Толку е дечки, финито! Го затвораме предложувањето. Точно 50 членови на форумов гласаа и на листата ставија вкупно 246 серии! Од нив: 41 се ситкоми и 1 документарна - како што рековме, тие се дисквалификувани, ќе учествуваат подоцна во друга листа. 2 серии добија бодови, но подоцна членовите кои гласале за нив се премислија, па така останаа на листата со 0 бодови.
Останатите 202 серии се борат за место во топ 100, а само првите 64 влегуваат во дуелите и ќе се борат за место што повисоко на табелата.
Почнуваме со првите 2 дуели вечер во 21:00 часот (во првиот круг дуели ќе одиме со по 2 дуели на ден), а до тогаш ќе отворам нова тема во која ќе одбројуваме од 100 место кон 1 место. Првите 36 серии се веќе рангирани и нив ќе може да ги видите, step by step, веднаш. Ви благодарам на сите за гласањето, дуелите продолжуваат во истата оваа тема од вечер, кога ќе ви појаснам уште некои детали.