Hyperz
Изгубен во времето и просторот...
- Член од
- 13 август 2011
- Мислења
- 715
- Поени од реакции
- 423
И така полека но сигурно си ги уништив оценките.Бев одличен во основно.Во прва се борев за да бидам одличен,втора да сум многу добар а еве трета година едвај добар ке сум.Колку ли професори ми имаат речено ти можеш многу повеќе, и самиот сум се обидел да научам многу повеќе но не оди.Едноставно не функционира.Некои предмети ми се толку одмилени што ми е напорно да ги учам, воопшто не сум заинтересирам.не, не е професорот не е училиштето проблемот е до мене, но подлабока од таа локација неможам да одредам.Денес одговарав француски, одговорав за само 3 лекции тоа беа само 2 збора со правила по 1 реченица, многу едноставно а сепак секој одмор ги повторував, поминав над 3 часа повторувајќи ги за да ги запомнам.3 лекции, ниту збор повеќе.И ете одговорив и заборавив речиси половина од она што одговарав, до утре ке го снема сето.Ех, кога би имал програмирање/информатика цела книга би ја изучил за еден час, или пак англиски но не, тие предмети ми се со доста добри оценки сега морам да учам физика,француски,биологија треба да ги улам битките во историјата еден куп податоци кои што не ме итересираат но мора да ги научам.Мора да се одржува тој просек, пред се за себе, да се запишам на факс, да одржувам некој ред за да ги избегнам караниците со моиве дома.Тие не ја знаат причината поради двојката француски, ветувањето дека ке се поправи не е доволно.Дали мрзата ме „фати“ или друго е проблемот незнам, целиот мој живот успешно сум го решил секој можен проблем но заглавив со овој.Навидум прост но сепак доста комплициран, јас останав без идеи, незнам што да правам.Да се измачувам учејки го секој предмет што ке ми треба или да ги оставам колку што е.Не. и тоа не е едноставно.Ако го оставам како што е, проблемот нема да е решен, ке продолжи и ке ми прави проблеми во иднина, ако продолжам да се измачувам учејќи она што не ме интересира...И тоа неможе...Понекогааш, имам чуство како книгата да е најголемото зло што некогаш допрело до моиве раце, и тоа токму поради неколку предмети кои морам но неможам да ги учам...
Знам, и текстов изгледа глуп ама морав да напишам нешто, да го анализирам надвор од моиве мисли, можеби да слушнам друго размислување...
Знам, и текстов изгледа глуп ама морав да напишам нешто, да го анализирам надвор од моиве мисли, можеби да слушнам друго размислување...