Кајгана психолог

Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
devojkava so koja sum vekje nekoj period e ok. no se sluciva dosta cesto da koga ke izlezeme u grad pocnuva da trca okolu,de so prijateli de so kolegi da se vidi,ja nema po 10-15min.i vikam zosto ne dojdat tie,a ti kako zensko ostani so mene.neka dojdat a ne da im odis i da im igras.na toa mi odgovori deka takva bila i deka sakala igra(ustvari ona bas im igra) i deka nesvesno i doadjalo se toa.mozno li e? ednas i se sluci da se vidi so nekoj kolega da porazgovara i ja gledam 10 min kako razgovara (zalepena so cickite do nego i mu igra) maka mi bidna.po nekoe kratko vreme povtorno izleguvanje isto se sluci no izlegoa drugi raboti, izleze rabotata da taa doveduva maski na drugarkite i taa da ja vodi igrata,t.e taa im se pusta i gi muabeti a jas vo vtor plan :) obozava da flertuva a za ziva glava ne priznava,sto duri i na prijatelkite nejzini im stanuva neprijatno no ne priznavaat niti komentiraat ,bidejki sepak ona im e drugarka i ja vodi igrata koga se izlezeni(im ja pravi nokjta interesna) i sekogas da se bide vo centar na vnimanieto.probuvav so razgovor nekolku pati da najdeme nekoe reshenie,no dzabe.mora da se bide vo IN mestata i da bide najkomnukativnata a so toa isprakja drugi poraki i vibracii na maskite i ne mi se dopadja.ili jas sum muflon i go trpam seuste ova i i poveruvav deka ona e takva i nisto ne pravi pa sega si se nerviram ili ne znam sto e rabotava.zosto nejzinite drugarki ne go pravat toa duri i ni nemaat deckovci so toa sto bi mozlele tie da prezemat inicijativa tuku moralo mojata da e.pomagajte!
Па и ти трчај околу, тебе нека те нема еден саат, кој не го цени твоето присуство дозволи нека го почувствува твоето отсуство
 
D

devojcence

Гостин
sillyboy izvini vaka megjutoa devojkati pati od nesamodovreba vo sebe i vnimanie a se toa ja pravi lesna zenska da ne se izrazam so nekoj potezok zbor. mislam deka treba da ja otacis i da si fatis karakterno stabilno devojce so koe ke mozes da gradis vrska. posto devojcevo ne e za vrska. i bi te sovetuvala da si se cenis povekje samiot sebe. posto ako ne se cenis ti samiot nema nikoj da te ceni.
 

AnGeL.BoY

г-дин Дијамант Сваровски
Член од
7 септември 2010
Мислења
55
Поени од реакции
14
Драги мои кајгана форумџии и форумџивки... Судбината е толку безмилосна, толку сурова и неправдена, што секогаш го засенува секој нов зрак на надеж во мојот живот. Само што ги пребродив моите “рани адолесцентски проблеми“ (ако ја имате читано мојата прва тема „Како да ја откријам мојата сексуална ориентација“ ќе знаете на што мислам) и си реков еве сега конечно ќе имам спокоен сон, нови падежи и нови порази... Нема многу да должам и веднаш ќе преминам на главното:
... Пред неколку години имав мал, но совршен круг на вистински пријатели, со кои уживав и делев се. Тотално се. Мојот живот не можев да си го замислам со нивно отсуство. Се беше совршено додека не започнавме прва година средно, особено второто полугодије. Ние тројцата/трите за наша тогашна голема радост се погодивме да учиме во ист клас. Нови атмосфери, нови случки, нови искушенија. Меѓутоа, набргу започнаа жестоки караници, тешки навреди, погледи полни со горчина, кои доведоа до крајно прекинување на оние големи пријателски врски кои силно не поврзуваа меѓусебе. Станавме најголеми непријатели кои што можат да постојат во нашето училиште. Морав да пронајдам нови другари/другарки и сето тоа доаѓаше толку спонтано, но промената на друштвото на мене влијаеше со мнооогу големи промени, што тоа сега не е многу важно. И како што кажав нов круг, нови пријатели, ново друштво. Всушност, тоа беа деца кои моите родители од секогаш ги сметале како достојни за дружење и секогаш ми ја “јадеа“ главата укажувајќи ми на тоа колку ќе биде подобро со нив другарувањето, но јас не сакав ниту да слушнам за тоа. А морам да кажам дека тоа беа луѓе од иста етничка припадност (моите секогаш се плашеа дека како единствен етник меѓу сите македонци другари јас кога тогаш ќе бидам жртва на нивните “мајмунлоци“). Каква иронија, станав близок со луѓе за кои не сакав ни да слушнам. И со ова друштво ми одеше се супер, бев задоволен, исполнет, спокоен... Меѓутоа не и во овие последни неколку недели/месеци. Откако започнав на училиште, некако, не знам дури ни како да објаснам, почнав да се чувствувам разочарано и премногу депресивно. Почнав да ги сметам овие новите пријатели (кои инаку се со 1, 2 или 3 год помали од мене) како за премногу прости, заостанати личности што сеуште живеат во времето на своите родители. А и не сметам дека грешам, зашто не сакаат да слушнат за одење во град, или како и сите на наша возраст да одиме на забави по кафулиња ваму таму... и започнав да се чувствувам премногу осамено, премногу запустено и депресивно. Ми идеше да се убијам кога ги слушав другите како се договараат за петок вечер, а јас на моја 17 годишна возраст дури и дома останував од што немам со кој да излезам. И всушност драги мои форумџии еве го проблемот за кој ви пишам и барам совет од вас, оти немам на кој друг да се обратам. Во нашиот клас се формираа две големи друштва, идеални, совршени и се најубо. Е сега, сакам некако да влезам во едно од тие друштва, иако малку касно, но сакам да стекнам другари од класот со кои ќе си врвам онака како што заслужуваат моите 17 години. Но, и овде милиони проблеми. До сега никој не ме поканил од класот за на кафе, на роденден или па за илзегување дури и кога се договараа поќе деца. Долгооо имам размилсувано која е причината што не сум “посакуван“ меѓу нив, зошто и мене не ме канат за излегување и сл. работи, но никогаш не го пронајдов одговорот, иако со сите сум во речиси добри односи, освен со моите “екс-пријатели“ кои ги спомнав погоре и кои многу ги сакав. Овај последниот период се трудам што повеќе да си ги подобрам односите тотално со сите, се однесувам добро кон сите, на училиште уживаат во мојата смисла за хумор, но кога ќе дојде петок никој не вели „ај ела со нас вечер“ :( И сега сакам да ме советувате, да ми помогните како да постапам, што да направам за повеќе да не седам петок навечер дома, оти навистина ваквата ситуација ме доведува до толку многу искушенија, што се плашам за себеси... Кажете ми кои начини да ги употребам за да влезам во едно од друштвата, оти јас сум личност што се срамам сам да му речам да ме викнат и мене, оти имам претчусвтво дека не ме сакаат, дека само ќе им се пикам... ЗАТОА ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ, ОТИ НЕМОЖАМ ДА ИЗДРЖАМ ПОВЕЌЕ! :( :( :( :(
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525

Речи им ти прв- покани се сам, немаш што да изгубиш, а со твоите родители седни и разговарај, објасни им како се чувствуваш, ако те разберат во ред, ако не прави по свое и не им кажувај ништо дома, зашто и онака немаат разбирање.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Ако чекаш да те викнат....Поарно напраиво го тоа сам договори се со нив, испадни ако немаат ништо против договори и за во идниот викенд.:)
 
Член од
4 август 2010
Мислења
318
Поени од реакции
189
Е де, покани ти некои од нив на кафе/пиво/вино итн. Не мора баш петок да ги каниш, а ако прифаќаат кани ги почесто - ако не прифатат од прва пробај пак :) Па крај краева не мора нив, покани некој друг,трет...
ПС своите проблеми секако дека се чинат најголеми, посебно дур си тинејџер, ама да се доведуваш во „искушенија“ заради тоа што некој не те вика со него вечерта е во најмала рака кукавичлук.
 
B

Black Guard

Гостин
Започни првен со тие твои таканаречени Екс другари од тројца имаш добра веројатност барем еден да испадне на кафе муабет уствари пиво е подобро.
 
Член од
20 октомври 2011
Мислења
59
Поени од реакции
18
ниту твоја вина ниту пак судбина нема зошто тоа да те фрустриа и да запаѓаш во меланхолија секој на твоја возраст има некакви проблеми но не треба тоа да те спушта down напротив од секој пораз стануваш посилен
решение - пробај на твој уникатен начин да го свртиш вниманието на своја страна секако не со негативни работи докажи се покажи што знаеш се гледа дека си интелегентно момче и сигурно некоја од школо те свиѓа или започни врска така ќе го прошириш кругот на познанство
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
не ја губи самодовербата и крени си ја вредноста, качи си ги акциите, не биди депресивен и очаен тоа влијае негативно за нив. Никој не сака да биде околу очајни, депресивни луѓе и покани се сам. У прва година уште се немаат ни они добро запознаено и не се секирај не се врти светот околу тебе нема сите да те оговараат како ти што мислиш.
следен пат кога ќе има излегување бутни се и ти речи и јас ќе дојдам бла бла.. и излези со нив. ќе си најдеш другарче не се секирај.

јас во средно кога ги видов тие од корчагин првиот ден се извадив од памет никој не ми се допаѓаше у депресија паднав.. прво полугодие со никој не се дружев. второ полугодие.. се здружив и сега испадна од класот 10 тина луѓе да сме најдобро друштво и сеуште да се дружиме.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.743
Поени од реакции
4.506
Брат другарството е многу проста работа биди другар и ќе имаш другари ти некако сакаш со сила да ги имаш колку да не останеш сам.
И како што те посоветуваа погоре дај им покана на кафе ова она и ќе видиш кој сака да се дружи со тебе и после продужи во таа насока биди им другар па и тие ќе те викаат да идеш со нив.
П.С Другарството е мора да биде обострано ,а не да очекуваш се од нив
 

AnGeL.BoY

г-дин Дијамант Сваровски
Член од
7 септември 2010
Мислења
55
Поени од реакции
14
Како прво ви благодарам на сите за вашите мислења! Како второ јас сум таква личност што неможам сам да му се “тупнам“, некако страм ми е, ако не ме викни некој друг ќе имам чувство дека му сум потрчко, како некој напор, не знам дали ме разбирате што сакам да кажам. Инаку, кога ќе размислувам подлабоко, себеси се наоѓам како најголем и единствен виновник. Ќе се прашате зошто? Во прва година, додека беше оној “жар“ за оформување друштва, стекнување пријателства и сл, како што имам напоменето, бев единствено со тие двете особи и сметав дека засекогаш ќе останиме заедно како сега и не ми се потребни други “друштва и другари“. Не дека не се спријателив со никого, напротив, меѓутоа онака површно-колку за на училиште само. И кога се скаравме, останав на цедило. Другите два/две се сега со прекрасни другари/друштва, среќни и спокојни, само јас останав со прстот в’уста. Морав да преминам во “свет“ каде што ни 1% неможам да се препознам самиот себеси, се уништував, запустував... :( И сега токму сакам да излезам од оваа ситуација, и јас малку да бидам среќен, оти верувајте ме МНОГУ Е ТЕШКО!
 
П

Пепси_

Гостин
Како прво ви благодарам на сите за вашите мислења! Како второ јас сум таква личност што неможам сам да му се “тупнам“, некако страм ми е, ако не ме викни некој друг ќе имам чувство дека му сум потрчко, како некој напор, не знам дали ме разбирате што сакам да кажам. Инаку, кога ќе размислувам подлабоко, себеси се наоѓам како најголем и единствен виновник. Ќе се прашате зошто? Во прва година, додека беше оној “жар“ за оформување друштва, стекнување пријателства и сл, како што имам напоменето, бев единствено со тие двете особи и сметав дека засекогаш ќе останиме заедно како сега и не ми се потребни други “друштва и другари“. Не дека не се спријателив со никого, напротив, меѓутоа онака површно-колку за на училиште само. И кога се скаравме, останав на цедило. Другите два/две се сега со прекрасни другари/друштва, среќни и спокојни, само јас останав со прстот в’уста. Морав да преминам во “свет“ каде што ни 1% неможам да се препознам самиот себеси, се уништував, запустував... :( И сега токму сакам да излезам од оваа ситуација, и јас малку да бидам среќен, оти верувајте ме МНОГУ Е ТЕШКО!
Не се ограничувај дека другарите мора да ти бидат од твојот клас. Значи шетај излевај на одмори иди по други училници дофрлувај им на женски,ако прават некој муабет иди уфрли им се со некој аргумент застани до нив ово оно. Биди комуникативен никако не седи на клупата само,значи нон стоп биди со некој не е битно кој е.
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Како прво ви благодарам на сите за вашите мислења! Како второ јас сум таква личност што неможам сам да му се “тупнам“, некако страм ми е, ако не ме викни некој друг ќе имам чувство дека му сум потрчко, како некој напор, не знам дали ме разбирате што сакам да кажам.
Цитат од книгата Вероника реши да умре : "Немој сето време да си мислиш дека предизвикуваш незгоди или дека им пречиш на другите! Ако некому не му одговара твоето друштво, самиот ќе си каже. А ако нема смелост да се пожали, тогаш тоа е негов проблем."

Така да јас ти препорачувам да не чекаш да те викнат, може не те викаат затоа што мислат дека нема да сакаш. Ништо нема да изгубиш и ако сам се поканиш. Пробај!
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Како прво ви благодарам на сите за вашите мислења! Како второ јас сум таква личност што неможам сам да му се “тупнам“, некако страм ми е, ако не ме викни некој друг ќе имам чувство дека му сум потрчко, како некој напор, не знам дали ме разбирате што сакам да кажам. Инаку, кога ќе размислувам подлабоко, себеси се наоѓам како најголем и единствен виновник. Ќе се прашате зошто? Во прва година, додека беше оној “жар“ за оформување друштва, стекнување пријателства и сл, како што имам напоменето, бев единствено со тие двете особи и сметав дека засекогаш ќе останиме заедно како сега и не ми се потребни други “друштва и другари“. Не дека не се спријателив со никого, напротив, меѓутоа онака површно-колку за на училиште само. И кога се скаравме, останав на цедило. Другите два/две се сега со прекрасни другари/друштва, среќни и спокојни, само јас останав со прстот в’уста. Морав да преминам во “свет“ каде што ни 1% неможам да се препознам самиот себеси, се уништував, запустував... :( И сега токму сакам да излезам од оваа ситуација, и јас малку да бидам среќен, оти верувајте ме МНОГУ Е ТЕШКО!
А да пробаш некако, да побараш совет од некој од тие што сакаш да почнеш да се дружиш со нив, во врска со некој предмет, нешто во школо да не ти е јасно, па да ти објаснат, или обратно, ти да се понудиш да објасниш некому ако има проблем во врска со нешто што тебе добро ти оди? Ако успееш да создадеш таква ситуација, ќе си укажеш прилика да им покажеш дека си супер и на некој начин да ги поттикнеш да те викнат. Можеш така ако се најдеш во ситуација со некој од нив на само, да иницираш муабет за излегување, чисто онака опуштено. Пробај што и да направиш да не градиш очекувања, зошто така нема да се разочаруваш, полесно ќе си овозможиш на себе да си дадеш втора шанса. Можеби ти е тоа грешката, што од почетокот си се ограничил со некои луѓе па сега сам да бидеш... Ама не е тоа правило. Значи имаш моќ да ги менуваш работите, излади ја главата, и без очекувања пријди им, направи муабет. Немаш што да изгубиш, навистина. Верувам дека си супер дете и дека нема да имаш проблем да се здружиш со другите, само ти треба малку повеќе храброст и самодоверба. Прво размисли за себе, кој си ти, каков си, верувај во себе, набилдај си ја самодовербата. Зашто сите ние се имаме само себе како сретство да го смениме светот на подобро, верувам дека ти од себе правиш да бидеш она што сакаш да бидеш, односно, ти си ти во најдобро светло. Не се секирај, ова не е голема и страшна работа, да иницираш разговор за излегување со луѓе. Сигурна сум дека ќе успееш, и за некоја недела ќе се жалиш зошто не можеш да станеш наутро, поради останувањето доцна навечер по дискотеки :) Обавести не обавезно како прошла работава. Иии да. Пробај да си дадеш рок до кога да го направиш тоа, така полесно ќе биде, кога ќе се ограничиш себе со време, нема да одложуваш постојано.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Ако не идат другарите тоа не значи дека сам неможам да идам било каде.Поубаво е со другари да но,милион пати е подобро кога ќе отидам сам и да запознавам нови луѓе.Затоа се запишувам на танц,на милион други креативни работи.
Прво имаш проблем со својата самодоверба и еднаш засекогаш реши се дека животот е кучка и ама никој освен мајка ти и татко ти не ти мислат добро.Животот само што ти почнал ти ќе се жалиш а од жалење ништо не бива,види само колку луѓе има во Македонијава,не треба никогаш да имаш исто друштво треба да бидеш динамичен и животот ќе те носи низ тешки одлуки.Љубов,пари,пријатели се е зафркнато,слушај се самиот себе и никој друг.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom