Водата се испитува:
-хемиски (хлориди, сулфати потрошувачка на кислород, железо, амонијак, нитрати, нитрити) + од токсиколошка лабораторија: манган, кадмиум, олово, арсен, жива...
-физичко хемиски (заматеност, pH, кондуктивност)
-бактериолошки
Сите анализи се прават на високо ниво и водава се контролира секој ден, кога бев на пракса баш у ваква лабораторија ми кажуваа дека речиси во сите градови водата е одлична, само варира тврдината (количеството на калциум и магнезиум)
Најголем бизнис ти е да земеш вода од чешма да ја флашираш и да ја продаваш.
Плус нутриционистички велат дека нема разлика од куповната и водата од чешма. (се разбира ако и двете се исправни)
Има едни филтри, со јоно-разменувачки смоли (катјонити и анјонити), за бокал, еднаш купив пропуштив вода и анализирав кондуктивност пред пропуштање и после, разликата беше незначителна. Си велам не е возможно, па пишува дека има смоли, отворам внатре, немаше ни 3 грама смола, имаше памук, активен јаглен и малку смола.
Од тогаш си пијам од чешма, имам само механички филтер, да не се наголтам песок.
