Кајгана психолог

Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Ova e moeto prvo clenstvo vo bilo kakov forum.
No i prv pat se naogam na ovoj stepen na depresija.
I sedejki 20 minuti ovde ne znam od kade da pocnam. Zatoa sto ne znam i vsusnost sto e problemot so mene.
Znam edna rabota; potreben mi e psihijatar.
Znam uste edna rabota; nemam hrabrost da go posetam istiot.
Se smetam za (pre)mnogu emotivna licnost, so dupla doza na sramezlivost i so nepopravlivi luzni od detski traumi.
Kako sto na 99 % od moite poznanici nivniot dom e mesto za uzivanje, taka mojot dom e mesto polno so negativna energija, sekojdnevni karanici, socijalizacija svedena na najnisko nivo.
Do moite 18 godini sum svedok na sceni od koi celata se rastreperuvam. Znaete, toa se onie momenti koga mojot
(inaku, mnogu pocituvan) tatko doagal doma pijan, se raspravale po cel den so mojata majka (najcesto poradi nedostig na finansii). I koga na kraj ne se naogalo resenie, ovde se zrtvite. Dijagnozata e fizicko maltretiranje za vratite i majka mi, a psihicko za mene.
Mnogu pati bile pred razvod. Najintenzivno bilo vo periodot na moja 8-13, 14 godisna vozrast. Preminot na moeto detstvo kon pubertetot. Po sekoja cena sakav (i se trudev) semejstvoto da ostane obedineto. No toa ostana samo mislovna imenka. Nikogas ne bese ``semejstvo`` vo vistinska smisla na zborot. Potoa veke se otakazav od mojata misija, pa majka mi bese taa koja sto prodolzi. No jas veke se naviknav na zborovite - jas i tatko ti ke se razveduvame... povtorno ... i povtorno...
Ednostavno, ne sakav da bidam dete na razvedeni roditeli.
Sega sfakam kolku sum gresela.
I ne znaev sto e podobro, dali da ostanes sirak, ili da imas roditeli a da se cuvstvuvas tolku osamen.
Pa i denes ne znam.
I taka jas go staviv ucilisteto i ucilisnite obvrski vo moj prv plan. I toa go pravev najdobro sto mozev. Moeto ime sekogas asocirase na - najdobra uceicka vo generacijata. I vo osnovno, i vo sredno. Poradi mojta navika za kontinuirano (a ne partisko) ucenje, profesorite postojano me falea. A mene mi bese mnogu sram da me falat. I koga go pravea toa, moeto lice dobivase pigmentacija kako na zrel patlidzan. So tekot na vremeto toa `pigmentiranje` stana mnogu intenzivno i se aktivirase samo sto ke go slusnev moeto ime. Toa me ubivase, i mene i mojata samodoverba.
I denes imam posledici od toa, ne do toj stepen, no prilicno cesto.
Voglavno, moite pubetrtetski i tinejdzerski godini pominaa vo celodnevno ucenje, zabava svedena na mnogu nisko nivo, sto podrazbira izleguvanje samo vikendi. Edinstveno letoto bese period koga navistina odmarav, i sekojdnevno se druzev so drugari/ki, i imav malku poveke prostor da razmisluvam za ljubov.
Mesto (vreme, pari...) za realiziranje na hobi vo mojot zivot nemase. Ili podobro, nemase pari. Ili uste podobro, imase, no ednostavno mojot tatko smetal deka e toa luksuz.
Drugarki i drugari... da imam, normalno, ne se mnogu, no se od onie, (naj)vernite, bez koi ne bi opstanala. Site drugi se poznanici, nekogas i nepotrebni.
I sega dojde vreme na onaa famozna krstosnica, koga treba da odlucam za moeto ponatamosno obrazovanie.
A mene ne mi se zivee a ne pak da razmisluvam sto i kade i kako...
Zatoa sto sakam (vsusnost, ne znam ni dali e toa ona sto navistina go sakam, no barem e edno od nestata) eden umetnicki smer sto go ima samo na prifaten fakultet za koj sto nemam pari.
Ebani pari.
Me obolea cel zivot.
Ili pak me obole toa sto gi nemav za da mozev da si dozvolam malku od toj luksuzot narecen hobi.
Ama jas kako `jaka ucenicka, trudoljubiva, vredna, samostojna` i uste mnogu vakvi trici e mnogu ocekuvano da se zapisam na nekoj od pojakite fakulteti vo ovaa napatena drzava.
Pa se odluciv za elektro.
Potocno, se uste ne . Zatoa sto sekako ne mozam da go ucam toa sto go sakam, i seedno mi e.
Znam kolkavi mi se moznostite i kapacitetot. I veruvam (ne, sakam da veruvam) deka ke mozam da go izdrzam celiot toj pritisok okolu `najteskiot fakultet`
Ili pak toa ke ja dokrajci mojata ranliva dusa...

Koga bi se rodila povtorno ne bi si stavala nisto na srce.
Zatoa sto sega stavam se.
I od den na den mi e se potesko toa moe malo (zaljubeno) srce.
Pa bi ve zamolila za nekoja dieta, brza i so dolgotrajni rezultati?
Прво, мое мислење во врска со факултетот. Бегај шо подалеку од електро факултет. Зошто ? Се жалиш дека не си доволно социјализирана, а вервај дека таков факултет само уше појќе ќе те десоцијализира. Нема леб таму, буквално нема. А бидејќи самата рече дека и не ти е важно кој факултет ќе запишиш, оди на некој општествен кај шо ќе имаш нормална КОМУНИКАЦИЈА со колеги и колешки. Знајш, нешто највредно шо го поседуваме луѓето е МОЌТА на комуникација. Ако не комуницираш се јавуват вакви проблеми. Самата кажа дека си имала ограничен излез во текот на учебните години. Колку мислиш дека то имало удел во твојата (де)социјализација ?

Некој погоре напиша дека токму вакви личности сака или поштова. Да, ќе те сакат и поштоват, то ќе те прај на моменти да се осеќаш убо, ама никогаш нема да се дружиш со луѓе шо самата ќе си ги одбираш и мислиш дека ти требат. Ќе се дружиш со луѓе кој шо некако ќе ти пријдат и ќе видат потреба од некој таков пријател ( или шо и да е ) кој ќе е така ќутлив и ќе знај да ги сослуша.
 
Член од
19 јули 2011
Мислења
2
Поени од реакции
0

Како што јас успеав да сфатам од целиот пост, ти, мацо, немаш проблем. Ти само мислиш дека имаш. Знам дека ти е тешко во условите во кои се наоѓаш дома, ама на кој не му е? Знаеш ли некој човек на кој дома му е баш онака супер? Па и да знаеш, тешко дека ќе ги собере на прстите на една рака... Ретко кој е близок со родителите, ретко кој поголемиот дел од животот не е сведок на расправии, особено на оние што станаа веќе клише - за пари. Има светска економска криза, и знам, ни го отупеа газот со ова, али коа ќе размислиш подетално, па се осеќа. Секаде. Не знам дали има сега дом кај што не се дискутира таа тема. Имаш другарки, значи имаш солидни комуникациски вештини, што се и те како потребни за да оствариш блиско другарство, како што ти рече дека имаш. Не сметам дека е тоа работа за која треба да бидеш благодарна, ама биди фер према себе, признај си го успехот. Зашто исто така се ретки луѓето што имаат повеќе од еден НАЈдобар другар. А под најдобар се мисли, да биде тука за тебе и во добро и во зло. Ако ги немаше ти, немаше ни да ги спомнеш во оваа тешка состојба во која се наоѓаш. Викаш, те интересира уметнички смер што го има само на приватен факултет. Не знам дали си се распрашала подетално, ама на педагошки факултет има насоки за уметност. Вајарство, сликарство, графика, не знам што таму... Можеби ќе најдеш нешто што ќе те интересира. Инаку, во постот немаше напишано, дали твоите те форсираа да бидеш одлична на училиште, и дали ти вршат притисок за донесување на одлука за понатамошното образование? Ако не те форсирале, морам уште еднаш да го употребам зборот РЕТКОСТ, овој пат во контекст на тоа што ретко кој во твои услови би постигнувал извонредни резултати на училиште. Обично расправиите дома имаат спротивен ефект. Само не ми е јасно зашто наместо да се гордееш со својот успех, се срамиш. Каков ефект имал твојот успех врз однесувањето на твоите спрема тебе? Дали те фалат?
Викаш, 'I od den na den mi e se potesko toa moe malo (zaljubeno) srce.'. Што не чини? Типот се занесува? Дај поише информации...
И уште нешто... Добро, што мислиш ти дека е хоби? Зашто мислиш дека ти се неопходни пари за да имаш хоби? Хоби е читање книги, цртање, возење точак, ролери, гледање филмови, занимавање со форуми, чување милениче... За некои од нив не се потребни пари, а за некои минимално нешто. На пример, за да читаш книга ти требаат 10 денари за да ја земеш од библиотека, ако веќе немаш доволно да ја купиш. Цртање, 20 денари за блокче и уште 50-60 за боички. Што и не ти се неопходни, моеш да си земеш само молив Б ако немаш за повеќе материјали. Возење точак и ролерки, тука ќе ти требаат нешто повеќе ако немаш, иако точаци се изнајмуваат, колку што знам јас по 10 денари од саат. Гледање филмови, не ти требаат пари, ако имаш интернет. Исто така можеш да почнеш да одиш на креактив, они имаат доста работилници за кои не ти требаат пари, а ем ќе научиш нешто, ем имаш ХОБИ. И има денови кога пуштаат филмови. Еве ти го профилот на фејсбук, ќе ти стигаат покани за настани цело време:http://www.facebook.com/profile.php?id=100000673977872 ; За занимавање со форуми исто така не ти требаат пари, само интернет. Е за милениче, ти требаат за храна. Ама на пример, папагалче, 120 денари ти е кило просо со витамини, а кило ти трае којзнае колку време... А за по толку малце пари ако ти требаат, ти еден месец да работиш у лето како келнерка, да речеме (а во еден неделен огласник имаш по минимум 10тина понуди за работа како келнерка) ќе имаш пари за цела година да ги правиш сите работи што ти ги наведов погоре... Значи, сварно е толку тешко и безнадежно?
Што се однесува до односот со твоите. Како стоите? Се карате, меѓу себе? За што ти префрлаат? Имаш брат/сестра? Ти ограничуваат ли излез? Ти се мешаат ли во лични работи? Колку сте отворени во комуникацијата? Ако ти е незгодно да одговориш јавно на било кое прашање што ти го поставив во целиот пост, ако сакаш можеш да ме контактираш во приватна порака...

Па.. да почнам од почеток.
Дека немам проблем, не би рекла. Бидејќи ако беше така воопшто немаше ни да барам помош на форум. Како и што го започнав мојот прв пост, ова ми е прво членство во било каков форум, бидејќи имав голема потреба да разговарам со мој човек, човек од доверба. Но, сами знаете, сезона на одмори, па 'моите луѓе' се надвор од државата. А јас се наоѓав пред експлодирање, па морав негде да се искажам и сметам дека не погршив.
Не велам дека само јас имам проблеми; нормално тие се дел од животот на секој човек, и на најздравиот, и најпаметниот, и најбогатиот, и уште 100 - нај... иако понекогаш ни се чини дека нашите се најголеми и дека нема излез. Еве ќе ги посочам моите најдобри другарки и другарите, кога ќе ги споменат тие семејни собири, викенди, родендени, ручеци и што уште не, па кога раскажуваат дека забораваат на времето зборувајќи со нивните родители, за било што...си велев, што сум јас, изрод? Во мене ли е проблемот? Каква е таа заедница (моето семејство) во која е толку тешко да се воспостави било каква комуникација?
Да напоменам дека повеќето од моите најдобри пријатели се дел од семејства со прилично големи приходи, приватни бизниси, викендички, следат најнова мода итн. Но тоа воопшто не го менува нашиот однос, прво, бидејќи за никој од нив не е карактеристична вообразеноста што не ретко се јавува кај луѓе чиј што џеб тежи повеќе, и второ, затоа што кај мене не постои љубомората поради тоа што тие имаат повеќе од мене. Напротив, на некој начин тоа ме мотивира дека, нели, еден ден ќе можам да си дозволам многу повеќе благодарение на мојот труд, работа и така натаму и наваму. Бидејќи живеам во мало место чие име не е важно, важно е дека е град, но ние го викаме село; има само 3-4 места за излегување, и заедно излегуваме, значи не постои таа 'поделба', дека тој што има повеќе излегува во тој клуб или обратно. Единствено им недостигам (и тие мене!) на екскурзии и на годишни одмори, и на било какви престојувања надвор од градот на подолго време.
Форсирање од моите родители за моите училишни обврски не постоело никогаш. Најверојатно затоа што на време ги извршував сите обврски, без никаков притисок.
Или подобро кажано, можеби самата си создавав некаков притисок, дека морам да го направам тоа најдобро што можам.
Или можеби вистината, сакав да бидат горди на мене.
Нормално, така и беше. Со задоволство мајка ми присуствуваше на родителските средби.
А јас бев задоволна затоа што тие беа задоволни.
И денес сум иста, среќна ако и другите околу мене се среќни. Во спротивно правам се што е во моја моќ за да го направам несреќниот среќен, бидејќи не ретко во мене ја барам причината за таквата состојба (иако најчесто несреќата на несреќниот нема никаква врска со мене).
Мојата срамежливост... да таа избиваше на површина речиси секогаш, посебно кога ме фалеа, иако знаев дека тие зборови или награди, било што, ми се заслужени. Едноставно мразев да бидам во центарот на вниманието, сите погледи да бидат свртени во мене - самата помисла на тоа го забрзуваше ритамот на моето срце и се манифестираше на моето лице.
Е сега за моето хоби; да, тоа би можело да биде велосипед, ролери, книги, цртање и што уште не...
Гитара и фотографирање.
Цел живот ќе бидам благодарна што моите баба и дедо му купиле на татко ми гитара. Научил да ја свири, не којзнае како, но за пијанки со друштво доволно. Лето 2009 се јави желбата кај мене да научам да свирам. Мислев дека ќе ми биде полесно бидејќи тој знае(л) и дека ќе може да ми ги каже барем основните работи.
Ми кажа неколку акорди, оние на кои се сеќавал, бидејќи со години не ја фатил гитарата во раце.
Толку.
Ми ја остави гитарата и ми кажа - еве ти, свири.
И го гледав како излегува од собата.
И уште половина час седев и гледав како теле во шарена врата.
И наредната недела поминував часови и часови во бесплатниот интернет за да видам што е целата работа со гитарата, бидејќи за приватни часови не ни можев да помислам, а татко ми некако не беше расположен да ми помогне.
И ги научив акордите. Ако некој од вас свире(л) гитара знае која е болката на разранетите прсти и огромното задоволство што следува потоа.
Во меѓувреме само ме прашуваше како оде, му одговарав добро е... и еднаш ме слушна како свирам.
И добив едно 'браво' од него. И едно прашање зошто не пеам дури свирам, а јас сеуште не можев да ги усогласам двете работи.
И повторно бев единствена во друштвото што свиреше на било каков инструмент, па пак бев таму, во центарот, на моето не толку омилено место...но само на почетокот. Потоа веќе атмосферата беше на ниво и на крај одлично си поминувавме.
Но знаете, кинење на жица, купување нова, повторно и повторно, па требаат пари, па парите ги нема...
И еве веќе скоро година не свирам.
Што се однесува до фотографирањето, немам некоја слина сторија, само ќе наведам дека бев пресреќна кога ми купија телефон со таканаречена камера. И сликав се и сешто, бидејќи од мала кај мене постоеше желба за фотографирање.
И како минуваше времето, во фотографијата гледав се поголема уметност.
Денес гледам нешто што ни најголемиот литерат не може да го опише со зборови.
Ако го занемарам фактот дека немам можност за студии за фотографирање, ниту за поквалитетен фотоапарат, тогаш со задоволство ќе кажам дека сакам професионално да се занимавам со фотографирање.
Накратко и за мојата сестра; да, ја имам, но и со неа комуникацијата не ни е на ниво, бидејќи таа е прилично нервозна и агресивна личност, која на секој втор збор го повишува тонот. А јас сакам човечки да се седне и да се разговара. И таа многу поинаку го сфаќа тоа што јас си го ставам на душа сите овие години. Нашите карактери се сосема спротивни.
И уште збор-два за моето заљубено срце нели; не, типот воопшто не се занесува, напротив, секогаш сум имала поддршка од него и често ми вели да не се нервирам и да не си ставам се на душа или барем да пробам...
Ама не ми оди бе луѓе.. и ова е всушност мојот најголем проблем...
--- надополнето: Jul 21, 2011 4:21 PM ---
Прво, мое мислење во врска со факултетот. Бегај шо подалеку од електро факултет. Зошто ? Се жалиш дека не си доволно социјализирана, а вервај дека таков факултет само уше појќе ќе те десоцијализира. Нема леб таму, буквално нема. А бидејќи самата рече дека и не ти е важно кој факултет ќе запишиш, оди на некој општествен кај шо ќе имаш нормална КОМУНИКАЦИЈА со колеги и колешки. Знајш, нешто највредно шо го поседуваме луѓето е МОЌТА на комуникација. Ако не комуницираш се јавуват вакви проблеми. Самата кажа дека си имала ограничен излез во текот на учебните години. Колку мислиш дека то имало удел во твојата (де)социјализација ?

Некој погоре напиша дека токму вакви личности сака или поштова. Да, ќе те сакат и поштоват, то ќе те прај на моменти да се осеќаш убо, ама никогаш нема да се дружиш со луѓе шо самата ќе си ги одбираш и мислиш дека ти требат. Ќе се дружиш со луѓе кој шо некако ќе ти пријдат и ќе видат потреба од некој таков пријател ( или шо и да е ) кој ќе е така ќутлив и ќе знај да ги сослуша.
Tи благодарам на твоето мислење и на твојот совет за факултетот. Но воопшто не ги сакам општествените науки и знам дека што и да студрам ќе биде поврзано со математика. А нема сомнеж дека мојот ограничен излез има и тоа како голем удел во мојата десоцијализација.
А за вториот пасус од твојот пост, има голема вистина, и токму тоа е она што би сакала да го променам кај себе.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178

Па.. да почнам од почеток.
Дека немам проблем, не би рекла. Бидејќи ако беше така воопшто немаше ни да барам помош на форум. Како и што го започнав мојот прв пост, ова ми е прво членство во било каков форум, бидејќи имав голема потреба да разговарам со мој човек, човек од доверба. Но, сами знаете, сезона на одмори, па 'моите луѓе' се надвор од државата. А јас се наоѓав пред експлодирање, па морав негде да се искажам и сметам дека не погршив.
Не велам дека само јас имам проблеми; нормално тие се дел од животот на секој човек, и на најздравиот, и најпаметниот, и најбогатиот, и уште 100 - нај... иако понекогаш ни се чини дека нашите се најголеми и дека нема излез. Еве ќе ги посочам моите најдобри другарки и другарите, кога ќе ги споменат тие семејни собири, викенди, родендени, ручеци и што уште не, па кога раскажуваат дека забораваат на времето зборувајќи со нивните родители, за било што...си велев, што сум јас, изрод? Во мене ли е проблемот? Каква е таа заедница (моето семејство) во која е толку тешко да се воспостави било каква комуникација?
Да напоменам дека повеќето од моите најдобри пријатели се дел од семејства со прилично големи приходи, приватни бизниси, викендички, следат најнова мода итн. Но тоа воопшто не го менува нашиот однос, прво, бидејќи за никој од нив не е карактеристична вообразеноста што не ретко се јавува кај луѓе чиј што џеб тежи повеќе, и второ, затоа што кај мене не постои љубомората поради тоа што тие имаат повеќе од мене. Напротив, на некој начин тоа ме мотивира дека, нели, еден ден ќе можам да си дозволам многу повеќе благодарение на мојот труд, работа и така натаму и наваму. Бидејќи живеам во мало место чие име не е важно, важно е дека е град, но ние го викаме село; има само 3-4 места за излегување, и заедно излегуваме, значи не постои таа 'поделба', дека тој што има повеќе излегува во тој клуб или обратно. Единствено им недостигам (и тие мене!) на екскурзии и на годишни одмори, и на било какви престојувања надвор од градот на подолго време.
Форсирање од моите родители за моите училишни обврски не постоело никогаш. Најверојатно затоа што на време ги извршував сите обврски, без никаков притисок.
Или подобро кажано, можеби самата си создавав некаков притисок, дека морам да го направам тоа најдобро што можам.
Или можеби вистината, сакав да бидат горди на мене.
Нормално, така и беше. Со задоволство мајка ми присуствуваше на родителските средби.
А јас бев задоволна затоа што тие беа задоволни.
И денес сум иста, среќна ако и другите околу мене се среќни. Во спротивно правам се што е во моја моќ за да го направам несреќниот среќен, бидејќи не ретко во мене ја барам причината за таквата состојба (иако најчесто несреќата на несреќниот нема никаква врска со мене).
Мојата срамежливост... да таа избиваше на површина речиси секогаш, посебно кога ме фалеа, иако знаев дека тие зборови или награди, било што, ми се заслужени. Едноставно мразев да бидам во центарот на вниманието, сите погледи да бидат свртени во мене - самата помисла на тоа го забрзуваше ритамот на моето срце и се манифестираше на моето лице.
Е сега за моето хоби; да, тоа би можело да биде велосипед, ролери, книги, цртање и што уште не...
Гитара и фотографирање.
Цел живот ќе бидам благодарна што моите баба и дедо му купиле на татко ми гитара. Научил да ја свири, не којзнае како, но за пијанки со друштво доволно. Лето 2009 се јави желбата кај мене да научам да свирам. Мислев дека ќе ми биде полесно бидејќи тој знае(л) и дека ќе може да ми ги каже барем основните работи.
Ми кажа неколку акорди, оние на кои се сеќавал, бидејќи со години не ја фатил гитарата во раце.
Толку.
Ми ја остави гитарата и ми кажа - еве ти, свири.
И го гледав како излегува од собата.
И уште половина час седев и гледав како теле во шарена врата.
И наредната недела поминував часови и часови во бесплатниот интернет за да видам што е целата работа со гитарата, бидејќи за приватни часови не ни можев да помислам, а татко ми некако не беше расположен да ми помогне.
И ги научив акордите. Ако некој од вас свире(л) гитара знае која е болката на разранетите прсти и огромното задоволство што следува потоа.
Во меѓувреме само ме прашуваше како оде, му одговарав добро е... и еднаш ме слушна како свирам.
И добив едно 'браво' од него. И едно прашање зошто не пеам дури свирам, а јас сеуште не можев да ги усогласам двете работи.
И повторно бев единствена во друштвото што свиреше на било каков инструмент, па пак бев таму, во центарот, на моето не толку омилено место...но само на почетокот. Потоа веќе атмосферата беше на ниво и на крај одлично си поминувавме.
Но знаете, кинење на жица, купување нова, повторно и повторно, па требаат пари, па парите ги нема...
И еве веќе скоро година не свирам.
Што се однесува до фотографирањето, немам некоја слина сторија, само ќе наведам дека бев пресреќна кога ми купија телефон со таканаречена камера. И сликав се и сешто, бидејќи од мала кај мене постоеше желба за фотографирање.
И како минуваше времето, во фотографијата гледав се поголема уметност.
Денес гледам нешто што ни најголемиот литерат не може да го опише со зборови.
Ако го занемарам фактот дека немам можност за студии за фотографирање, ниту за поквалитетен фотоапарат, тогаш со задоволство ќе кажам дека сакам професионално да се занимавам со фотографирање.
Накратко и за мојата сестра; да, ја имам, но и со неа комуникацијата не ни е на ниво, бидејќи таа е прилично нервозна и агресивна личност, која на секој втор збор го повишува тонот. А јас сакам човечки да се седне и да се разговара. И таа многу поинаку го сфаќа тоа што јас си го ставам на душа сите овие години. Нашите карактери се сосема спротивни.
И уште збор-два за моето заљубено срце нели; не, типот воопшто не се занесува, напротив, секогаш сум имала поддршка од него и често ми вели да не се нервирам и да не си ставам се на душа или барем да пробам...
Ама не ми оди бе луѓе.. и ова е всушност мојот најголем проблем.
Ама, јас пак не сфатив каде е тој тоолку голем проблем? Сфаќам дека работите дома ви се далеку од сјајни, а тебе се што ти треба е разбирање и разговор од родителите. Ама, тие не се такви. И ситуацијата дома нема да се промени додека не се освестат дека имате проблем (во што, да бидам искрена, чисто се сомневам дека ќе се случи), или ако не се разведат. А гледаш дека ни тоа ни тоа не се случува. После толку години брак, (кој претпоставувам дека трае повеќе од 18 години, со оглед на тоа дека ти имаш толку години, од прилика) да бидеме реални, ако не одите сите заедно на семејна терапија, работите тешко дека ќе се подобрат само заради некоја караница што ќе ја имате. Овој проблем е малце покомплициран од тоа што дозволуваат условите на форум да се дискутира. Значи, со оглед на тоа колку површни информации имам на располагање, би можела само да ти кажам дека можеш да седнеш и да зборуваш со нив. Ако не успее од прва, пробај од втора, од трета, од четврта... Додека не успее. Не ги познавам твоите и не знам како реагираат на сериозен разговор. Ама можеш да пробаш. Тоа ти е може единствен пат до целта.
Иначе, за тоа дека си опкружена со луѓе чии услови дома се подобри од твоите... Може по некоја случајност си наишла на такви луѓе, па мислиш дека добрите односи во семејствата се чести. Не е така. Немам точни статистички податоци, ама мислам дека грубо земено, барем секој петти брак завршува со развод, а дали 7-8% од семејствата во Македонија не се соочуваат со проблеми со пари... Значи тешко дека си единствена во вакви услови, всушност, има и многу полоши услови. Деца во дом, деца на самохрани родители, деца на зависници, деца на ментално или физички болни родители... Може не е некоја утеха, ама јас кога ќе се најдам во тешка ситуација се тешам со оние на кои им е потешко од мене. И ми успева. А особено ми успева кога ќе се сетам дека јас во некоја ситуација сум на подобра позиција од некој друг, кога сум дошла до таму со мој труд. Како на пример, ти со школото. Без никаков притисок или форсирање си била одлична и твоите се гордеат со тебе за тоа. Знаеш, може не се они стварно криви за тоа што ви се такви условите... Може едноставно се такви, не знаеш они надвор од дома со што се соочуваат, може стварно не можат да направат ништо. Знам дека нема изговор за тоа зашто не се повеќе време со тебе, зашто не се блиски со тебе, зашто не зборат со тебе... Ама верувам дека прават најдобро што знаат. Инаку тешко дека би решиле да имаат деца и да ги чуваат ако не би биле сигурни дека можат да им ја дадат целата љубов и сите услови што се потребни за да растат нормално... Ама работите не излегуваат секогаш како што планираме. Можеби порано имале подобра работа, повеќе пари, подобри услови... Али условите се менуваат. Ни они веќе сигурно не се така млади за да бидат сигурни дека нема да ги одбијат ако побараат подобра работа... Сигурна сум дека да знаат дека можат да ви дадат подобри услови од овие сега, дека би ви дале, ама тие се условите, и верувам дека прават најдобро што знаат... Пробај да видиш како е од нивен аспект... Може стварно не се лоши луѓе, ама не знаат како поинаку со проблемите. Верувај, има многу деца што од што немаат, јадат само по еднаш во денот... И не ни знаат како изгледа полн фрижидер. А за услови да се запишат на факултет, да не ни збориме... Познавам едно девојче, што живееше со сестра и и татко и, и пред да наполни 18 почина татко и. Сега веќе има 18 и мораше да најде работа, да и плаќа школо на помалата сестра, да работи за себе, за куќата, за храна. Верувам дека не ни можеш да се споредиш со неа во однос на условите. Такви се какви што се, мораш да најдеш начин да се носиш со тоа и да се избориш за себе. Да живееш за денот кога ти ќе носиш дома повеќе пари од татко ти и ќе си ги овозможиш условите кои сега ги немаш. Немаш избор, само тоа е, да се бориш, да бидеш амбициозна и успешна. Тоа тие единствена формула за успех.
Рече дека се случува кога е некој несреќен, причината за неговата мака да ја бараш во себе... Не го прави тоа. Знам дека знаеш дека не треба, ама осеќам одговорност да ти кажам дека не си должна било чиј товар да го носиш на свој грб. Ама штом се чувствуваш лошо заради другите значи дека имаш емпатија, а штом им помагаш без да побараш нешто за возврат, значи дека си алтруист. Ова се две благородни особини на човек што е ништо друго освен ДОБАР. А на тоа треба да си горда. Зашто знам дека условите во кои си растела работеле против тоа ти да станеш добар и благороден човек. Еве, ова е работа за која самата си заслужна, и заслужуваш да ти се упатат пофалби. Биди горда, и крени ја главата.
Верувам дека и на факултет ќе продолжиш одлично како и до сега. А верувам дека знаеш, дека ако имаш добар просек, имаш услови да добиеш стипендија. Што изнесува околу 25 илјади годишно. Тие пари ти се и повеќе од доволни за да можеш да си дозволиш нови жици за гитарата, можеби некој фотоапарат, па и уште нешто ќе ти остане за годишен одмор. Ете пари кои ќе ти бидат награда за трудот што го вложуваш во учење. А нема само парите да ти бидат награда, туку и знаењето што понатаму ќе ти се покаже многу корисно, и ќе ти овозможи многу работи.
Знам како е и да имаш сестра со која си на сосема спротивна фреквенција. Претпоставувам е помала и поразмазена. Многу те разбирам. Ама додека и таа не созрее не ни можеш да очекуваш разбирање и отворен разговор со неа. Мислам дека е време да се откажеш од тоа да најдеш разбирање од неа. Зашто ако не се откажеш, само ќе се нервираш, ова од лично искуство ти го зборувам.
А да имаш тип што е тука за тебе, те слуша, и те разбира, нема ништо поубаво од тоа. Ако во ништо друго, уживај барем во врската со него и биди среќна што си нашла разбирање во партнерот. Драго ми е што го имаш тоа.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Па.. да почнам од почеток.
Дека немам проблем, не би рекла. Бидејќи ако беше така воопшто немаше ни да барам помош на форум. Како и што го започнав мојот прв пост, ова ми е прво членство во било каков форум, бидејќи имав голема потреба да разговарам со мој човек, човек од доверба. Но, сами знаете, сезона на одмори, па 'моите луѓе' се надвор од државата. А јас се наоѓав пред експлодирање, па морав негде да се искажам и сметам дека не погршив.
Не велам дека само јас имам проблеми; нормално тие се дел од животот на секој човек, и на најздравиот, и најпаметниот, и најбогатиот, и уште 100 - нај... иако понекогаш ни се чини дека нашите се најголеми и дека нема излез. Еве ќе ги посочам моите најдобри другарки и другарите, кога ќе ги споменат тие семејни собири, викенди, родендени, ручеци и што уште не, па кога раскажуваат дека забораваат на времето зборувајќи со нивните родители, за било што...си велев, што сум јас, изрод? Во мене ли е проблемот? Каква е таа заедница (моето семејство) во која е толку тешко да се воспостави било каква комуникација?
Да напоменам дека повеќето од моите најдобри пријатели се дел од семејства со прилично големи приходи, приватни бизниси, викендички, следат најнова мода итн. Но тоа воопшто не го менува нашиот однос, прво, бидејќи за никој од нив не е карактеристична вообразеноста што не ретко се јавува кај луѓе чиј што џеб тежи повеќе, и второ, затоа што кај мене не постои љубомората поради тоа што тие имаат повеќе од мене. Напротив, на некој начин тоа ме мотивира дека, нели, еден ден ќе можам да си дозволам многу повеќе благодарение на мојот труд, работа и така натаму и наваму. Бидејќи живеам во мало место чие име не е важно, важно е дека е град, но ние го викаме село; има само 3-4 места за излегување, и заедно излегуваме, значи не постои таа 'поделба', дека тој што има повеќе излегува во тој клуб или обратно. Единствено им недостигам (и тие мене!) на екскурзии и на годишни одмори, и на било какви престојувања надвор од градот на подолго време.
Форсирање од моите родители за моите училишни обврски не постоело никогаш. Најверојатно затоа што на време ги извршував сите обврски, без никаков притисок.
Или подобро кажано, можеби самата си создавав некаков притисок, дека морам да го направам тоа најдобро што можам.
Или можеби вистината, сакав да бидат горди на мене.
Нормално, така и беше. Со задоволство мајка ми присуствуваше на родителските средби.
А јас бев задоволна затоа што тие беа задоволни.
И денес сум иста, среќна ако и другите околу мене се среќни. Во спротивно правам се што е во моја моќ за да го направам несреќниот среќен, бидејќи не ретко во мене ја барам причината за таквата состојба (иако најчесто несреќата на несреќниот нема никаква врска со мене).
Мојата срамежливост... да таа избиваше на површина речиси секогаш, посебно кога ме фалеа, иако знаев дека тие зборови или награди, било што, ми се заслужени. Едноставно мразев да бидам во центарот на вниманието, сите погледи да бидат свртени во мене - самата помисла на тоа го забрзуваше ритамот на моето срце и се манифестираше на моето лице.
Е сега за моето хоби; да, тоа би можело да биде велосипед, ролери, книги, цртање и што уште не...
Гитара и фотографирање.
Цел живот ќе бидам благодарна што моите баба и дедо му купиле на татко ми гитара. Научил да ја свири, не којзнае како, но за пијанки со друштво доволно. Лето 2009 се јави желбата кај мене да научам да свирам. Мислев дека ќе ми биде полесно бидејќи тој знае(л) и дека ќе може да ми ги каже барем основните работи.
Ми кажа неколку акорди, оние на кои се сеќавал, бидејќи со години не ја фатил гитарата во раце.
Толку.
Ми ја остави гитарата и ми кажа - еве ти, свири.
И го гледав како излегува од собата.
И уште половина час седев и гледав како теле во шарена врата.
И наредната недела поминував часови и часови во бесплатниот интернет за да видам што е целата работа со гитарата, бидејќи за приватни часови не ни можев да помислам, а татко ми некако не беше расположен да ми помогне.
И ги научив акордите. Ако некој од вас свире(л) гитара знае која е болката на разранетите прсти и огромното задоволство што следува потоа.
Во меѓувреме само ме прашуваше како оде, му одговарав добро е... и еднаш ме слушна како свирам.
И добив едно 'браво' од него. И едно прашање зошто не пеам дури свирам, а јас сеуште не можев да ги усогласам двете работи.
И повторно бев единствена во друштвото што свиреше на било каков инструмент, па пак бев таму, во центарот, на моето не толку омилено место...но само на почетокот. Потоа веќе атмосферата беше на ниво и на крај одлично си поминувавме.
Но знаете, кинење на жица, купување нова, повторно и повторно, па требаат пари, па парите ги нема...
И еве веќе скоро година не свирам.
Што се однесува до фотографирањето, немам некоја слина сторија, само ќе наведам дека бев пресреќна кога ми купија телефон со таканаречена камера. И сликав се и сешто, бидејќи од мала кај мене постоеше желба за фотографирање.
И како минуваше времето, во фотографијата гледав се поголема уметност.
Денес гледам нешто што ни најголемиот литерат не може да го опише со зборови.
Ако го занемарам фактот дека немам можност за студии за фотографирање, ниту за поквалитетен фотоапарат, тогаш со задоволство ќе кажам дека сакам професионално да се занимавам со фотографирање.
Накратко и за мојата сестра; да, ја имам, но и со неа комуникацијата не ни е на ниво, бидејќи таа е прилично нервозна и агресивна личност, која на секој втор збор го повишува тонот. А јас сакам човечки да се седне и да се разговара. И таа многу поинаку го сфаќа тоа што јас си го ставам на душа сите овие години. Нашите карактери се сосема спротивни.
И уште збор-два за моето заљубено срце нели; не, типот воопшто не се занесува, напротив, секогаш сум имала поддршка од него и често ми вели да не се нервирам и да не си ставам се на душа или барем да пробам...
Ама не ми оди бе луѓе.. и ова е всушност мојот најголем проблем...
--- надополнето: Jul 21, 2011 4:21 PM ---

Tи благодарам на твоето мислење и на твојот совет за факултетот. Но воопшто не ги сакам општествените науки и знам дека што и да студрам ќе биде поврзано со математика. А нема сомнеж дека мојот ограничен излез има и тоа како голем удел во мојата десоцијализација.
А за вториот пасус од твојот пост, има голема вистина, и токму тоа е она што би сакала да го променам кај себе.
Нема да го повторувам тоа што Fallen ти го кажа туку ќе се задржам на некои други моменти.

Ако веќе сакаш со некого да разговараш најди психолог зашто мислам психијатар не ти треба.

Ти имаш прекрасни пријатели кои те дружат иако имаат повеќе пари од тебе и дечко што те подржува. Со тоа имаш мн повеќе од мнозинствово што јас ги познавам затоа што најчесто немаме такви другари а уште помалку сме нашле сродна душа. Цени го тоа што го имаш зашто има многу кои ниту имаат добри родители, ниту пријатели а уште помалку дечко/женска што ги сака така да почни малку да ја гледаш твојата ситуација и од друг агол.

Жици на гитара освен ако не свириш ептен крвнички се кинат неколку во цела година и не сфаќам како тоа нема пари за една жица да се купи? Па од другар да позајмиш ќе можеш да си земеш жица, баш ми е чудно ова зашто треба за леб да немате па да нема за жица ако стварно имаш желба. Ако сепак грешам игнорирај го напишаново.

Срамот е нешто што можеш сама и одма да го победиш и тука муабет со другарка која нема комплекси и срам или психолог може многу да ти помогне. Срамот ти е само во главата и те кочи непотребно во животот, посвети се и земи време и напор да го совладаш и да постигнеш да можеш да стоиш пред 100 луѓе, сите да ти аплаудираат а тебе да ти биде баш ок. Тоа може да се постигне со вежба и потруди се повеќе да се информираш околу ова.

За факултетот има многу кои не се запишале каде сакаат па не се жалат туку бараат алтернативно решение, барај и ти. Аплицирај за стипендија во странство, Канада или некоја друга земја или запиши се тука па префрли се следната година на твојот факс.

Велиш пусти пари, па вработи се девојче нема да земаш многу ама ќе имаш за џепарец и за жици и за искачање а ако си способна и комуникативна може да најдеш и пофина работа. Само не седи дома и да тажиш, биди активна и користи ја помошта и подршката на пријателите и дечкото додека ги имаш зашто немаш гаранција дела вечно ќе бидат со тебе.

Може бев малку погруб него што треба но со најдобра намера.
 
Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.046
Поени од реакции
547
Значи вака не знам како да почнам ...ама чувствувам некако како јас да не сум јас .. Значи се скарав со женската и оттогаш паднав во депресија и се околу мене е некако темно.. Ги правам истите работи спортувам ама темно ми е.. Имам Главоболки не можам на сонце сега Светлината како да не е иста ко мрачно ми се гледа темно ко ке седнам на комп ми се сменват боите некако ми се стемнува не знам се гледам лошо..ПОМОШ !!
 
S

smexy

Гостин
Pull the trigger.Женска е брат.Ако сте се скарале ондак не е таа,таа.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Значи вака не знам како да почнам ...ама чувствувам некако како јас да не сум јас .. Значи се скарав со женската и оттогаш паднав во депресија и се околу мене е некако темно.. Ги правам истите работи спортувам ама темно ми е.. Имам Главоболки не можам на сонце сега Светлината како да не е иста ко мрачно ми се гледа темно ко ке седнам на комп ми се сменват боите некако ми се стемнува не знам се гледам лошо..ПОМОШ !!
Не се секирај 99% главоболката ти е од стрес. Тој другиот еден процен го оставам во случај да си хипохондрик. Смири нерви и ќе ти помине. Ако не ја бива работата појди до лекар, ќе ти дадат нешто за смирување, макар што мислам дека можеш и без тоа да ја баталиш главоболката.
 
DAFFY DUCK

Перфекционист
Член од
20 јуни 2009
Мислења
34
Поени од реакции
16
Значи вака не знам како да почнам ...ама чувствувам некако како јас да не сум јас .. Значи се скарав со женската и оттогаш паднав во депресија и се околу мене е некако темно.. Ги правам истите работи спортувам ама темно ми е.. Имам Главоболки не можам на сонце сега Светлината како да не е иста ко мрачно ми се гледа темно ко ке седнам на комп ми се сменват боите некако ми се стемнува не знам се гледам лошо..ПОМОШ !!
Другар според мојата pick up филозофија, најлесен начин тоа да го пребродиш е да си најдеш нова женска, не мора за нешто озбилно, може и привремено... сум имал и јас такви моменти па верви ме дека тоа е најдобро чаре, магичните зборови се: NEXT :)
 
С

Сатори

Гостин
Па.. да почнам од почеток.
Дека немам проблем, не би рекла. Бидејќи ако беше така воопшто немаше ни да барам помош на форум. Како и што го започнав мојот прв пост, ова ми е прво членство во било каков форум, бидејќи имав голема потреба да разговарам со мој човек, човек од доверба. Но, сами знаете, сезона на одмори, па 'моите луѓе' се надвор од државата. А јас се наоѓав пред експлодирање, па морав негде да се искажам и сметам дека не погршив.
Не велам дека само јас имам проблеми; нормално тие се дел од животот на секој човек, и на најздравиот, и најпаметниот, и најбогатиот, и уште 100 - нај... иако понекогаш ни се чини дека нашите се најголеми и дека нема излез. Еве ќе ги посочам моите најдобри другарки и другарите, кога ќе ги споменат тие семејни собири, викенди, родендени, ручеци и што уште не, па кога раскажуваат дека забораваат на времето зборувајќи со нивните родители, за било што...си велев, што сум јас, изрод? Во мене ли е проблемот? Каква е таа заедница (моето семејство) во која е толку тешко да се воспостави било каква комуникација?
Да напоменам дека повеќето од моите најдобри пријатели се дел од семејства со прилично големи приходи, приватни бизниси, викендички, следат најнова мода итн. Но тоа воопшто не го менува нашиот однос, прво, бидејќи за никој од нив не е карактеристична вообразеноста што не ретко се јавува кај луѓе чиј што џеб тежи повеќе, и второ, затоа што кај мене не постои љубомората поради тоа што тие имаат повеќе од мене. Напротив, на некој начин тоа ме мотивира дека, нели, еден ден ќе можам да си дозволам многу повеќе благодарение на мојот труд, работа и така натаму и наваму. Бидејќи живеам во мало место чие име не е важно, важно е дека е град, но ние го викаме село; има само 3-4 места за излегување, и заедно излегуваме, значи не постои таа 'поделба', дека тој што има повеќе излегува во тој клуб или обратно. Единствено им недостигам (и тие мене!) на екскурзии и на годишни одмори, и на било какви престојувања надвор од градот на подолго време.
Форсирање од моите родители за моите училишни обврски не постоело никогаш. Најверојатно затоа што на време ги извршував сите обврски, без никаков притисок.
Или подобро кажано, можеби самата си создавав некаков притисок, дека морам да го направам тоа најдобро што можам.
Или можеби вистината, сакав да бидат горди на мене.
Нормално, така и беше. Со задоволство мајка ми присуствуваше на родителските средби.
А јас бев задоволна затоа што тие беа задоволни.
И денес сум иста, среќна ако и другите околу мене се среќни. Во спротивно правам се што е во моја моќ за да го направам несреќниот среќен, бидејќи не ретко во мене ја барам причината за таквата состојба (иако најчесто несреќата на несреќниот нема никаква врска со мене).
Мојата срамежливост... да таа избиваше на површина речиси секогаш, посебно кога ме фалеа, иако знаев дека тие зборови или награди, било што, ми се заслужени. Едноставно мразев да бидам во центарот на вниманието, сите погледи да бидат свртени во мене - самата помисла на тоа го забрзуваше ритамот на моето срце и се манифестираше на моето лице.
Е сега за моето хоби; да, тоа би можело да биде велосипед, ролери, книги, цртање и што уште не...
Гитара и фотографирање.
Цел живот ќе бидам благодарна што моите баба и дедо му купиле на татко ми гитара. Научил да ја свири, не којзнае како, но за пијанки со друштво доволно. Лето 2009 се јави желбата кај мене да научам да свирам. Мислев дека ќе ми биде полесно бидејќи тој знае(л) и дека ќе може да ми ги каже барем основните работи.
Ми кажа неколку акорди, оние на кои се сеќавал, бидејќи со години не ја фатил гитарата во раце.
Толку.
Ми ја остави гитарата и ми кажа - еве ти, свири.
И го гледав како излегува од собата.
И уште половина час седев и гледав како теле во шарена врата.
И наредната недела поминував часови и часови во бесплатниот интернет за да видам што е целата работа со гитарата, бидејќи за приватни часови не ни можев да помислам, а татко ми некако не беше расположен да ми помогне.
И ги научив акордите. Ако некој од вас свире(л) гитара знае која е болката на разранетите прсти и огромното задоволство што следува потоа.
Во меѓувреме само ме прашуваше како оде, му одговарав добро е... и еднаш ме слушна како свирам.
И добив едно 'браво' од него. И едно прашање зошто не пеам дури свирам, а јас сеуште не можев да ги усогласам двете работи.
И повторно бев единствена во друштвото што свиреше на било каков инструмент, па пак бев таму, во центарот, на моето не толку омилено место...но само на почетокот. Потоа веќе атмосферата беше на ниво и на крај одлично си поминувавме.
Но знаете, кинење на жица, купување нова, повторно и повторно, па требаат пари, па парите ги нема...
И еве веќе скоро година не свирам.
Што се однесува до фотографирањето, немам некоја слина сторија, само ќе наведам дека бев пресреќна кога ми купија телефон со таканаречена камера. И сликав се и сешто, бидејќи од мала кај мене постоеше желба за фотографирање.
И како минуваше времето, во фотографијата гледав се поголема уметност.
Денес гледам нешто што ни најголемиот литерат не може да го опише со зборови.
Ако го занемарам фактот дека немам можност за студии за фотографирање, ниту за поквалитетен фотоапарат, тогаш со задоволство ќе кажам дека сакам професионално да се занимавам со фотографирање.
Накратко и за мојата сестра; да, ја имам, но и со неа комуникацијата не ни е на ниво, бидејќи таа е прилично нервозна и агресивна личност, која на секој втор збор го повишува тонот. А јас сакам човечки да се седне и да се разговара. И таа многу поинаку го сфаќа тоа што јас си го ставам на душа сите овие години. Нашите карактери се сосема спротивни.
И уште збор-два за моето заљубено срце нели; не, типот воопшто не се занесува, напротив, секогаш сум имала поддршка од него и често ми вели да не се нервирам и да не си ставам се на душа или барем да пробам...
Ама не ми оди бе луѓе.. и ова е всушност мојот најголем проблем...
Ова е твојот проблем?Сериозно?
Не, јас не мислам дека ти треба психолог, или психијатар или било што друго него еден добар ладен туш и малку подолго гледање во огледало.Супер е тоа што си претпоставувам тинејџерка, никој не те разбира, бла бла, не знаеш што сакаш и светот не е создаден за да им одговара на твоите потреби, ама девојче бе, сериозно?
Само што го опиша животот на 90% од светската популација на твои години.Тоа не се проблеми, тоа е живот.So deal with it!

(бришете ме ако сакате...)
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ова е твојот проблем?Сериозно?
Не, јас не мислам дека ти треба психолог, или психијатар или било што друго него еден добар ладен туш и малку подолго гледање во огледало.Супер е тоа што си претпоставувам тинејџерка, никој не те разбира, бла бла, не знаеш што сакаш и светот не е создаден за да им одговара на твоите потреби, ама девојче бе, сериозно?
Само што го опиша животот на 90% од светската популација на твои години.Тоа не се проблеми, тоа е живот.So deal with it!

(бришете ме ако сакате...)
Дислајк.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Види, лаконизмот не ти е одраз на тоа дека си мрзлив.
Тоа оти сакаше да напишеш дека: "Преку таквиот начин на изразување во однос на проблем кој од перспектива на тинејџер изгледа како вистински релевантен, одејќи по фактот дека сите ние сме поминале низ такви фази, некои со последици, некои со конци, само укажува дека се работи за бегање од минатото во кое малите работи за еден искован, возрасен човек биле сизифово бреме за некалемениот и лесно кршлив randomnumberTEEN", не значи дека така и ќе го разберат. Концизноста ти е на место и е сосем во ред, ама ете јас, бидувајќи перфекционист во полето на изразувањето, ги одделувам за нијанса концизноста и прецизноста, во име на релативната јасност на напишаното.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.182
Поени од реакции
84.046

Кога више збориме за перфекционизам (некои ставаат: = со цепидлачење), не викам дека ни ја по некад не сум таков.
Елем, не ми е баш јасно што сакаш да кажеш со последната реченица. Ако сакаш појасни.

Концизноста и прецизноста според мене се доволно јасно различни една од друга. Нема потреба да ги одделуваш со нијанса. У старт тие не се заедно (исто). Или можеби ја сум сфатил погрешно, а ти всушност си сакал да кажеш дека (како модератор) и даваш мала предност (нијанса) на прецизноста, во функција на релативната јасност на напишаното?
 
Најмногу боли да цепидлачиш за цепидлачењето во дистинктивноста на поимањето одредени кованки од literal луцидност. Самоутепуење :)
Инаку, твојата последна реченица ти е, на некој начин, одговорот. Битна е поентата и субпоентата, едната како надоврзување на лаконскиот пост на пријателот, другата како наменска за таргет групата.
Итака.
Назад на тема. Heal thy wounds folks.
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Дали проблемоФ е за тука? Ке си видите
Претерано седам на е*аниот фејсбук и на форумов. Океј е да седиш ама претерано?!
Сакам да се откажам-поготово од фејсбук.
И немојте да ми викате-деактивирај го профилот! Не иде тоа....сакам имам фб ама да можам да се контролирам :/

f1 f1 f1 f1
 
Kajgana Shop

На врв Bottom