Кајгана книга!

Статус
Затворена за нови мислења.

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Идејата на Викторгг е најдобра зошто на тој начин сите текстови ќе може да бидат прочитани и бодувани од форумџиите. Сега има премногу текстови и не можи сите да се прочитаат и запамтат па да се оцени. Нема потреба да се форсира ништо, можи да се отвори и анкета после секоја завршена тема и да се гласа за напишаните текстови, првите 3 пример, нека се 2 или како било, ќе бидат избрани.

Тие што сметаат дека имаат нешто квалитетно напишано порано, можи некако да го приспособат на новите теми, за да не им „пропадни“ трудот условно кажано.
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
океееј, Виктољ најубо така, а другите шо прашаја ако имале неубави. Ахем...ние баш нив немаТ на пример да ги одбираме, за то ќе се договараме/те.
 

Bush(av)

Aut inveniam viam aut faciam.
Член од
30 април 2007
Мислења
758
Поени од реакции
7
Океј, ја дури сеа ја глеам темава...

Јас сметам дека би можеле да се заангажираме и да дадеме рок, форумџиски. Оние текстови кои од сега натаму ќе одат да бидат главни за она кое го спремаме. Сметам дека Зададена е многу попаметна опција бидејќи на прозни искри ретко се пишува.
На пример, имаме рок од 6 месеци. Секоја тема во просек се менува на 5-6 дена. Од секоја тема форумџиите можат тука, да го објават својот фаворит. Евиденција лесно се води, а некој може да се пријави да ја води таа статистика. По 6 месеци ќе има безброј текстови. Плус ако ни е малку, можеме од минатите текстови да додадеме она што секој форумџија ќе го смета за најдобро. Флексибилни сме ние нели :wink:

Значи, мојот предлог (за да не остане на предлог), јас би го вложил веднаш на сила, со тоа што од следната тема која ќе биде денес, да се одбира по еден текст натаму. Ако се сложувате одиме, ако не темата функционира како и да е... Бива?
:cuc::cuc::cuc:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Многу време ќе помине вака додека ја реализираме идејата, а се согласувам со Димитар дека има премногу добри текстови напишани. Можеме да избереме нешто од тоа.
Дајте предлози. :)
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Ама сепак да не е претерано од еден член 7247854 текста. :) Туку како и да е, за мене една книга чувајте :icon_lol:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Ама сепак да не е претерано од еден член 7247854 текста. :) Туку како и да е, за мене една книга чувајте :icon_lol:
Па никој не рече од еден член 7247854 текстови.
Нормално тие што пишувале поактивно на темата заслужуваат да најдат свој текст.
А квалитет има многу! И повеќе од тоа. :)
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Има навистина убави текстови и претходно, не би требало да ги исклучите.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Чекајте да се замешам тука, иако не сум баш најредовна на овој подфорум.
Мој предлог е следново.
Неколку поистакнати и поредовни пишувачи да седнат и да се договорат меѓусебно како сето ова да го организираат. Нека земат текстови од цела тема, нека биде и поголема книгата, што да не ... не мислите ваљда лектира од 30 страни да правите со толкав труд. Вака со упаѓања на сите членови, со милион различни предлози, уште 30 години нема да се договорите за ништо.
Еве може тоа да го направат Виктор, Форчн, Боби, Ада, Бада Бинг и ВокерГрл. Имаат способност да препознаат добар текст за во книга, со оглед на тоа што знаат како да напишат еден таков добар (без навреда кон другите одлични писатели/ки, но мора некој да се оддели), па нема зошто некој да не се сложи.
Нека одбираат на некој заеднички договорен начин текстови, и кога ќе мислат дека одбрале доволно за една книга, ќе најдеме и без Свидн како да ја отпечатиме истата.
Форчн ќе е лекторот на крај, јас ќе ја искуцам цела книга и ќе ја предадам на штампање кај трета личност.
Ќе помине ова одлично и без финансиски уцени, со желба, слога и труд.

Се надевам дека е добар предлогов, па ако го прифаќате, нека се затвори темава да не се трупа со предлози кои се повеќе збунуваат и нека се работи на случајот.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Ако ве подберам сите, ќе видите убаво:pos:

Се сложувам со Дивајн.
6 страни темава, а до ниедно решение. На секоја страна се дискутира за предлози како да се бираат текстови, но никако да се дојде до едно решение. Еден не прифаќа некој предлог, друг прифаќајќи го дава текстови и хаос се прави, трет уценува и понижува...

Ајде, да си размениме мсн ние 6 души. Побрзо ќе се започне со целава работа ако не договараат 20 луѓе. Имам идеи, ќе дадат предлози и другиве, ќе најдеме заеднички јазик. Потоа ќе пишеме известување за начинот, може и текстовите како што ќе ги бираме во посебна тема да ги складираме. Муабетот ми е дека ќе бидете сите во тек.
И најважно - нема да го има она: „Дај овој да не го ставаме, многу текстови ќе испаднат“. Ако треба и сите ќе ги отпечатиме, бројката не е важна!

Јас мислам дека само од ада немам мсн. Вокер, одамна не сум те видела онлајн. Или сме се избришале или не се препознаваме кои сме во листата:pos:
Чекам пп од двеве госпоѓици.

Имаме мнооооогу текстови, имаме дактилограф :)pos: ), имаме поправач на грешки, имаме трета личност за штампање, имаме одлични фотошоп-мајстори кои ќе го направат изгледот на корицата.

Идејава за книга е супер, треба да се реализира, да се фатиме за работа!
 
Член од
1 септември 2008
Мислења
768
Поени од реакции
18
Da izdademe poezija

Gledam deka interesot za pisuvanje kaj kajgandziiite e dosta golem, so malku trud i zaednicki finansii toa moze da bide edna ubava kniga so poezija. Veruvam deka ovde ima narod sto moze da pridonese mnogu okolu ova prasanje pa sakam da vidam mislenje na ostanatite.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
кај нас етаблираните поети се оние кои пишуваат ептен збркана поезија бидејќи на нив збркано им е во главата, сосема спротивно е во Турција, таму се пишува јасна разирлива и наративна поезија и денес таму многу се чита поезија што е блиска до луѓето, второ кај нас не се читаат домашни автори, туку се смета дека се што е странско е подобро што не мора да значи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom