за алчноста и немање совест на денешната градежна фела. Постојат и исклучоци и секоја чест за сите нив но за жал многу е поголем број на тие што сопствениот интерес го ставаат пред било каква општествена одговорност.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Во Македонија претежно во албански општини најлесно се издаваат одобренија за градба. Исто како во источниот дел на Турција во курдски опшини. Без техничка документација без ништо заради гласачкото тело се издаваат како тоалетни хартии. Исто било и на некои средини во Русија.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.955
Поени од реакции
18.680
Од она што знам, пошто ијам градежник у фамилија, Турците на било кои објекти на кои што работеле во мк (Аеродромот, Џонсон Мети фабриката), а и уште активно земаат работа пошто се поевтини ко изведувачи пробувале да забушаваат прописи и да не одат по проект. Е сеа све зависи од надзорот на објектот, ако статичарот им прогледа, може да биде страшничко. Ама македонец статичар да им прогледа, нема шанси. За овие зградичките у Чаир, па и низ цело Скопје кај што луѓе живеат во згради од албански инвеститори, нека му ја мислат тие што живеат таму.
 
Последно уредено:

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.939
Поени од реакции
9.199
Минута молк за најглупиот пост во историјата на форумов.
У принцип македонците се плашат од вакви работи и општо е познато дека ако сакаш нешто нелегално да се потпише тогаш бркаш албанци. За криминал за такви ствари се они, ги боли кур...потпишуваат што сакаат. Замисли министер за животна беше командант вентили, што муабет повеќе да се прави.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.531
Поени од реакции
5.075
А за темава, во државава воглавно се гради квалитетно, статички добро е регулирано, и општо по општеството не се штеди на бетон и арматура, сум бил во многу објекти насекаде во државава и го имам тој впечаток.
А за преградни ѕидови друг е муабетот, затоа може слободно да го чуеш комшијата што си зборува.
Најлошиот земјотрес ни беше 6 по рихтер колку памтам, тој земјотрес денеска нема да направи никакви штети, камоли човечки жртви.
Штети би можеле да видиме после 7 и 8, ама никако да паднат како кули од карти како во Турција.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.606
Поени од реакции
2.117
Зградите градени во последниве 10 години во главном се солидно изведени и без поголем проблем би преживеале земјотрес до кај 6 - 7 по рихтер, сеа ќе има големи штети секако, ама дека ќе паднат тешко.

Тие што се порано градени не знам, надзорот послаб, законските прописи не толку строги...

Исто голема грешка е да се мисли дека зградите градени во Југославија се поцврсти...првин градени се од полуписмени работници по државните претпријатија кој со нив во палтото секогаш имаа паурче ракија, второ во Југославија имало огромен недостаток на цемент и арматура, и градежни материјали воопшто, па сеа соберете два и два...
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.773
Поени од реакции
82.792
А за темава, во државава воглавно се гради квалитетно, статички добро е регулирано, и општо по општеството не се штеди на бетон и арматура, сум бил во многу објекти насекаде во државава и го имам тој впечаток.
А за преградни ѕидови друг е муабетот, затоа може слободно да го чуеш комшијата што си зборува.
Најлошиот земјотрес ни беше 6 по рихтер колку памтам, тој земјотрес денеска нема да направи никакви штети, камоли човечки жртви.
Штети би можеле да видиме после 7 и 8, ама никако да паднат како кули од карти како во Турција.
Сигурно, сигурно. Албанските градежници не мораат да почитуваат никакви правила и прописи, ама оти се совесни тоа го прават и не жалат пари. Сегде у општествово им се прогледува низ прсти на албанските субјекти, па имаме горење живи луѓе во автобус, или во болница, за кои никој нема да одговара. Али битно се ослободивте од каурите и сега е слобода, нема што вие тука да почитувате правила мерки и слично.
Така да, не дај Боже да здрви земјотрес, ќе видите баш вие, колку се почитува овде, пошто не можете да сконтате колку се почитува кај вас преку случаите Ласкарци и другиот во Бугарија, како и во болницата во Гостивар.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Минута молк за најглупиот пост во историјата на форумов.
Ха ха ха да ама барем во источна Турција се случи ова, претежно каде што живеат курди на чело со курдски градоначаници, оти и тие се иста сорта како албанците, не ги почитуваат законите за градење. И после ќе се срушат како кула од карти.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.556
Поени од реакции
4.647
Од она што знам, пошто ијам градежник у фамилија, Турците на било кои објекти на кои што работеле во мк (Аеродромот, Џонсон Мети фабриката), а и уште активно земаат работа пошто се поевтини ко изведувачи пробувале да забушаваат прописи и да не одат по проект. Е сеа све зависи од надзорот на објектот, ако статичарот им прогледа, може да биде страшничко. Ама македонец статичар да им прогледа, нема шанси. За овие зградичките у Чаир, па и низ цело Скопје кај што луѓе живеат во згради од албански инвеститори, нека му ја мислат тие што живеат таму.
Кај фабриката „Џ.М.„ веќе се појавени проблеми, а за квалитетот од кулите во Аеродром би требало проба „ин виво„, со јааако дрмање...во облик од природна непогода.

Ако Турците забошотувале „по дома„, зашто би почитувале туѓа градежна регулатива...
Автоматски споено мислење:

Зградите градени во последниве 10 години во главном се солидно изведени и без поголем проблем би преживеале земјотрес до кај 6 - 7 по рихтер, сеа ќе има големи штети секако, ама дека ќе паднат тешко.
Не кажи три пути...не се проверени на реални земјотреси. Батали теорија, софтвери, статика, ово, оно...
Автоматски споено мислење:

Исто голема грешка е да се мисли дека зградите градени во Југославија се поцврсти...првин градени се од полуписмени работници по државните претпријатија кој со нив во палтото секогаш имаа паурче ракија, второ во Југославија имало огромен недостаток на цемент и арматура, и градежни материјали воопшто, па сеа соберете два и два...
Штом тогаш (во СФРЈ) градените објекти ги преживеале досегашните земјотреси, значи дека не се ни толку лошо градени, барем по прашање на нивната асеизмичност. Комфорот кој тие објекти (не) го нудат, е друга тема...
Автоматски споено мислење:

Иницирана од темата за земјотреси и голем број на познавачи на градежништво и архитектура сметам дека треба да имаме тема за дикусија за сите нови градби и кај нас и во светот. Земјотресите се за жал трагичен показател за алчноста и немање совест на денешната градежна фела. Постојат и исклучоци и секоја чест за сите нив но за жал многу е поголем број на тие што сопствениот интерес го ставаат пред било каква општествена одговорност.
Би било корисно ако барем малку го подобразложиш поимот „квалитет на нови градби„ а да не се сведе само на нивната отпорност на земјотреси.

Мој став е дека тековните градби се очајно неквалитетни по повеќе основи...
 
Последно уредено:

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.852
Градбиве кај нас не се квалитетни бидејќи малтерот го прават посен, поточно повеќе одат на песок, а штедат на цемент. Но за плочи, носачи, столбови се знае колкава е мерата за малтер правење: На еден метар кубен песок одат 7 вреќиња цемент.

Исто штедат и на арматура во носачите и стубовите. Во еден столб треба да има 13 шипки. А четирите што се ставаат на ќошот да се најдебели. И никаде да не се гледа арматура. Ако се гледа некоја шипка од арматурата на носач или столб тој послабо држи.

И статичарите препорачуваат никако да нема копање со хилта на носачи и на столбови.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
3.271
Поени од реакции
12.823
Во еден столб треба да има 13 шипки. А четирите што се ставаат на ќошот да се најдебели. И никаде да не се гледа арматура. Ако се гледа некоја шипка од арматурата на носач или столб тој послабо држи.
Ова не е стандард. Може си налетал во случајов на 13 бројки но се' зависи од дијаметар и дебелина на сечението. Ти можеш да имаш пример 10 шипки од кои 4(или 6), за крајните зборам, се со дијаметар фи20 и останатите пример фи 14. Можеш да имаш и 16 шипки со многу помал дијаметар. А и за да поставиш одреден број арматура со одреден дијаметар треба да внимаваш на самото растојание меѓу нив. Најголем проблем: арматурата во гредата е преблизу и бетонската смеса не може да премине или пак бетонската смеса поминува но поедрите камења не. Главно, во нормални услови, поставениот број на арматура треба да биде ист многу близу до потребниот. За да нема фира.
Ако се гледа арматура на плоча/столб или шо и да е најголем проблем е корозијата. Арматурата ке корозира по што ке го напука и разјаде бетонот. Така се губи носивост на целиот елемент.
FB_IMG_1676553451262.jpg (во случајов, долна арматура на мост).
За да не се гледа арматурата при поставувањето истата се поставуваат едни мали предмети(заборавив како се викаат) со кои да се оддели арматурата од потрбното бетонско покритие. Бетонското покритие зависи од дијаметарот на арматурата но никогаш не треба да е под 25mm. Освен од корозија арматурата треба да се пази и од пожар бидејќи на околу 650 степени почнува да губи носивост.
Сите овие сметки се прават за најнепријатни ситуации. Сметките може да бидат за земјотрес, ветер и слично шо никогаш во животниот век на зградата или објектот нема да се случат. Затоа се надвишува малку. Е сега шо секој инвеститор бара брзо и ефтино тоа е друга приказна. За мајстори да не правиме муабет. Ако ги оставиш саами на објект многу лесно во фундаментите можеш да најдеш, пример, стаклено шише од пиво (реален случај).
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.852
За да не се гледа арматурата при поставувањето истата се поставуваат едни мали предмети(заборавив како се викаат) со кои да се оддели арматурата од потрбното бетонско покритие.
Да не мислеше за овие узенгии???

uzen.jpg
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.556
Поени од реакции
4.647
За да не се гледа арматурата при поставувањето истата се поставуваат едни мали предмети(заборавив како се викаат) со кои да се оддели арматурата од потрбното бетонско покритие.
Се викаат „дистанцери„, а можат да бидат префабрикувани од ПВЦ или некоја прирачна импровизација...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom