Кајгана психолог

Р

~~РубинРед~~

Гостин
Мислам дека имам проблем. Неодамна сфатив дека животот го поминувам во размислување за животот а не во живеење. И мислам дека сакам да почнам да живеам уште одамна а сепак не правам ништо околу тоа. хелп? :/
Прати го мозокот на пасење и кулирај.Животот е прекраток да се замараш со ситници,разни глупости.
Излези надвор,шетај,најди си некое хоби,сигурно има нешто што те прави срекен/срекна.Спортувај.
Има многу начини за тоа како да си го направиш денот по своја мерка.Само треба да го најдеш правиот начин.
А не да седиш и да се замараш со непотребни работи кои не го заслужуваат твоето внимание.
 
bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Не знам од кај да почнам. Насобрани се милион проблеми, кои постепено ги решавам, некои ги оставам настрана и не им се нервирам, оти реално не можам ништо за да ги решам. Имам се, ако ме гледа некој од страна. Образование, добра работа, долга врска, леб, покрив над глава...Не сум грда. И јас кога би се погледнала оддалеку би си завидувала.
Ама...не можам да уживам во ништо.Се обидувам да се пронајдам. Знам што сакам, цврсто стојам на нозете, ама повремено заборавам да ги буткам работите да тргнат. Некогаш сум само уморна од буткање. Понекогаш сум среќна сама со себе, ама почесто ми е потребно некој кој добро ме познава искрено да ме пофали, и да каже дека верува во мене. Сакам да имам некој на кој 100% ќе се потпрам, без да размислувам за опцијата дека има шанси да не успее.
Ми треба да знам дека сум на добар пат. Сакам да знам како ме гледаат останатите. Да знам дали знам да проценам ситуација и однесување. Сакам да знам дали му се допаѓам на некој, оти сум пријатна за да бидам погледната, а да не помислам дека ако е маж, ме гледа низ призмата на сексот, а ако е жена, дека нешто не сум облекла правилно и дека не сум смешна. Сакам да знам дека навистина сум добра во нешто, и да го правам тоа без страв дека се глупирам. Сакам да знам дека се она што сум добила не било од сожалување, туку заради мене. Сакам да знам дека луѓето околу мене се искрени, или барем да бидат искрени а да не ме повредуваат. Сакам да имам силна волја и да не бидам попречувана во своите намери. Сакам да знам на што сум, за да знам дали да застанам да работам на мене или да продолжам понатаму. Не сакам да сум изгубена. Мразам кога барам помош да ми биде речено дека е глупо тоа што го мислам, уште полошо дека сум глупа.
Мразам што си ја изгубив самодовербата, што не знам каде и оти, и што секој ден ми е борба за да ја вратам или лажно да го прикажам нејзиното постоење.
Сфаќам дека животот е борба, дека Бог ми даде тешки мигови во животот (не така ,,тешки’’ како ми се скара дечкото, мама ми се налути, немам патики, ми се скара другарката, немам за јадење, туку вистински тешки во животот), ама ми даде и добри, кои иако не можат да надоместат, сепак ми помагаат.
Многу се сакам себе си, ама луѓето наоколу прават да се прашувам дали вредам да се секам и дали вредам да бидам сакана. Ми се смачи да бидам сама во борбата, уште полошо лажно помогната.
Во вистинскиот цут на животот, кога сметам дека сега треба вистински да бидам вистинската јас, јас се борам за да докажам и да си докажам како последица, дека вредам и знам.

Е сега, не знам дали некој всушност сфати, ама има ли начин да се промени сето ова?
Хех, нешто слично ми се случуваше и мене (а можеби и сеуште ми се случува).

Единствен проблем ми бил тоа што се` што сум правел до сега, не ме исполнувало. За воља на вистината, успешен сум бил во се што сум пробал да направам, но ништо не ме направило среќен, или ме направило само делумно среќен. Ниту една врска не била онаква каква што јас сум ја посакувал, убаво ми било само првите 2-3-4 недели. Потоа се по старо, рамнодушно. Така и со секоја нова работа која сум се нафаќал да ја завршам. Додека ми било на старт било ок. Многу работи ме интересираат, ама никако да се посветам само на една. И многу време се замарав со тие работи, барав нешто што ќе ме исполни целосно но не најдов. Еден ден си реков:
Long time i was looking for the point of the living, but i didn't found it. Then i quit looking...now i just living my life, and i'm living more peacefully then before.

И така, гледам колку што можам да не се замарам, го правам она само што ме прави среќен, се дружам со добри, позитивни луѓе и тоа е тоа.
 
V

Viktor g

Гостин
еве ме мене пак. Незнам каде ми е грешката или проблемот но дефинитивно се повеќе паѓам на психолошки план пред се од емотивните удари кој ми се случуват иако е нетипично машко па уште да каже дека му е тешко дека знае да заплаче и дека многу лесно можат да го повредат. Живеам во инлузија дека сите се добри и искрени а колку луѓе ме повредиле тоа ни самиот незнам и коаг ќе ме повредат веднаш грешката ја барам во себе па и 1000% да сум сигурен дека сум во право и по секој нивен удар и лоша постапка полека се повлекувам и запаѓам во депресија во тие моменти ми текнува на се ама буквално на се :uvo: се повеќе разбирам дека сум многу наивен и неможам да поднесам повеќе сам сум препуштен на себе нмаемам вистински пријатели:nesum: мојте дома постојано ми вршат притисок за се и сешто а мене ми недостасува љубов е стварно не сакам да се откажам ама неможам повеќе немамам мотив
 
PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46

Немој да се убиеш... :) Шала! :) Знам дека не би ти текнало такво нешто...

Друже... `Машко да заплаче?` Зарем машките немаат емоции? Да не имаш погрешна претстава за самиот себе? Да не пробуваш да задоволуваш туѓо его, па газиш врз своето? Знам, постот би ти личел на нешто како `Смени се!`... Не... Само, тргни да си удоволуваш барем малце на себе... The foot feels the foot when they feels the ground... Човек чувствува дека е човек кога ке го почувствува човекот во себе... Кој е човекот во тебе? Дали го гледаш виситинскиот ти? :)
Слично нешто ми се случувало... Затоа ти викам... Прашањата што ти ги поставив... Сум си ги поставувал милион пати... Излегов на крај, и тоа многу брзо :)

П.С.: Секогаш, пред да си легне, некој мисли на тебе :) хехе
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
еве ме мене пак. Незнам каде ми е грешката или проблемот но дефинитивно се повеќе паѓам на психолошки план пред се од емотивните удари кој ми се случуват иако е нетипично машко па уште да каже дека му е тешко дека знае да заплаче и дека многу лесно можат да го повредат. Живеам во инлузија дека сите се добри и искрени а колку луѓе ме повредиле тоа ни самиот незнам и коаг ќе ме повредат веднаш грешката ја барам во себе па и 1000% да сум сигурен дека сум во право и по секој нивен удар и лоша постапка полека се повлекувам и запаѓам во депресија во тие моменти ми текнува на се ама буквално на се :uvo: се повеќе разбирам дека сум многу наивен и неможам да поднесам повеќе сам сум препуштен на себе нмаемам вистински пријатели:nesum: мојте дома постојано ми вршат притисок за се и сешто а мене ми недостасува љубов е стварно не сакам да се откажам ама неможам повеќе немамам мотив
Хм... хм... хмммм...
Вака сеа... Глупо е да ти се даде целосен одговор на проблемов, оти е помалку општ но ќе се обидам на некои прашања да ти одговорам.
Најпрво викаш дека се приврзуваш емотивно... Нема тука ништо страшно. Нормално е човек ова да го прави, емоциите најчесто тешко можат да се контролираат. Идејата ми е ако навистина ти е многу тешко, 100 пати подобро ќе се чувствуваш ако тие емоции некаде ги исфрлиш. Сеа подобро напрај го тоа коа си сам (и за женско важи ова инаку) или кон личноста која имаш најмногу доверба (другар/ка, роднина).
Е сеа доверба... Тешко можам да ти дадам совет тука бидејќи самиот треба да процениш некои ситуации. За да процениш ситуации треба да помине време и да накачиш искуство кое, пак ќе речам, различно се добива кај секоја поединка. Можам да ти кажам повеќе да се сконцентрираш на small talks коа сте у друштво или едноставно анализирај ги луѓето додека не оформиш некое мислење за нив. Но пак се сведува на искуството колку ќе ти дозволи тоа да го направиш.
За депресивните моменти истотака е многу тешко да се каже како да ги сузбиеш, но пробај да се сконцентрираш на сосема друга работа. Пример ако некој(а) те има саглам повредено, стави го конфликтот во фаза на замрзнување и сконцентрирај се на сосема друга страна. Можеш некое хоби, прошетки, книга (што не потсетува на ситуацијата). И после одредено време кога ќе се чувствуваш доволно силен започни со нов лист од животот. Никако враќање назад - дури и по цена на толкуте повици за искачање од страна на личноста. Самиот ќе процениш после одредено време дека не вреди сета таа скаламуција.

И за крај, се` се започнува со малите нешта.

Со среќа.
 
Член од
9 септември 2010
Мислења
36
Поени од реакции
1
И јас имам проблем. Ми е страв од смртта, не за мене туку за моите родители. Татко ми има шеќер и висок притисок, а мајка ми си има проблеми со вените. И секогаш кога ќе слушнам чудна време срцето ми застанува, или ако некој се разбуди навечер и оди во вц на пример, мене секогаш најлошото ми паѓа на ум. Неодамна почина баба ми од излив на мозокот, можеби тоа е причината не знам. Понекогаш само сакам да избегам од се, не можам повеќе.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576

Нема лек за ова, мораш да се помириш со фактот дека некој кога-тогаш ќе си замине од овој свет, не знам колку се стари твоите али дедо ми има шеќер веќе долго време али е здрав како дрен, 70 и нешто години има а се сам работи, така да не мора да се плашиш при секое нивно станување, најлошото ќе дојде тогаш кога најмалку ќе очекуваш :(...
Значи само прифаќање на реалноста и тоа дека ти не можеш ништо против тоа и дека е се тоа природно ќе ти помогне да го надминеш овој проблем.
 
Фала, се надевам со тек на време ќе го надминам стравот. :(
 
V

Viktor g

Гостин
И јас имам проблем. Ми е страв од смртта, не за мене туку за моите родители. Татко ми има шеќер и висок притисок, а мајка ми си има проблеми со вените. И секогаш кога ќе слушнам чудна време срцето ми застанува, или ако некој се разбуди навечер и оди во вц на пример, мене секогаш најлошото ми паѓа на ум. Неодамна почина баба ми од излив на мозокот, можеби тоа е причината не знам. Понекогаш само сакам да избегам од се, не можам повеќе.
Нормално е да се плашиш за тоа поготово за луѓето кој ги сакаш но да ти кажам и да се плаиш и да не се плашиш едно ни е јасно сите ќе умреме порано или подоцна но никој незне кога затоа уживајте додека сте сите заедно залудно е подоцна се не мисли не тоа како на некој кој времето му поминува живеј го секој ден ко да утре ќе те нема
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.577
Поени од реакции
1.879
еве ме мене пак. Незнам каде ми е грешката или проблемот но дефинитивно се повеќе паѓам на психолошки план пред се од емотивните удари кој ми се случуват иако е нетипично машко па уште да каже дека му е тешко дека знае да заплаче и дека многу лесно можат да го повредат. Живеам во инлузија дека сите се добри и искрени а колку луѓе ме повредиле тоа ни самиот незнам и коаг ќе ме повредат веднаш грешката ја барам во себе па и 1000% да сум сигурен дека сум во право и по секој нивен удар и лоша постапка полека се повлекувам и запаѓам во депресија во тие моменти ми текнува на се ама буквално на се :uvo: се повеќе разбирам дека сум многу наивен и неможам да поднесам повеќе сам сум препуштен на себе нмаемам вистински пријатели:nesum: мојте дома постојано ми вршат притисок за се и сешто а мене ми недостасува љубов е стварно не сакам да се откажам ама неможам повеќе немамам мотив
едноставно живеј. кога те читнав, ко јас да сум пишал. живеј. јас ги надминав сите тие работи преку живеење. живеј. живеј и само живеј. по твое. твој живот. ќе знаеш како сам да живееш. верувај. само живеј ;)

--- надополнето ---

И јас имам проблем. Ми е страв од смртта, не за мене туку за моите родители. Татко ми има шеќер и висок притисок, а мајка ми си има проблеми со вените. И секогаш кога ќе слушнам чудна време срцето ми застанува, или ако некој се разбуди навечер и оди во вц на пример, мене секогаш најлошото ми паѓа на ум. Неодамна почина баба ми од излив на мозокот, можеби тоа е причината не знам. Понекогаш само сакам да избегам од се, не можам повеќе.
ангел, на нас ќе ни недостигаат, нормално, но замисли дека таму кај што одат ќе им е многу подобро. нема проблеми. вечен мир. сумерите плачеле кога се раѓало бебе, а се веселел кога некој умирал бидејќи немал веќе грижи
 
m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Сите имаат емоционални падови во животот, некои ги премолчуваат, некои ги споделуваат со други. Во најголем процент на другите не им е важно за твоите проблеми, на некои дури им е и мило што ги имаш но тоа е реалната слика. Ова сепак е форум, виртуелен свет и тука сме да поделиме различни мислења.
Не се труди да ја разбериш поентата на животот зошто ја нема.
Прави го тоа што тебе те исполнува, тебе те прави среќен бидејќи залудно ти е се друго ако животот го поминеш во размислување за тоа што си направил и што треба да направиш.
Не се навраќај на минатото, не гледај премногу во иднината, живеј ја сегашноста со целата сила, со целиот жар. Не тагувај и не спиј, од спиење нема спомени.

Игнорирај го кукавичкиот дел од твојата психа и ќе успееш !
Не го цитирав членот за кој е ова наменето, но сам ќе се пронајде во текстот.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
370
Поени од реакции
710
^ Моќта на потсвеста и слични на неа книги во само десетина редови.
Ах, класика.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Луѓе не можам веќе, сериозно, кој знае некој добар психолог или нека е и државен уште подобро, и ако знаете како иде со све, по колку пари е сеанса, кај да се јавам да си закажам, сите тие подробности, кажете ми, зашто сериозно сварно ми треба. Мислам дека сум на работ не можам веќе да ги поднесам сите притисоци. Ве молам само побрзо одговорете. Колку побрзо тоа подобро.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Луѓе не можам веќе, сериозно, кој знае некој добар психолог или нека е и државен уште подобро, и ако знаете како иде со све, по колку пари е сеанса, кај да се јавам да си закажам, сите тие подробности, кажете ми, зашто сериозно сварно ми треба. Мислам дека сум на работ не можам веќе да ги поднесам сите притисоци. Ве молам само побрзо одговорете. Колку побрзо тоа подобро.
Немаш психолози. Имаш само психијатри кои сигурно не ти требаат. Приватните ординации од типот на Американско-Холивудските филмови кај нас се наплаќаат како и американските, значи екстремно скапо. Тоа значи, најди другарки, дечко, имај секс (тоа помага прилично, trust me) и батали психолози...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom