И бидете малце креативни кога гласате. Може да кажете: зошто, како, што...
Јас, во првиот дуел гасам за Fringe: тоа е најдобрата серија со лоша глума која ја имам гледано во животов. Колку само фејспалмови имав лупнато зашто Ана Торв ни на живо се смееше, ни на мртво плачеше, ама пак уживав во секоја епизода. Тоа е серија која одбележа еден период од мојот живот кој никогаш нема да го заборавам, исто така. Killing Eve ја немам гледано, за жал, ама еве, неколкуте гласа тука ме мотивираа да ја ѕирнам.
Втор дуел: Dexter ја почнав тогаш кога беше најголем хит и сите зборуваа за неа. Изгледав само 10 епизоди (првата сезона) и ја прекинав. Едноставно не беше my cup of tea. Ме нервираше внатрешниот монолог на Декстер (актерот, btw, го обожувам, уште од Six Feet Under), ми сметаа крвиштата, и не можев да ја продолжам. Затоа, во овој дуел ќе гласам за The Witcher, се надевам ќе излезе уште една култна серија од неа!