Напишано од Acid
Ние мажите можеби сме робови на на нашите ситни, банални уживања - деколтеа, добра забава, фудбал, меѓутоа за да ја преболиме раскинатата врска, ни треба нешто повеќе од див провод во град со другарите и луд секс за една вечер.
Можеби не верувате, меѓутоа раскинувањето и нас не боли!
Нормално, можеби одма ќе почнеме да излегуваме и да се гушкаме со новата девојка, но тоа е поради фактот што на сексуалните апетити
не влијае нашето скршено срце, а не поради тоа што сме спремни за нова врска.
Кога ќе го осетиме повторно вашиот мирис на постелата, или кога ќе се сетиме на чуството кое не обземало кога сме се гушкале во кревет... да, ни недостасувате многу.
Само, не очекувајте од нас тоа да ви го покажеме!
Затоа без генерализации од типот „мажите се поневерни“, „жените се курви“, „мажите потешко се вљубуваат“ и слично - сето тоа е индивидуална работа. Мажите ги искажуваат чувствата на поинаков начин, а тоа не значи дека сме поинакви од жените.