Кај кого се падна паричката? (2014 edition)

Член од
8 јуни 2013
Мислења
299
Поени од реакции
198
Што има врска ако не ти се паѓа паричката? Ти само жив и здрав биди, исполнувај си ги обврските, не ти зависи животот од паричката, иако убаво е чувството кога ќе ти се падне истата. :)
Знам , не верувам дека паричка може да ти го направи среќен животот ако сам не се потрудиш ама убаво е да ти се падне :)
 
P

parvati

Гостин
Абе,куде кога се падна паричка?
У мене
А куде вас, у кога се падна
И куде нас, ама у маму
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.683
Поени од реакции
88.630
Во Куќата...

Ама општ хаос настана на трпеза кога ги поделивме деловите од питата, и барај, барај, неможеме паричето да го најдеме... Мајка ми се изнервира, мислела дека не ставила пара внатре, цело јадење во нервози и помина. И некако одкако ја изедовме питата,последните кори на крај се наѕирна паричето... Камен од срце и падна на жената :LOL:
 
Член од
8 мај 2005
Мислења
542
Поени од реакции
76
Значи, стварно не ми е јасно како имате сила секоја година да замарате со докажување кога било правилно да се крши лебот и да се влече паричката. Обичај е, традиција, нешто што се пренесува од генерација на генерација и што нема никогаш да се промени. Нормално де дека не може секаде да биде исто и дека НЕМА ПРАВИЛЕН НАЧИН. Така да, не не убедувајте беспотребно дека *било правилно* на Бадник или *било правилно* за Василица.
Согласно едно ареално истражување на А. Плотникова, бадњак, б'дњак, бадник е во Скопското поле. Исто така вечерњак ("В Скопској Котлине (Македонија) вечерњак украшали узорами, изображавшими винные бочки, овец, собаку и чабана, и ели за ужином в Сочельник [Филиповић 1939: 374].")

А на (старата) Нова година:

"Караваи, выпекаемые у балканских славјан на Новыј год (в день св. Василија), часто также имејут наименованија, соотносимые с названием днја праздника: серб. василица, васиљица [Бабовић 1963: 60; Шкарић 1939: 91; Влаховић 1931: 350], макед. Васиљева погача [Ђорђевић 1931: 86] (ср. греч. βασιλοπίττα), болг. родоп. васильова баница, ...

В македонских регионах возможны специальные наименованија типа Васиљева погача (соответственно ритуал выпечки и гаданија осуштествлјаетсја на Новыј год), бадник, нарјаду с обштеупотребительној лексикој, выступајуштеј в функции терминов: пита, погача (пугача, погачка, погачица) со паричка и т. п. [Ристески 1975: 236; р-н Велеса, соб. зап.; р-н Охрида, МДАБја, соб. зап.]. ... ср. также макед. топејница (Охрид [Арнаудов 1943: 45]) — новогоднее кушанье из теста наподобие каши, в которое запекајут монету длја гаданија домочадцев о счастье."
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.187
Поени од реакции
13.822
Кај мене!!! Уште да ми ја испорачаат некако...лани ми рекоа кај мене се паднала ама ја уше не ја видов. Така да не сум баш сигурна...
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.294
Кај мене!!! Уште да ми ја испорачаат некако...лани ми рекоа кај мене се паднала ама ја уше не ја видов. Така да не сум баш сигурна...
Може те лажат само :P

Он: Исто кај мене, чудно, не беше местенка годинава.. Сега веќе се прашувам дали треба да се радувам или не, се си мислам дека повеќе баксуз ми носи, него среќа. Аирлија нека е.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Кажале ли нешто старите за тоа што ќе се случи ако две парички се паднат за исто нешто? Можно ли е да има такво правило на overkill, па ако се падне повеќе од една паричка кај лозјето, куќата, дуќанот, енергиите од паричките да се судрат и да произведат црна дупка на јадот, бедата и несреќата?
Ние двапати само сме имале ваква аномалија. Првпат во раните девеести, кога кај нас и кај роднините и ортаци во бизнисот со VHS, паричката се паднала кај видеотеката. Негде во Ноември истата година ги пакувавме касетите во кутии, се обидовме да ги продадеме, никој не сакаше ни да ги погледне, на крај завршија во подрум да собираат прашина. Вториот пат, пред две години, се падна на викендицата, и кај нас и кај вујко ми. Локалните албанци од селото, после неколкугодишни неуспешни обиди да ја купат, таа година ја запалија до темел. Сега сакаме да го продадеме плацот на МПЦ, ако може да им изградат црквичка. :D
Е сега, ако можат две парички да нанесат такво огромно зло, којзнае што би направиле стотина, двеста, илјада парички паралелно напластени на едно место. Којзнае какви катастрофални последици би имало од еден таков настан. Тоа би било зло кое не би можело ни да остане сконцентрирано на една видеотека или викендица. Би удрило по еден народ, повеќе народи, можеби и по еден цел полуостров.
Сигурно кај многу вработени во Охис лани паричката му се паднала на Господ.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Навистина убава тема. :) Кај нас се падна во куќата. :) Штета што живееме под кирија. :)
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
во куќата..:).и замалку ќе ја фрлев паричката....по грешка:(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom