Кајгана миленичиња

Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
100_6274 (Medium).JPG
Лигааааа!!!! :cenzura:
--- надополнето: 7 јануари 2014 во 21:42 ---
Запознајте го Ото, мојот нов шизик и новогодишен подарок:love:
 

Attachments

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Извесно време чував едно мешанче. Феликс се вика.

Месец дена беше кога го најдов. Си го земав дома и ги изненадив моите дома. Го засакаа, но во стан големо куче не биваше, па сега живее во една поголема куќа. Си трча во дворот таму.:D

Еве го буден.

Ми недостасува, но знам дека е во добри раце!
(мачката ќе ја објавам, ако успеам да ја сликнам)
 
P

parvati

Гостин
Еи Кајгано
Обеќа ти дека ке ти га покажу мое фторо милениче,прво ми е Чаки нели знаеш га лудо папагалче.Чаки е главан у куќу, не се плаши од куче, на главу му стои и га апе,Чаки е алфа курназ
А овој е Марко, мешана лингурска џукела,лудак од мало кученце, еде како ненормално, сфе еде.Мама га земала од негде, вика тј поглед наиван и тужан ме натера да га зему
Мноо збору нели, еве гу слика...
photo0520.jpg
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.443
Поени од реакции
5.931

Сакам да ве запознаам со Марче Рамко Марио и Сатан(така јас го викам)
Овде е завиткан во на татко ми џемперот
Ќе ви покажам и други фотографии но една по една :D

Ете зашто го викам Сатан:DЕте ја мојата рака во позадина
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613
Подфорум: Животни е едно од местата на форумов кое не знам зошто, ама го имам занемарено. А голем љубител на животни сум. Еве, како за почеток, да ве запознаам со моето мало животинско царство:

* Куче #1 - Ранго - пекинезер, мажјак, не знам колку години стар зошто не го чуваме од мал - го најдовме и го прибравме. Некој го оставил на улица, веројатно кога сфатил дека има деформитет. :'(
* Куче #2 - Видра - пит бул, женка, година и пет месеци стара. Таа и не е баш моја лична сопственост, но бидејќи и јас сум еден од тие кои се грижат за неа, и си ја сакам, ја сметам за своја.
* Мачки - 3. Мајката, Мони стара скоро две години, и двете први нејзини чеда, машко (Мики) и женско (Мини), кои сега не си ги сака и ги тепа, стари 10 месеци.
* Папагали - 2 тигрици - женка (Рина) и мажјак. Женката е 4 години стара и веќе има сменето неколку партнери. Последниов го купивме пред неколку недели. Нема уште име. Се надевам дека ќе потрае.
* Желка - Лили - 5 години стара. Должината на оклопот и е 13 cm, а кога ја купивме беше џуџе (сте ги виделе колкави се желчињата што ги продаваат по пет шоповите - макс. 3 cm. оклоп)
* Аквариумски рипки - Гупи, Ксифо (меѓу кои и еден куп малечки), Моли, Велифера, Кардинал тетри, Кери тетри, Арлекин разбори, Анциструси. Тоа е се што имам сега. Нормално дека немаат имиња - кој би им ги запомнил?

Ветувам дека ќе ви ги покажам и на слика наскоро, секако, ако сакате да ги видите.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613
Еве ги:

Ранго



пак Ранго:



и Ранго како си мисли дека е птица:



Видра кога беше помалечка:



и пак Видра.



Мони пред да стане мајка:



и Мони денес:



Мики:



и Мими:


--- надополнето: 13 февруари 2014 во 15:31 ---
Еве ги Рина (лево) и новиот мажјак - ќе се вика Врап (десно). Сега во кафез - внатре. Да дојде de facto пролет, и ќе ги пренесеме во нивното живеалиште надвор.



а ова се Рина и стариот мажјак - Рики, кој мистериозно исчезна еден ден. Овде се во надворешното живеалиште.



Еве ја Лили и нејзиниот развој, од бебе:



па овде малку порасната, во поголем акватерариум:



овде е Лили во пубертет, се сонча на плажа.



и возрасната Лили - денес, пет години откако ја купивме:



и уште еднаш - овде малце исплашена, се крие:



И за крај - рипките:



Следниот пат - се надевам побројни! ;) Ми недостасуваат уште игуана, зајаци, хрчак и морско прасе.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom