Си има измислено игра - си зема крокс папуча, си ја полни со тениско топче (вчера ја наполни дури со две), ја зема во муцето и весело си ја трча низ куќа.
Обеќав дека ќе го сликам....треба име да му дадам уште. Ми се плетка по нозе уште во 7 саат кога поаѓам за накај работа...диво е, ама додека има за мене леб ќе има и за него
Сум слушнал дека е среќа мачка да ти се всели доброволно...ова беше од прва, само дојде да го галам....што е реткост колку што сум имал прилика да видам во животов.
Не се мои, на роднини се ми ја испратија сликата, ама баш ми се интересни по што ретко да се погодуваат па да ја споделам.
Овие се најверни другари, мачето цица од кучето, а за спиење кучето спие надвор, а мачето во неговата куќичка.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.