Кај кого се падна паричката? (2014 edition)

H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Значи комшии сме, татко ми и неговото семејство потекнуваат од Збажди.
Значи, можно е да сме роднини. :pos:

Дебар....западна Македонија т.е го прави ова со паричкава за Василица...ете и Rigel како што си напиша, а ова денеска е некој чул-недочул...ама нек си ја тераат и без тоа ништо не мењава.
Се тури Дебар. :D - Без љутиш, ова на сите им пишувам од таму. Како некој поздрав важи. Може и самиот знаш. И има уште едно Кај одиш? -Дебар.

Моиве праат и за Божиќ и за Василица. Татко ми како мало дете, го кршеше лебот и пола и повеќе кај него. Ама џабе, тоа малото шо и го даде на мајка ми, кај нејзе беше. Денеска купуваат леб со паричка од продавница. А на Василица се меси домашно повеќе се. Сум правел традициите на село и со канта и вода у црна темница на чешма по вода сум идел надвор до село. Се иде на чешма, се носи тоа китката со сребрена пара у котле. Се враќаш дома, па попрскуваш со раката нагоре се.
Ама пред да се дојде на врата еден треба внатре да биде и да тропнеш. Кога ќе тропнеш ќе те прашаат кој е? И ти треба да одговориш Св. Василиј. Ќе те прашаат шо носиш и ти ќе треба да кажеш: здравје, среќа итн.. После сребрената пара се става во тоа мазникот.
 

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
855
Паричката се падна.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.152
Поени од реакции
16.095
Кај Господ.

Последниве години или кај него или во куќата се паѓа, бар колку што имам приметено, ретко кај некој посебно. Така е и поарно веројатно. :)
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
10.235
Во последните 5 сезони, татко ми е осовјувач на паричката, како и вечерва, нека е жив и здрав, а јас како и секоја година си останав со пастрмката во рака... :pos: А баш се надевав дека за прв пат во мојот живот ќе ми падне... :ROFLMAO:
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Некој поупатен традиционалист, ако може, сакам да ми објасни.

Што претставува ако париќката се падне во куќата, а што претставува ако се падне кај Господ. И сл.

Да ми биде појасно...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom