Кајганџии трчаат 21.097 км. на Скопски Маратон

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Цел живот сум имал проблем со кондиција, значи колку и да сум спортувал, никогаш не сум го надминал тој проблем.
Планинарење активира една група мускули, трчање друга, баскет трета.....и не само тоа, поинаков е ритамот на работата на срцето и сите други органи во сите различни активности.....не можеш да се спремаш за трчање маратон со возење точак или пешачење....
И јас како тебе сум далеку од спортски човек, мада за добро мнозинство што пешки не одат 100м сум спортист и од досегашно искуство можам да ти кажам дека најголем проблем ми е враќање од кога ќе се опуштам на одреден период - што би рекло дека треба константно да се спортува...
Што се однесува до паузи при трчање - јас праам - ама пак се активни - не застанувам, или одам или по скалите на кеј се качувам/симнувам или се истегнувам....
И последно.....ако ептен мислиш дека ти е проблем, напраи си некаков тест, спортска медицина, стрес тест, крвна слика, да знаеш и дали е воопшто паметно да се замараш физички....познавам луѓе (како пример), на кои лекарите им препорачуваат трчање, а од друга страна им забрануваат качување и престој на поголеми надморски висини....зборот ми е - субјективно е, различно од случај до случај - не верувам дека некој од свое искуство може прецизно да те упати....
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.466
Поени од реакции
68.781
Под пауза не мислев, да заседнеш да одмараш, туку да престанеш со трчање, па да одиш некои 20-тина секунди, па да продолжиш со трчање :icon_mrgr:

Ќе видиме како ќе оди, планирам секој ден да си држам темпо, не се стекнува кондиција преку ноќ :icon_mrgr:

Има разлика помеѓу пешачење, трчање и планинарење.

За паузите, кога почнував да трчам подолг период, трчав со паузи се додека не сфатив дека паузите ми прават поголем проблем. Штом застанам, тешко ми е да тргнам. Подобро намали темпото на минимум и трчај долг временски период. Не се бори со тоа колку ќе истрчаш должински, туку временски. Подобро 5 километри за 1 сат отколку 3 километри за 15 мин.

Се имаме запознаето, може ќе ти текне и знам дека немаш проблем со тежина, така да полесно ќе ти биде да стекнеш кондиција. Не се форсирај и рамномерно трчај, диши правилно, не се гуши. Се разбира ако не можеш, застани. Ама според мене (не сум професионалец, далеку од тоа) подолг период со помало темпо, за да стекне и организмот навика а со тоа и ти кондиција.

Што се однесува за тој што седи пред ПЦ, може оддеднаш да истрча 5км сигурно ама прашај го дали и наредниот ден ќе го направи истото. Тој акумулирал енергија за 2 маратони ама наредниот ден ништо не прави :)

Не се секирај, штом јас крупен, да не речам дебел (маратонциве ме знаат) можам да трчам саат и нешто секој ден, сигурен сум дека нема да имаш проблемво брзо време и ти истото да го правиш(y)
Да не си ме помешал со некој? Не ми текнува дека сме се запознале :вонзем:
Иначе се сложувам, побитно е да трчаш временски повеќе за да ја зајакнеш кондицијата, и јас не се форсирам којзнае колку кога трчам...
Проблемот ми е најверојатно во тоа што не знам да држам еден ист ритам, кога држи некој ритам одлично ми оди, ама пошто другариве ми тренираат фудбал после неколку круга забрзуваат, и тука веќе отпаѓам од секаква комбинација :icon_mrgr:
Вчера они тренираа со топка, јас трчав, и одма осетив подобрување најверојатно затоа што форсирав едно исто темпо.
Ќе видиме денеска како ќе оди :)

Иначе од зимото до пролетва, па и почетоков на летово, смалив килажа од 80 на 69-71 (едно време и 67) :) Дефинитивно трчањето дава најдобар ефект за слабеење. Особено пролетта кога одевме до врв на Водно, и надоле трчавме до дома :)
 
А

Атомската мравка

Гостин
Под пауза не мислев, да заседнеш да одмараш, туку да престанеш со трчање, па да одиш некои 20-тина секунди, па да продолжиш со трчање :icon_mrgr:
Ќе видиме како ќе оди, планирам секој ден да си држам темпо, не се стекнува кондиција преку ноќ :icon_mrgr:
Јас целиот маратон го поминав на тој начин, само првите 3-4 километри трчав активно после тоа ќе трчам 5 минути одприлика па ќе одам 30ина метри додека да одморам и некој што ме поминуваа викаа дека така било потешко и да не сум застанувал ама арно неможев немав кондиција бидејки само 5-6 пати трчав пред скопскиов сепак најбитно завршив. Е сега е друга приказна кога добив кондиција и сега без проблем можам да истрчам и 4-5 километри од прва.. инаку откако почнав и по неколку серии на скали да правам ми се чини има подобрување, ваљда се зајакнуваат мускулите и поиздржлив стануваш.

Како и да е како што реков одмарај кога ти се одмара нормално е тоа, нека ти биде уживање трчањето а со тек на време колку поредовно трчаш толку повеќе кондиција ќе добиваш и повеќе ќе можеш да истрчаш ;)
 
Член од
20 март 2008
Мислења
694
Поени од реакции
414
Јас целиот маратон го поминав на тој начин.......
Ви ја менувам дискусијата ама ... за колку време го истрча (полу)маратонот? Ја полека полека си билдам кондиција за догодина... трчам редовно по 10км(50мин) и баш цело време си размислувам колку би ми требало за да истрчам 21... нормално, после 10км сум уморен па би требало да правам паузи со брзо одење и така, нема да биде 50 минути и другите 10км...
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968

Јас ниеднаш не застанав а ми требаа 2 часа и 15 мин. Ако не се лажам мислам дека А.Мравка беше максимум 10тина минути после мене, според резултатите што ги поставувавме тука. Ако трчаш 10км за 50мин, би имал нешто подобро време од моето, според мене, се разбира ако малку само намалиш на темпо во вторите 10км.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Ви ја менувам дискусијата ама ... за колку време го истрча (полу)маратонот? Ја полека полека си билдам кондиција за догодина... трчам редовно по 10км(50мин) и баш цело време си размислувам колку би ми требало за да истрчам 21... нормално, после 10км сум уморен па би требало да правам паузи со брзо одење и така, нема да биде 50 минути и другите 10км...

Околу 2:20 ми се чини, сепак како што реков тогаш ептен бев слаб со кондиција само 4-5 тренинзи ми беа припремите се на се.. здравје наредна трка ќе биде многу подобро оти сега редовно тренирам и не планирам да запрам цела година, само нека ме служи здравјето и ќе одиме многу појако :) инаку за колку ќе истрчаш зависи од многу работи, прво времето жешко/ладно.

Коњаникот Сабја заборавив да ти напоменам тебе, ако имаш болки во мускулите обавезно зимај си магнезиум директ (180 денари околу 25 кесички има некаде) мене многу ми помагаат за побрзо опоравување на мускулите..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.466
Поени од реакции
68.781
Коњаникот Сабја заборавив да ти напоменам тебе, ако имаш болки во мускулите обавезно зимај си магнезиум директ (180 денари околу 25 кесички има некаде) мене многу ми помагаат за побрзо опоравување на мускулите..
Не бе брат какви мускули :)
Напишав и претходно дека немам никаков проблем со болки во мускули (единствено ми се преметна некоја жила, веројатно на баскет и не можев да газам). Главен проблем ми е што брзо се уморувам кога трчам. Али лека полека ќе се совлада и тоа.
Сакав да кажам дека иако од кога знам за мене, играм некој спорт низ маало, ама кога се работи за трчање, да се избаци некој што од дома не мрднал 10 години, пак пред него ќе се задишам :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom