Кајганџиски книжевен предизвик за 2025 година

Колку книги сметате дека може да прочитате во 2025?

  • Extremely Easy Level - 1 книга

  • Very Easy Level - 3 книги

  • Easy Level - 5 книги

  • Medium Level - 10 книги

  • One Per Month Level - 12 книги

  • Major Level - 15 книги

  • Hard Level - 20 книги

  • Very Hard Level - 30 книги

  • Extremely Hard Level - 40 книги

  • Ultimate Level - 50 книги


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
22 август 2022
Мислења
743
Поени од реакции
2.133
2. Дневникот на Сатаната - Леонид Николаевич Андреев

1736800935576.jpeg
Дали од ладново време, сѐ интерес ми оди накај дистопија со примеси на научна фантастика како претходниот, па и дарк спиритуализам како во овој пример.

За разлика од другите, барем романите коишто му ги имам откриено, овој е поопширен (не е голем,но за негов стил - е), можеби тоа му е единствена маана. Леонид е нешто како Шекспир, човекот навистина има моќ да каже многу користејќи малку зборови, можеби и затоа на места ми беше тешко да задржам фокус. Но, вредеше од прва до последна страница.

И така, си почнува ко една наша народна, си немал ѓаволот работа , па решил да дојде до кај нас луѓет, да види што и како ни е, што сме научиле... или подобро да се изразам кој требало да учи. Го користи телото на американски мултимилионер Хенри Вондергуд и со неговиот верен слуга Топи поаѓаат на една европска тура и низ сплет на несакани околности на патот за Рим, завршуваат во куќата на Томас Магнус, интелектуалец којшто е во постојана борба и конфликт со самиот себе си, а истовремено го претставува и тажниот пад на човекот како битие од филозофски, морален и емотивен аспект.

Нивното чудно ... пријателство , ако може така да се нарече им овозможува да ги споделат најдлабоките мисли за филозофијата на постоењето. И секако, тука е ќерката, Марија на чијашто убавина ни Сатаната не може да одолее.

Од дијалозите, до самиот избор на имињата, Андреев сатирично ја доловува нашата природа, нашиот духовен, етички и емотивен пад.

Со оглед на тоа дека книгата е напишана само неколку дена пред неговата смрт, ми вели дека ова можеби е и неговиот очаен крик за светот и затруленото во човечкото срце коишто не му давале мир.

What did you come here for, anyway? To play, you say? To tempt? To laugh at us human beings? To invent some sort of a new, evil game? To make us dance to your tune? Well,—you’re too late. You should have come earlier, for the earth is grown now and no longer needs your talents. I speak not of myself, who deceived you so easily and took away your money: I, Thomas Ergo. I speak not of Maria. But look at these modest little friends of mine: where in your hell will you find such charming, fearless devils, ready for any task? And yet they are so small,—they will not even find a place in history.”
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.723
Поени од реакции
13.451
Знаев дека ќе се појавиш од некаде. :pos:
Јас сум ти ко оние веганите. Се собираат ликови да дискутираат за книги и почиње нешто муабет за Мураками или Ишигуро и јас ко од пушка се избацувам. :pos:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.612
03. Студија во скарлетна боја - Артур Конан Дојл (Арс Ламина, 2020 (оригиналното дело објавено во 1887 година))

1736884108136.png

По неколку малку посериозни книжевни екскурзии, решив да го одморам мозокот со нешто полесно. Неодамна го зедов целиот комплет дела на Артур Конан Дојл за Шерлок Холмс, а немам никогаш ништо читано од него, па изборот падна лесно. Но на оваа кратка детективска новела и влегов со многу ниски очекувања, поучен од истиот пример кога почнував со серијалот за Поаро на Агата Кристи лани и од чие воведно дело останав длабоко разочаран. Можеби затоа, а можеби и поради несомнено далеку подобриот квалитет во споредба со романот на Кристи, максимално уживав во „Студија со скарлетна боја“ и ова испадна полн погодок! Многу ми се допадна стилот, јазикот, начинот на раскажување на Дојл, непретенциозноста во опишувањето на генијалноста на Холмс (што, за споредба, премногу ми сметаше кај Кристи), а особено ме изненади и ми се допадна приказната во приказна со која во вториот дел од книгата се разобличува мотивот за убиството. Во скоро половина од книгата за Шерлок Холмс, воопшто го немаше Шерлок Холмс што доби голем плус при средување на впечатоците. Многу време помина откако ја гледав серијата на BBC за веројатно најпознатиот детектив на сите времиња, па можеби затоа не се сеќавам дека нешто од приказнава беше дел од екранизацијата (освен кутивчето со двете таблетки). Така, со полна торба (нови) впечатоци останав по првата авантура на Холмс и Вотсон и со желба веднаш да почнам со втората книга. Но сепак истата ќе мора да почека зашто веќе почнав нешто друго за кое одамна имав ветено дека ќе го прочитам.
 
Член од
26 февруари 2024
Мислења
21
Поени од реакции
44
01. Вегетаријанка - Хан Канг (Артконект, 2021)

Прегледај го приврзокот 439676

Очекував многу повеќе од овој роман. Не само затоа што авторката Хан Канг беше добитничка на Нобелова награда за книжевност во 2024, а самиот роман е добитник на интернационалната Букерова награда во 2016, туку повеќе зашто слушнав многу позитивни коментари и прочитав навистина одлични рецензии за него. Но, останав разочаран зашто во дел од приказната според мене има погрешен избор на средство за да се достигне одредена цел - доловување на некаква поента. Макар што се е алегорија. Но моето лично доживување не го менува фактот дека ова е извонредно напишан роман и по форма и по содржина. Не би сакал да навлегувам во детали, зашто тоа што мене ми го расипа впечатокот е дел од приказната, па не сакам да го расипам читањето некому. Затоа тука би запрел.

Се двоумев за оценката: 3 или 4/5, па одлучив да остане послабата, иако мислам дека ова е нешто измеѓу.
Добро, мислев до мене е. Сите ја фалат. Јас ѝ дадов субјективна 3ка, објективна 4ка. Причината беше што првиот дел, перспективата на главниот лик ми беше преинтересен и доста директен во сржта на проблемот, откако се префрли на нарација од аспект на сопругот, ме изгуби... не ми беше ни интересно за читање повеќе. Но книгата е несомнено добро напишана.
Автоматски споено мислење:

Минатата година ставив предизвик од 10 прочитани книги, ама не успеав. Прочитав 9, почнав уште 2, ама ми се роди бебенце и тука почна стагнацијата на поле читање книги. Годинава не верувам дека ќе прочитам повеќе од 3-5 книги.
Големо да расте, и читај повеќе зашто откако ќе почне да патка ќе немаш време дур не наполни 3. :)
Автоматски споено мислење:

1. Ветрилиште - Игор Анѓелков (Или-или)
Прво па мушко. Најновиот роман на Игор го „чував“ за годинава јер минатата беше ептен тешка конкуренција. И напраив грешка. Добро де, чекав само 2 месеци да ја почнам, и во еден брз здив да ја изџвакам со огромна сласт. Ми се свиѓа стилот на Игор, сосема ненаметлив, непретенциозен со тивки референци од културното поле што има излезено. Без многу попмпа а впечатливо. Приказната е нешто налик на Birdman ама тука ликот Борис као добива некоја награда веќе во позни години. И по патот од дома до салата за филхармонија (каде ќе му се додели наградата), а со тоа низ рефлексија на неговото минато ја согледуваме суштината што му се случува на некој добро етаблиран писател откако ќе постигне „абсолут“ во неговата кариера.
Туто бене според мене. Топла препорака 5/5
Лани ја прочитав, т.е. декември. Овде не стасав да пишам. Прекрасна е, и одлично ја опишува реалната состојба со наградите кај нас, како и со книжевната критика. Фаворит ми е за роман на годината.
Автоматски споено мислење:

1. Издигнување -Игор Рајден (домашен автор) 4/5 сф
1737391340900.png

Одличен почеток на научно фантастична сага, која ветува многу.
Ми беше задоволство да ја читам Издигнување, затоа што беше нешто поинакво во однос на скорешно прочитаните сф книги. Посебно ми се допадна темпото со кое се развиваше, што ми даваше шмек на добро аниме во кое херојот допрва треба да ги осознае способностите, а Бога ми и акцијата на крајот ме потсети на Драгон бол анимето.
Стилот на Раиден е супер, иако почетокот ми беше бавен, натаму описите и објаснувањата се сведени на тоа што во моментот треба да го знаеме, дали ќе биде технологија, храна, простор или раса.
Покрај тоа авторот како прашање го наметнува и нашата грижа за планетата, било тоа да е од еколошки аспект, воен или социолошки.
Автоматски споено мислење:

2. Тони -Румена Бужароска (не можам да ја оценам, долу зошто)

Одлично напишана книга, без реален конфликт, заплет и порака, и многу монотон лик темелен на сите можни балкански маж стереотипи и предрасуди. Во основа доволно е да го прочитате описот на задна корица и да знаете кој ја напишал и тоа ви е исто како да сте ја прочитале цела книга.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.612
откако се префрли на нарација од аспект на сопругот
Првиот дел беше од аспект на сопругот, вториот беше од зетот за сестра (уметникот): Инаку, да, истото чувство и јас го имав, со тоа што дури и вториот дел мене ми беше ОК, се навикнав по некое време и на него. Ама на третиот - не можев. Претерано беше. Плус многу ми сметаше тоа што на некој начин на ментална болест или растројство како да се обидуваше да и даде оправдување или да ја прикаже како нешто нормално. Анорексијата е се, само нешто нормално не.
 
Член од
26 февруари 2024
Мислења
21
Поени од реакции
44
Првиот дел беше од аспект на сопругот, вториот беше од зетот за сестра (уметникот): Инаку, да, истото чувство и јас го имав, со тоа што дури и вториот дел мене ми беше ОК, се навикнав по некое време и на него. Ама на третиот - не можев. Претерано беше. Плус многу ми сметаше тоа што на некој начин на ментална болест или растројство како да се обидуваше да и даде оправдување или да ја прикаже како нешто нормално. Анорексијата е се, само нешто нормално не.
Пред година и пол, две ја читав, најверпјатно на третиот дел мислев.
Автоматски споено мислење:

3. „The answer is no“ од Фредерик Бакман 5/5

1737484943097.png

Одлично книџуле кое преку сатира која започнува со една оставена тавав во заеднички простор каде што не ѝ е местото, и зборува за донесувањето одлуки и преземањето и бегањето од одговорност, социјалните мрежи и лудилото кое произлегува од нив, но и затворениот живот на младите.
Автоматски споено мислење:

4. „Anima: a wild pastorial“ Капка Касабова 4/5

Интересен поглед кон животот на овчарите во западна Бугарија, занает кој изумира заедно со автохтоните видови. Приказна за слободата која ја нуди планината и висината, но и предизвиците и опасностите, да се биде изолиран со грст луѓе, да се помага, но и да се кара... Ми фалеше малку поголема конкретност во приказната, односно почнува со кучињата кои се вид кој изумира, па овците, па љубовна приказна, па кози, па љубовна приказна...
 
Последно уредено:
Член од
26 февруари 2024
Мислења
21
Поени од реакции
44
5. Holly - Стивен Кинг, трилер 5/5

1737617768630.png

Ова е прв засебен роман во кој Холи Гибни се појавува како главен лик. Ја запознав во Outsider (можеби сте ја гледале серијата), па ја прочитав Mr. Mercedes трилогијата (каде за првпат се јавува), за потоа да ме изненади со проширен расказ во If it bleeds како главен лик.

Холи ми е многу јак лик, и затоа што и да е со неа ќе ми е 5 од пет. Во оваа книга истражува исчезната девојка, во втората година од пандемијата. Холи како човек кој е социјално чуден, не сака контакт со луѓе, ова на некој начин и е дополнително тешко, а истовремено се соочува и со загубата на мајка си. Паралелно ја добиваме и приказната на негативците, како и на двата споредни лика кои се со Холи уште од првата книга -Џероум и Барбара.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
743
Поени од реакции
2.133
Деновиве ја почнав третата книга од предизвикот, но гледам се собрала багра да ме брка од форумот оформиле терористичка орда на Драга Кајгана :D и не би седела на место кадешто без никому да наштетам добив толку непотребни навреди. @Zlatikevichius, како ти решиш така ќе правиме, ако може тргни ме од предизвикот, ако треба рецензиите тебе по порака ќе ти ги праќам. Не би сакала повеќе да се вклучувам искрено, ако постои друга платформа кадешто може да ги споделуваме како што беше со филмовите кажи си. Поздрав.
 
Член од
26 февруари 2024
Мислења
21
Поени од реакции
44
6. Wakfu, vol.4 манга 4/5
1737739926856.png


Четворката е од чиста носталгија по анимираната серија со исто име, додека мангата се обидува да ја има истата динамикака како серијата, но во стрип форма не функционира, затоа што има премногу дијалози.

7. "Never Lie" Фрида МекФаден, трилер 3/5

1737740178574.png

Книгата не е лоша, интересна мистерија има, куќа далеку во шумата отсечена од другите од снег и пар кој е заглавен таму, и врска со исчезнатата газдарица -психотерапевтка.

Но, за мене многу се важни мотивите на ликовите и нивните постапки, а овде главниот мотив кој водеше до заплетот и твист(овите) на книгата едноставно не беше оправдан. Не може еден психотерапевт да биде подготвен на се поради една видео снимка за road rage, па за да ја скрие дури и криминал да направи кој ќе ја кошта кариерата (што всушност си мисли и за снимката).
 
Член од
26 февруари 2024
Мислења
21
Поени од реакции
44
8. „Леска Брезоска“ Симона Јованоска
1737999475244.png


Книгава не можам да ја оцена од проста причина што ова за мене не е роман, иако е во трка за роман на годината, туку збира на раскази со еден ист протагонист. Имено секое поглавие си има посебен наслов и посебна приказна која завршува со крајот на поглавието. Тоа од друга страна подразбира дека одредени теми/ прашања/ проблеми се само спомнати и преминато преку нив, или чепнати на површина.
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.823
Поени од реакции
9.800
8) Rabate - Potocici.

1000000123.jpg

"Dva starčića, Edmond i Emile, dijele mnogo zajedničkih osobnina: obojica su udovci, vole bijelo vino, iznad svega uživaju u pecanju, ali i pate od samoće. Stvari se stubokom mijenjaju kad Emile sazna kako Edmond traži (i pronalazi) partnerice putem agencija, te da se potajice bavi slikarstvom - ili, točnije rečeno, aktovima. Kad Edmond iznenada umre, Emile odlučuje kako je došlo vrijeme da promijeni svoj život ...

"Potočići" su nježna, pametna, smiješna, osjećajna komedija koja uspješno zaobilazi opća mjesta i još uspješnije pronalazi put do čitateljskih i kritičarskih srca."

9) Berardi & Milazzo - Covjek s Filipina.

1000000124.jpg

"SAD osvajaju Filipine u ratu sa Španjolskom, što izaziva otpor lokalne gerile. Borbe su krvave i nemilosrdne, pa pukovnik Harris, zapovjednik američke vojske pokušava dogovoriti mirovne pregovore. James Stapleton, stari Harrisov prijatelj, dolazi u vojni logor upravo u trenutku kad pregovori trebaju započeti. Ali, naravno, stvari kreću po zlu ..."
 
Последно уредено:
Член од
14 февруари 2009
Мислења
497
Поени од реакции
1.707
1. Повикот на дивината - Џек Лондон


809_36_48_8__2__7_2019Povikot-na-divinata.jpg


Половина бернардинец, половина шкотски овчар, Бак е украден од дома и продаден на трговец со кучиња.

Наскоро се наоѓа на брод што патува за Канада,во екот на златната грозница. Инстинктите на Бак почнуваат да се будат додека работи во поштенска запрега и е принуден да се бори за опстанок.

Откако е продаден на група Американци во потрага по злато, Бак е спасен од Џон Торнтон, со кого се спријателува. И покрај силната приврзаност што ја чувствува кон човекот, повикот на дивината е премногу силен. Не можејќи да му одолее, тој тргнува на патување низ неистражените краишта на дивината во потрага по исконските закони на својата природа.

Романот „Повикот на дивината“ го истражува неизбежниот повик на инстинктите што го повикуваат Бак надвор од цивилизацијата кон природата и законите на дивината.
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.823
Поени од реакции
9.800
10) Trondheim & Larcenet - Astronauti iz Buducnosti.

1000000148.jpg

"Martina misli da su sva druga ljudska bića zamijenjena robotima.

Gojko misli da ga okružuju alieni protiv kojih mu se zadaća boriti.

Martinina mama misli da će ih sve to proći kad odrastu te da će sve dobro završiti.

Gojkova sestra misli da ide u kino.

Svi se varaju i svi imaju pravo u "Astronautima iz budućnosti" Lewisa Trondheima i Manua Larceneta, dvojice kreativnih prvaka suvremenoga francuskoga stripa koji nam ovim stripom pružaju posvetu vlastitomu djetinjstvu kroz križanac vrhunske literature za mlade i kinematografskog akcijskog superspektakla začinjenog ciničnim humorom i živim potezima pera. "Astronauti iz budućnosti" su točno onako dobri kako se nadate ...

... i nimalo nalik onome što očekujete."
 

Kajgana Shop

На врв Bottom