Кајгана MTB/Cross Country клуб

Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Дечки, темава ја отварам со цел да се организираме за полу-аматерски MTB/XC тури во Скопје и околината. Ќе се договараме истите да бидат за викенд (или кога и да ни одговара). Кој сака може да се пријави. :)

Користам една апликација (Wikiloc, 4$ per year) на која има предефинирани MTB рути и со помош на GPS навигација нема да имаме никакви проблеми.

Сега за сега, пријавени сме:
@Ficiani
@Ryan Giggs
@КвикСилвер (со +2ца другари)
@Tegla
@wiksa

Во продолжение ќе дадам примери на некои рути/тури, секако, можете и вие да дополните со било какви предлози и сугестии за тоа каде би возеле. Некои од рутиве (како на пример Козјак) не се баш и за почетници, но нека стојат, може некад ќе ги извозиме. :)

Во околина на Скопје:

0. За почеток, може да се тестираме на оваа - Карпош, Момин Поток, Визбегово, Стенковец, Орман, Волково, Злокуќани, Карпош - (24км)

1. Милениумски Крст - Козјак (33км)

2. Скопје - Козјак - Скопје (74км)

3. Скопје - Марков Манастир - Добридол - Сопиште - Скопје (36км)

4. Скопје - Горна Матка - Јасен - Скопје (43км)

5. Скопје - Горна Матка - Скопје (36км)

6. Милениумски Крст - Горна Матка (23км)


Во околина на Маврово/Галичник:

7. Маврово - Дебар (49км)

8. Маврово полу маратон (44км)

9. Маврово lake trip (27км)

10. Тресонче/Бистра/Галичник/Лазарополе tour (65км)
 
Последно уредено:

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.682
Поени од реакции
21.158
+1 за идејата и нормално count me in :)
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.602
Поени од реакции
5.299
Долго време веќе барам друштво за возење супер што вака искочи :)
малку сум со лоши смени на работа ама секоја тура на која можам да дојдам обавезно ќе присуствувам
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.105
Поени од реакции
9.046
Јас не сум слободен овој викендов, т.е. сум ама само во сабота од сабајле за кратка вожња пример до Матка или на кеј.

Нема да биде возможно на сите во исто време да ни одговара нормално, така да пишете па ќе видиме за кога има кворум.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Најбоље е во group chat на FB да се ставиме.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
Некој нека направи тогаш на фејсбук чат, да се договориме сите.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
@Tegla @wiksa дајте FB по ПП :) Денес ваљда ќе се вози до Пантелејмон, па од таму до Средно водно.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.105
Поени од реакции
9.046
Ае давајте по 100ка да земеме GoPro камера. :D
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.682
Поени од реакции
21.158
+1 нула :D јас имам GoPro иначе :D
џабе ја имаш дома под перница ја чуваш :)
btw чисто информативно денес се возеше нерези, средно, врв ( жичара ) па малце повеќе офроуд надоле по којзи патеки до средно и од средно надоле по асфалт. фала ви дечки за дружбата беше јако иако малце напорно барем за мене :D
selfie.jpg
1.jpg
2.jpg
+1 есктра фотка со другарчињата од групата "да го спасиме водно"
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Квик кидо, не заборавај да го викнеш и @.Sky. да не бидеш осамен во провалијата :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom