Кајгана психолог

С

Сатори

Гостин
Naaah....
Ради контрола се и такви какви што се.
Повеќе контрола ќе го даде резултатот кој е очигледен....again & again.
Им треба анархија.
Одговорност за сопствената судбина.
Тогаш и само тогаш би се видело кој е кој и што е што.
И би се излегло од зачараниот круг.

Затоа раја мрази анархија.
Бара човекот да е човек, наместо роб. А ропството, што и да кажиме за него...е некако удобно.
И анархисти (посебно оние кои слушаат разни kewl бендови) мразат анархија. И тоа повеќе од просечен цајкан.

Sorry за офтопикот...:)
Иронијата Toecutter, е што јас се сложувам со тебе, ама очигледно е дека тоа не функционира.Премногу опции можат да го убијат човек, изгледа ...
Пепси_ ... оххх, не дека треба да помогне Црквата и религијата.Гледај го филмот ако имаш време. (еве се симплифицирам за да бидам јасна)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Иронијата Toecutter, е што јас се сложувам со тебе, ама очигледно е дека тоа не функционира.Премногу опции можат да го убијат човек, изгледа ...
Пепси_ ... оххх, не дека треба да помогне Црквата и религијата.Гледај го филмот ако имаш време. (еве се симплифицирам за да бидам јасна)
Функционира, за среќа.
Потврдено низ историјата, а и сега. Примерите се безброј.
И на индивидуално ниво....но да не одиме оф топик, иако би имало што да се каже и на темава околу тоа, од каде потекнуваат многу психолошки маки кај рајава...

Затоа сите ја мразат.
Како лепра,чума и колера во едно...:)
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Значи нон стоп сум незадоволен од самиот себе и од другите. Сакав кола,татко ми купи по извесен период и сеа пак сум незадоволен.Пред неколку години сакав да патувам некаде,ненадејно ми дојде понуда за германија и франција,бев,и сеа пак сум незадоволен од мојот живот. Си ветив во школо за минатата година да поминам со 4-5,поминав со 4 и пак некако не сум задоволен од самиот себе. Секогаш ми минува некоја мисла "може подобро и од ова бе". На се и сешто наоѓам некоја маана,на се и сешто фаќам некоја банална забелешка. Од ова и женска не можам да фатам многу пребирам од таа помисла "може и подобро од ова":tapp: Незнам како да го задржам некое задоволство во мене а не само додека трае и да бидам горд и задоволен од нешто што сум го направил.
Пробај направи нешто сам во животот, онака, чисто за промена.
 
S

smexy

Брат знаеш зашо Гоку стана најсилен?
Пошо увек сакаше да се тепа со појаки од него.
Ти си поставуеш предизвици шо знаеш дека ќе ги извршиш.Затоа не ти се предизвикувачки.
 
DAFFY DUCK

Перфекционист
Член од
20 јуни 2009
Мислења
34
Поени од реакции
16
Значи нон стоп сум незадоволен од самиот себе и од другите. Сакав кола,татко ми купи по извесен период и сеа пак сум незадоволен.Пред неколку години сакав да патувам некаде,ненадејно ми дојде понуда за германија и франција,бев,и сеа пак сум незадоволен од мојот живот. Си ветив во школо за минатата година да поминам со 4-5,поминав со 4 и пак некако не сум задоволен од самиот себе. Секогаш ми минува некоја мисла "може подобро и од ова бе". На се и сешто наоѓам некоја маана,на се и сешто фаќам некоја банална забелешка. Од ова и женска не можам да фатам многу пребирам од таа помисла "може и подобро од ова":tapp: Незнам како да го задржам некое задоволство во мене а не само додека трае и да бидам горд и задоволен од нешто што сум го направил.
Другар во врска со твојов "проблем" ти препорачувам да го прочиташ следниов извадок од една многу добра книга "Кој ќе плаче кога ќе те нема" - Робин Шарма

Изберете вредни противници
Неодамна прочитав дека, откако ќе се вратат од Олимпијадата, некои од атлетичари патат од она што психолозите го нарекуваат ПОД (Пост-Олимписка Депресија). Откако биле во центарот на светското внимание и со години тренирале за да брилјираат во натпреварот, штом ќе се вратат на секојдневните животи некои од атлетичарите паѓаат во состојба на депресија. Се чини дека, откако го достигнале врвот на успехот, за нив не постои повисока цел кон која ќе се стремат и затоа нивниот живот ја губи смислата. Истото искуство го доживеаја и астронаутите на Аполо кои стапнаа на месечината. Штом го постигнаа ова, станаа депримирани бидејќи сфатија дека не постои ниту едно нешто во животот кое ќе биде толку возбудливо како патувањето во вселената.
За да одржувате едно нормално ниво на оптимизам и страст за животот, постојано мора да поставувате се повисоки и повисоки цели. Откако ќе постигнете една цел, без разлика дали е професионална или приватна цел, неопходно е веднаш да поставите следна. Овој процес на поставување постепено поголеми, попривлечни цели, го нарекувам „бирање на вреден противник". Кога работев како адвокат, поголемиот дел од времето го поминував по судници, претставувајќи ги интересите на моите клиенти. Во сите тие години (кога ги решавав тие случаи), забележував дека секогаш се покажував во најдобро светло кога се борев против најтешките противници. Тие умни, многу подготвени и беспрекорно фокусирани адвокати ме принудуваа да дојдам до суштината на проблемот и да ги изнесам аргументите кратко, јасно и успешно пред судијата. Највредните противници ме принудуваа да допрам длабоко во себе и да се покажам подобро од претходниот пат.
Имањето постојан проток на поставени цели ќе ги ослободи сите ваши таленти. Запомнете, дијамантите се создадени под постојан притисок. Затоа осигурајте се вашите цели да имаат некаква вредност за вас. Осигурајте се дека тие се оној вид предизвици кои ќе допрат до вашите срца и ќе го изнесат на виделина најдоброто од вас, помагајќи ви да се развиете во текот на процесот. На предавањата за животни совети, што ги држам низ целата земја, многу од учесниците веќе го имаат постигнато она што јас го сметам за успех и во нивната кариера и во животот. Тие се високо почитувани, влијателни и уживаат во она што го прават бидејќи водат урамнотежени и исполнети животи. Па сенак тие се придружуваат на моите програми, затоа што длабоко во себе знаат дека можат да бидат нешто повеќе и дека животот чува поголеми награди за нив. Сфаќаат дека за вистински да го прикажат нивниот човечки потенцијал и да остават наследство кое трае, мора постојано да ја зголемуваат препреката и да се држат до повисоки стандарди. И заради тој став на постојано подобрување, животот навистина испраќа подобри благослови на нивниот пат.
 
Decoturf

Базинга
Член од
30 октомври 2010
Мислења
504
Поени од реакции
74
Другар во врска со твојов "проблем" ти препорачувам да го прочиташ следниов извадок од една многу добра книга "Кој ќе плаче кога ќе те нема" - Робин Шарма
Прекрасен автор е Робин Шарма, уживава читајќи го
 
DAFFY DUCK

Перфекционист
Член од
20 јуни 2009
Мислења
34
Поени од реакции
16
Прекрасен автор е Робин Шарма, уживава читајќи го
Имам колекција дома од него, па ако не ме мрзи деновиве ќе ги скенирам некои од неговите подобри книги (Свештеникот што го продаде своето ферари, Кој ќе плаче кога ќе ве нема, Лидер без титула и тн...) и ќе ги ставам на нет, па ќе можете да ги пронајдете по варез сајтовите :)
 
Decoturf

Базинга
Член од
30 октомври 2010
Мислења
504
Поени од реакции
74
Имам колекција дома од него, па ако не ме мрзи деновиве ќе ги скенирам некои од неговите подобри книги (Свештеникот што го продаде своето ферари, Кој ќе плаче кога ќе ве нема, Лидер без титула и тн...) и ќе ги ставам на нет, па ќе можете да ги пронајдете по варез сајтовите :)
леле ајде едвај чекам (y) се надевам дека нема да ти биде тешко ќе чекаме ние форумџиите, ама исто би сакал да те прашам од каде може да ги купиме овие книги дали ги има во некоја книжара ?
 
DAFFY DUCK

Перфекционист
Член од
20 јуни 2009
Мислења
34
Поени од реакции
16
леле ајде едвај чекам (y) се надевам дека нема да ти биде тешко ќе чекаме ние форумџиите, ама исто би сакал да те прашам од каде може да ги купиме овие книги дали ги има во некоја книжара ?
Другар сегде ги имат книгиве пошто се бестселери, само не сум информиран дали ги имат и по библиотекиве... Иначе за купвење мојш да ги најдиш во секоја поголема книжара (по 200-300 денари се движат)
 
Decoturf

Базинга
Член од
30 октомври 2010
Мислења
504
Поени од реакции
74
Другар сегде ги имат книгиве пошто се бестселери, само не сум информиран дали ги имат и по библиотекиве... Иначе за купвење мојш да ги најдиш во секоја поголема книжара (по 200-300 денари се движат)
Одлично за добра книга не жалам пари јас имав само мал дел прочитано лсучајно не го знев авторот ама после се информирав на интернет и видов дека е звер, фала ти :cuc:
--- надополнето: Aug 27, 2011 8:21 PM ---
Одлично за добра книга не жалам пари јас имав само мал дел прочитано лсучајно не го знев авторот ама после се информирав на интернет и видов дека е звер, фала ти :cuc:
а и ќе заборавев Среќен роденден и да те глеаме се повеќе на форулов тука, поздрав
 
DAFFY DUCK

Перфекционист
Член од
20 јуни 2009
Мислења
34
Поени од реакции
16
Хехехе отсега и повеќе ќе ме има на кајгана, иначе фала за честитката, незнам од кај накопа дека имам роденден али стварно сум поласкан хехех thanks ;)
P.S. Јас најдлаабоко се извинувам за офтопиците, нема да се повтори I promise :$
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Значи нон стоп сум незадоволен од самиот себе и од другите. Сакав кола,татко ми купи по извесен период и сеа пак сум незадоволен.Пред неколку години сакав да патувам некаде,ненадејно ми дојде понуда за германија и франција,бев,и сеа пак сум незадоволен од мојот живот. Си ветив во школо за минатата година да поминам со 4-5,поминав со 4 и пак некако не сум задоволен од самиот себе. Секогаш ми минува некоја мисла "може подобро и од ова бе". На се и сешто наоѓам некоја маана,на се и сешто фаќам некоја банална забелешка. Од ова и женска не можам да фатам многу пребирам од таа помисла "може и подобро од ова":tapp: Незнам како да го задржам некое задоволство во мене а не само додека трае и да бидам горд и задоволен од нешто што сум го направил.
Она што секој заобиколено ќе ти го каже кога ќе му го кажеш овој свој проблем се пакува во неколку сурови реченици: Не се секирај, ќе видиш како животот порано или подоцна ќе те турне на колена и ќе те натера веројатно да молиш за сегашната состојба. Само кога животот не е суров кон нас имаме милион претензии и незадоволства. Штом ни објави војна сите сме кротки и не бараме ништо повеќе од тоа да сме раат. Така да пеки, се надевам нема да биде пресуров кон тебе. Гледам не си навикнат да не добиваш.
 
П

Пепси_

Знаев дека некој така ќе го "свари" овој пост дека се ми е дозволено и дека се ми е дадено на тацна,и дека сум галено детенце.

Животот ме кутнал мене кога другите уживаа во детството а јас името не си го знаев,и доволно научив немај мака ама тоа е друга тема.
Поентата е што не можам да го задржам некое чуство убаво на подолго време,како да испарува. Спомнав дека таа мисла "може подобро и од ова" секогаш ми ги мати работите.
И на сите им оставам впечаток како да сум неблагодарно говедо, а јас секогаш само сум исполнет со многу надеж и оптимизам дека ќе го посигнам по доброто од тоа "нешто":D
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Знаев дека некој така ќе го "свари" овој пост дека се ми е дозволено и дека се ми е дадено на тацна,и дека сум галено детенце.

Животот ме кутнал мене кога другите уживаа во детството а јас името не си го знаев,и доволно научив немај мака ама тоа е друга тема.
Поентата е што не можам да го задржам некое чуство убаво на подолго време,како да испарува. Спомнав дека таа мисла "може подобро и од ова" секогаш ми ги мати работите.
И на сите им оставам впечаток како да сум неблагодарно говедо, а јас секогаш само сум исполнет со многу надеж и оптимизам дека ќе го посигнам по доброто од тоа "нешто":D
Пепси тоа што си го очекувал ваквиот одговор ме води кон две работи: Или и самиот се сомневаш дека е така т.е дека си галено дете или пак не знаеш да читаш појасно ( не сфаќај ништо од ова што го пишувам со лоша намера, оти најмалку тоа ми е намерата..:)).

Оваа приказна со и мене живот ме кутнал, секој ја кажува, и ќерка му на Берни Еклстоун која даде баш забавна изјава у стилом ~Шо ги боли луѓето што тато ми купи вила од 120 милиони долари во кои ќе живеам сама, не можам да се секирам јас за сите несреќници, а јас напорно работев за да го добијам тоа~. и мојот сосед кој богами видел што значи тешко согласно сите критериуми за тешко. Океј сите сме го извлекле подебелиот крај порано или подоцна во животот. Вистинскиот човек се соочува со тоа и веројатно учи со време смирено да реагира на порази. Плашливиот коркачи на сите страни зашто нема доволно суровини за да го направи животот посреќен. Финтата е што има преголема побраувачка за среќа, а премала понуда - Побогу човечките апетити ниедна понуда не би ја задоволиле. Не бери гајле не инсинуирам ништо посебо што секој самосвесен човек не го знае за себе: пола живот е коркач, а пола човек ко што треба. Имаш и отстапки али отом потом, некогаш ќе пишеме..:)

Мислата ми е следна. Соочи се со потрошноста на чувството на среќа. Нема тоа век на траење, затоа се измислени желбите, ако нема што ново да смислиш, мислата ќе ти се завлече многу опасно. Додуша тука нема многу избор, ако си духовно скроен да размислуваш духовно и филозофски, секогаш ќе имаш малку пелин во уста. Секогаш ќе ти фали нешто, ќе бараш одговор на нешто што нема одговор итн итн, секако сето тоа ќе го поврзуваш максимално субјективно, оти сами си ја правиме проекцијата.

Така што соочи се со овие работи на време. Само не скокај пребргу од ферари на ламборџини, од фото модел во Екран на мис Македонија, оти ќе се истрошиш сам. Моментот кога ќе сфатиш дека на овој свет па и никој не е толку посебен и дека совршенството е само збор во речник ќе ти биде полесно. Многу полесно.

Секое добро..:)
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Најголем проблем ми е тоа што не сум сериозен НИКОГАШ, а кога правам муабет со женско, терам на дудлање. Нив им е интересно, ама дали сум нормален?
Поарно терај го животот на ладење отколку да се замараш со него ја така мислам па сеа...:icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom